Вероника Кристијансен

норвешка ракометарка

Вероника Кристијансен (родена на 10 јули 1990 г., во Ставангер) е норвешка ракометарка, лев бек на Ѓер Ауди ЕТО и на норвешката репрезентација.[1]

Вероника Кристијансен
Лични податоци
Роден(а) 10 јули 1990(1990-07-10)(34 г.)
Ставангер, Норвешка
Националност Норвешка Норвешка
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција лев Бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Број 21
Сениорски клубови
2009–2011
2011–2015
2015–2018
2018-
Вајперс Кристиансанд Вајперс Кристиансанд
Гласверкет Гласверкет
Мидтјиланд Мидтјиланд
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Репрезентација
  Норвешка Норвешка 111 (363)

Животопис

уреди

Вероника е постара сестра на Жанет Кристиансен која е исто така ракометарка и во моментов настапува за Вајперс Кристиансанд.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Вероника Кристијансен започнала да игра ракомет во екипата на Мјондален, а потоа продолжила во Реистад. Нејзината следна станица била Вајперс Кристиансанд, со која во сезоната 2009-2010 за првпат настапила во Постлигата, највисоката норвешка женска ракометна лига.[2] Во 2011 година, Кристиансен му се приклучила на норвешкиот второлигаш Гласверкет.[3] Следната сезона Кристиансен постигнала 203 гола и му помогнала на Гласверкет да избори промоција во првата лига.[4] Во сезоната 2013-2014, таа завршила со 140 погодоци заземајќи го второто место на списокот на стрелците во Постлигата.[5]

Во летото 2015 година, таа потпишала договор со данскиот прволигаш Мидтјиланд.[6] Со Мидтјланд, Кристиансен го освоила Купот на Данска 2015 со победа во финалето над Виборг по продолженија со 28-26.[7] Кристиансен постигнала 7 голови во финалето и била најефикасна во својата екипа.[8]

На 12 февруари 2018, Вероника потпишала за европскиот шампион Ѓер Ауди ЕТО придружувајќи им се на својте сонароднички од репрезентацијата на Норвешка Кари Олвик Гримсбо, Кари Братсет, Нора Морк и Стине Бредал Офтедал.[9]

Репрезентативна кариера

уреди

Вероника Кристијансен првично ја претставувала Норвешка во младинските репрезентации играјќи 14 натпревари за репрезентацијата на Норвешка под 18 години и 30 натпревари за репрезентацијата под 20 години. Во 2010 година го освоила Светското првенство за играчи под 20 години.[10]

Во 20 март 2013 година, таа го одиграла својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Норвешка.[11] Со Норвешка, учествувала на Светското првенство 2013, каде што постигнала шест гола во седум натпревари.[12] Во 2014 година, Кристиансен со својата репрезентација го освоила Европското првенство во Унгарија и Хрватска.[13] Една година подоцна таа го освои и Светското првенство. На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро со својата репрезентација го освоила бронзениот медал, но истата година ја освоила Европската титула по вторпат во својата кариера. Во 2017 година го освоила сребрениот медал на Светското првенство во ракомет за жени во Германија.[14]

Титули

уреди

  Мидтјиланд

уреди

  Норвешка

уреди

Наводи

уреди
  1. „EHF profile“. Архивирано од изворникот на 2015-11-15. Посетено на 2018-02-01.
  2. www.handball.no: Topscore Postenligaen Kvinner Vipers Kristiansand (Våg HK) Sesongen 2009/2010, пристапено на 20 декември 2014 година
  3. www.dt.no: Fikk pangstart i seriedebut, пристапено на 20 декември 2014 година
  4. www.handball.no: Topscore 1. divisjon Kvinner Sesongen 2011/2012, пристапено на 20 декември 2014 година
  5. www.handball.no: Topscore Postenligaen kvinner Sesongen 2013/2014, пристапено на 20 декември 2014 година
  6. fcm-haandbold.dk: FCM henter norsk back-profil Архивирано на 3 март 2016 г., пристапено на 30 март 2015 година
  7. FCM vinder kvindernes håndboldpokal i dramatisk finale dr.dk
  8. Santander Cup Dame - KAMPRAPPORT Dansk Håndbold Forbund
  9. „Kristiansen til Györ i sommer sammen med Brattset“ (норвешки). NTB. 2018-08-16. Архивирано од изворникот на 2018-08-16. Посетено на 2018-08-10.
  10. www.vg.no: Verdensmestere i junior-VM i håndball, пристапено на 20 декември 2014 година
  11. „Landslagsprofiler – Veronica Egebakken Kristiansen“ (норвешки). Norwegian Handball Federation. Посетено на 5 December 2013.
  12. Cumulative Statistics Архивирано на 20 април 2016 г., пристапено на 20 декември 2014 година
  13. www.handball.no: Norsk EM-gull, пристапено на 21 декември 2014 година
  14. ihf.info: 23rd Women's World Championship 2017 Архивирано на 20 септември 2018 г., пристапено на 24 декември 2017

Надворешни врски

уреди