Вера Белик
Вера Белик (12 јуни 1921 – 25 август 1944) беше навигатор и гардиски поручник на 46-та Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк каде работи заедно со пилотот Татјана Макарова. Откако нивниот По-2 е соборен од германските сили по завршувањето на бомбардерската мисија, таа посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.[1][2]
Вера Лукијановна Белик Віра Лук'янівна Білик | |
---|---|
Починал | 25 август 1944 близу Остроленка, Полска | (возр. 23)
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1944 |
Чин | Постар поручник |
Единица | 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Ран живот
уредиБелик е родена во Охримовка, Украина на 5 август 1921 во украинско семејство и е најстара од шест деца. Нејзиниот татко е мајстор електричар. Поголемиот дел од нејзиното детство таа живее во Керч, Крим, каде што и завршува средно училиште во 1939 пред да се запише на педагошкиот институт Карл Лиебкнехт во Москва, каде што студира математика.[3][4]
Воена кариера
уредиБелик ѝ се придружува на Црвената армија во октомври 1941 по почетокот на војната и станува активна во мај 1942. Белик е обучувана за навигатор на училиштето за воено воздухопловство Енгелс и по завршувањето на кратките навигациски курсеви што траат три години во време на мир, доделена е на 588-от Ноќен бомбашки воздухопловен полк (подоцна 46-та Гарда) во средината на 1942.[3] Соработува со Татјана Макарова која служи како пилот на По-2 на кој Белик е навигатор. Во декември 1942, полкот е проширен и Белик е унапредена во навигатор на втората ескадрила. Навигатор е во тешки летови над Украина, областа Кубањ во Северен Кавказ, Крим, Белорусија, и Полска. На 1 август 1944, таа и Макарова полетуваат во првата бомбашка мисија над Источна Прусија- првото летало на полкот што лета над германска почва.[4][5]
Ноќта на 25 август 1944, на нејзиниот 813-ти лет, авионот со кој летаат Белик и Макарова е нападнат од германските сили над Остроленка, Полска, убивајќи ги двете. Има вкупно 1287 часа летање од кои 1045 во борба. Во тие 813 лета има фрлено 106 тони експлозив над територија контролирана од непријателот, предизвикувајќи 156 големи експлозии и 143 пожари, уништувајќи два рефлектора, две складишта со муниција, три непријателски премини, три копнени противвоздухопловни топови и преку два непријателски пешадиски вода. За нејзините воени операции номинирана е за титулата Херој на Советскиот Сојуз и истата ја добива посмртно на 23 февруари 1945, на истиот ден кога и нејзиниот пилот Макарова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз.[1][6]
Награди и почести
уредиНагради
- Херој на Советскиот Сојуз[7]
- Орден на Ленин[7]
- Орден на Црвеното Знаме[8]
- Орден на Патриотската Војна Прва класа[9]
- Орден на Црвената ѕвезда[10]
Споменици и посвети
- Советско плико од серијата пликоа во 1981 кога меѓу портретите на луѓе прогласени за херои на Советскиот Сојуз се најдоа и портретите на Белик и Макарова.[11]
- Споменик во Керч, Крим (прикажано на сликата).
- Во лобито на Московскиот државен педагошки институт, каде што таа студирала, има меморијал посветен на неа.[12]
- Во Охримовка, Украина има училиште и улица именувани по Вера Белик.
- Училиштето бр.17 во Керч е преименувано во нејзина чест.[13]
Поврзано
уреди- Список на хероини на Советскиот Сојуз
- Татјана Макарова – нејзин пилот на денот кога се соборени
- Руфина Гашева – друг пилот од полкот; таа преживува соборувања неколкупати
- Поликарпов По-2 – авионот во кој е соборена
- „Ноќни вештерки“ – полкот на Белик
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Sakaida, Henry (2012-04-20). Heroines of the Soviet Union 1941–45 (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 9781780966922.
- ↑ „Из архива Р. Ароновой“. www.bestwriter.ru. Архивирано од изворникот на 2012-12-03. Посетено на 2018-02-19.
- ↑ 3,0 3,1 Pennington, Reina; Higham, Robin (2003). Amazons to fighter pilots : a biographical dictionary of military women / Vol. 1, A-Q. Westport, CT: Greenwood Press. стр. 271. OCLC 773504359.
- ↑ 4,0 4,1 „Белик Вера Лукьяновна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-02-19.
- ↑ Goodpaster Strebe, Amy (2009). Flying for her country : the American and Soviet women military pilots of World War II. Washington, D.C.: Potomac Books. OCLC 762288771.
- ↑ award sheet
- ↑ 7,0 7,1 „Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Орден Красного Знамени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Орден Отечественной войны I степени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Орден Красной Звезды“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ Бендель, П. „Макарова Татьяна Петровна, Белик Вера Лукьяновна на почтовом конверте 1981 года“. filpersona.ru (руски). Посетено на 2018-02-19.
- ↑ „Белик Вера Лукьяновна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-02-19.
- ↑ „Белик Вера“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-02-19.