Вестерн унион
Вестерн унион (англиски: Western Union) — американска компанија која обезбедува финансиски и комуникациски услуги. Компанијата има повеќе од 160-годишна историја, повеќе од 500.000 агенти, со локации во повеќе од 200 земји и територии. Основана е во 1851 година во Њујорк и Мисисипи како компанија за печатење телеграфи, додека денес таа е развиена со многу иновативни услуги, како премостување на празнини во секторот на финансиските услуги. Вестерн унион ги врши следниве услуги:
- испраќање и примање на пари;
- при-пејд услуги и парични налози (money orders);
- плаќање на сметки; и други
- бизнис решенија;
Испраќање и примање на пари
уредиБез разлика дали клиентите се во САД, Африка или во некој друг дел од светот, тие можат да испраќат и примаат пари преку Вестерн унион, и тоа се прави многу лесно, се разбира поради големата мрежа на агенти на Вестерн унион. Во многу земји се обезбедени и други опци за испраќање на пари, како што се он-лајн или по телефон, со помош на кредитна или дебитна картичка. Исто така, кога станува збор за добивање на парите, постојат неколку опции во зависност од локацијата, а тоа се:[1]
- прeстојувалиште на клиентот;
- жиро-сметка;
- при-пејд картички;
- т.н. wallet account - паричник-сметка, порзана со мобилен телефон
При-пејд услуги и парични налози
уредиУслугите трансфер на пари и плаќање на сметките се надополнети со разновидни припејд услуги, вклучувајќи надополнувачки при-пејд картички, телефонски картички и парични налози. При-пејд картичките на клиентите им овозможуваат:
- директен депозит од работодавецот;
- можност да се контролират парите онлајн;
- повлекување на пари од банкомат;
- онлјан купување насекаде каде е прифатена дебитната картичка.
Плаќање на сметките
уредиПлатежната функција на Вестерн унион е многу сигурен начин за клиентите да направат исплати на илјадници приматели, вклучувајќи ги и комуналните услуги, финансии, осигурителни компании и владини тела. Плаќањето може да се изврши со готовина или по електронски пат, било еднократно или периодично. Уплатите може да се извршат во секоја локација на агентите, онлајн или по телефон.
Бизнис решенија
уредиВестерн унион им помага на компаниите да се натпреваруваат на глобално ниво. Со многу меѓународни банкарски односи, со многу збогатено знаење во индустријата и многу прилагодени решенија го прават Вестерн унион да им обезбеди на компаниите многу можности. Како најприлагодени решенија се:[2]
- меѓународни платежни услуги;
- девизни решенија;
- консултации за управување со ризикот;
- платформа за онлајн исплата.
Агенти
уредиСекој ден, компанијата Вестерн унион соработува со повеќе од 500.000 агенти, во повеќе од 200 земји. За да се стане агент на Вестерн унион, треба да се исполнат барањата на компанијата, да се има одобрение од компанијата и да се работи според правилата и законите пропишани во склучениот договор.
Вестерн унион во Македонија
уредиИсторија на Вестерн унион
уредиУслугата на Вестерн унион се нуди во Македонија од септември 1999 година, од страна на „Интернационална финансиска унија“ (ИФУ) како подружница на „Финансиска унија“ од Тирана. Со текот на годините, ИФУ ја проширила мрежата низ целата територија на Македонија. На крајот на 2003 година, ИФУ имала 28 агенции во својата мрежа.
Во август 2004 година, „Унија финансиска Скопје“ (УФС), (формирана во јануари 2004, како наследник на „Интернационална финансиска унија“), се стекнала со лиценца од страна на Народна банка на Република Македонија, како небанкарска финансиска институција која ги нуди услугите на брз трансфер на пари. УФС има договор на застапување на Вестерн унион. Локациите на УФС јасно се обележени со детелинка со пет листови со различна боја.
УФС има воспоставено мрежа во Македонија со повеќе од 200 агенции, во повеќе од 29 градови. Во Македонија постојат неколку типови на агенти на Вестерн унион:
- агенции кои исклучиво се занимаваат со Вестерн унион;
- туристички агенции;
- менувачници;
- банки;
- Македонска пошта.
Најголемиот дел од агенциите на Вестерн унион се комбинација од горенаведените услуги. Сите агенции се позиционирани на многу видливи и соодветни места како на пример: во центар на град, на главна улици и во трговски центри. За да се постигне највисок степен на квалитет и брза услуга, сите агенции на Вестерн унион располагаат со компјутер, факс, фотокопир и друга потребна опрема за вршење на дневни активности. УФС редовно организира обуки за сите оператори во мрежата на Вестерн унион во Македонија.
Провизии кои се наплатуваат при испраќање пари
уредиТабела 1: Провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион[3]
Износ во долари | Провизија во долари | Износ во евра | Провизија во евра |
---|---|---|---|
до 100 | 15 | до 90 | 13,5 |
од 101 до 200 | 22 | од 90,01 до 180 | 20 |
од 201 до 300 | 29 | од 180,01 до 270 | 26,5 |
- | - | од 270,01 до 360 | 32 |
од 301 до 400 | 35 | од 360,01 до 465 | 38 |
од 401 до 500 | 42 | од 465,01 до 665 | 49,5 |
од 501 до 750 | 54 | од 665,01 до 870 | 59,5 |
од 751 до 1000 | 65 | од 870,01 до 1075 | 69 |
од 1001 до 1250 | 76 | од 1075,01 до 1280 | 78 |
од 1251 до 1500 | 85 | од 1280,01 до 1535 | 89 |
од 1501 до 1750 | 98 | од 1535,01 до 1790 | 99,5 |
од 1751 до 2000 | 110 | од 1790,01 до 2050 | 109,5 |
од 2001 до 2250 | 120 | од 2050,01 до 2310 | 119,5 |
од 2251 до 2500 | 130 | од 2310,50 до 2500 | 129,5 |
За секои дополнителни 250 долари, се наплаќа провизија од 10 долари. Исто така, за секои дополнителни 260 евра се плаќа провизија од 10 евра.
Табела 2: Дополнителни провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион
Услуга | Провизија во долари | Услуга | Провизија во евра |
---|---|---|---|
Телефонско јавување | 3 УСД | Телефонско јавување | 2,5 ЕУР |
Порака до 10 збора | 2 УСД | Порака до 10 збора | 1,5 ЕУР |
Секој нареден збор | 0,2 УСД | Секој нареден збор | 0,2 ЕУР |
Табела 3: Провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион во: Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово и Албанија.
Износ во долари | Провизија во долари | Износ во евра | Провизија во евра |
---|---|---|---|
до 130 | 9 | до 100 | 7 |
од 130,01 до 260 | 13 | од 100,01 до 200 | 10 |
од 260,01 до 390 | 16 | од 200,01 до 300 | 12 |
од 390,01 до 650 | 18 | од 300,01 до 500 | 13,50 |
од 650,01 до 1000 | 26 | од 500,01 до 750 | 20 |
од 1000,01 до 1300 | 33 | од 750,01 до 1000 | 25 |
од 1300,01 до 2000 | 39 | од 1000,01 до 1500 | 30 |
од 2000,01 до 2600 | 45 | од 1500,01 до 2000 | 35 |
од 2600,01 до 3200 | 55 | од 2000,01 до 2500 | 42 |
Наводи
уреди- ↑ „Western Union, Consumer-to-Consumer“. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 2015-01-17.
- ↑ „Western Union, Business-to-Business“. Архивирано од изворникот на 2015-03-30. Посетено на 2015-01-19.
- ↑ Комерцијална банка АД Скопје