Плик

(Пренасочено од Плико)

Плик, плико[1] или коверт[2] (француски: couvert) – хартија превиткана и залепена со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл.[3] Тоа е вид амбалажа за пишани пратки.[4] Вообичаено се изработуваат машински, но може и рачно [5], најчесто со виткање и лепење на хартија во облик на ромбоид.[6]

Плик

Историја

уреди

Најстарите зачуван облик на пратка со омот потекнува од Вавилонците (околу 2000 година п.н.е.).[7] Тие своите официјални пораки, за да не се оштетат при транспортот, ги обмотувале со печена глина, така што примачот морал да го скрши омотот за да ја прочита пораката. Во средниот век, рачно напишаните пораки ги обмотувале со хартија, а потоа ги запечатувале со восок. Пликот, каков што денес го познавама, бил создаден со појавата на британската и француската поштенска служба, во 17 век.[6] За појавата на овој изум, покрај организирањето на поштата, влијание имала и замената на пергаментот со обична хартија, а влијание имал и развојот на европската буржоазија.[7]

 
Првата поштенска марка со ликот на кралицата Викторија

Од средниот век има повеќе графички докази за употребата на амбалажа за писмо, а во 1671 година, Антоан де Куртен (француски: Antoine de Courtin) во својот „Нов трактат за граѓанското однесување“ (француски: Nouveau traité de civilité) прв пат споменува како на омотот за писмото е напишана адресата на примачот. На француското собрание (1792) било одлучено секое писмо да ја има напишано адресата на примачот, за да лицето кое ги носи не би морало да ги отвора и проверува кому му е упатена пратката. Уште подоцна, 23 февруари 1920 година, исто така во Франција, било одлучено на сите улици во Париз да им се дадат имиња, а од 1830 година официјално почнало разнесување по куќите.[7]

Во Лондон во 1837 година Роуленд Хил (англиски: Rowland Hill) ја објавил првата брошура за реформите на поштата, во која предложил воведување на единствен омот, кој би служел за плаќање на поштарината. Така, според негова идеја, на 1 мај 1840 година била направена првата поштенска марка, во црна боја, со вредност од едно пени, со за сите познатиот лик на кралицата Викторија, кога имала 18 години. Сметал дека марката така нема да биде фалсификувана. Во употреба била во наредните 60 години, сè додека кралицата била на власт.[7][8]

Формати

уреди
 
Различни стандардни формати на пликови
Таблица на формати на коверти
Ознака за формат Димензии во mm Формат на хартијата
C7 90 x 140 посетници
C6 114 x 162 A4 се витка 2 х = A6
DL 110 x 220 A4 се витка 2 х = 1/3 A4
C6/C5 114 x 229 A4 се витка 2 х = 1/3 A4
C5 162 x 229 A4 се витка 1 х = A5
C4 229 x 324 A4
C3 324 x 458 A3
B6 125 x 176 C6 коверт
B5 176 x 250 C5 коверт
B4 250 x 353 C4 коверт
E4 280 x 400 B4

Форматот C е дефиниран со стандардот ИСО 269. Форматот ДЛ (од англиски: Dimension Lengthwise) не е стандарден. Со нешто поголеми димензии, но доста попрактичен е форматот C6/C5, во кој може да влезат неколку листови со формат A4, свиткан три пута, заради што најчесто се користи за праќање деловна документација.[6]

Освен овие формати, постојат коверти со прозорец, најчесто DL и C5 формат, потоа за авионска пошта, за пакување компакт-дискови (ЦД), за посетници (60 x 95 mm), коверти со воздушни перничиња и други.

Адресирање

уреди

Испраќачот треба писмото да го стави во плик и да го адресира. Заради побрзо оптичко читање на адресата на примачот и поефикасно сортирање на пратките, на адресната страна на пликот, односно на онаа на која не постои прелом и тоа паралелно со подолгата страна на пликот неопходно е да се напише адресата на примачот. На адресната страна се разликуваат 4 подрачја кои служат за:

  • пишување на адресата најмалку 15 mm од десниот и долниот раб, најмалку 40 mm од горниот раб и најмногу 140 mm од десниот раб
  • означување на поштарината и ставање жиг, во висина 40 mm од горниот, 74 mm од десниот раб
  • детекција на адресата, најмногу 15 mm од левиот и десниот раб, 40 mm под горниот раб и 15 mm над долниот раб
  • кодирање, широк 15 mm од долниот раб и долг 140 mm од десниот раб на пратката

Во подрачјето за пишување на адресата на примачот, потребно е да се впишат следните податоци:

  • име и презиме или назив на примачот
  • улица, куќен број, број на влезот, кат, број на стано, село, населба и сл. или поштенски фах со број
  • поштенски број и име на местото (по правило со големи букви)
  • име или скратено име на државата, во случај кога се работи за меѓународна пратка.

Во случај кога се бара и потврда за прием, во горниот лев агол на адресната страна или на опачината на ковертот, потребно е да се напише и адресата на испраќачот.

Наводи

уреди
  1. „плико“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „коверт“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „плик“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „Паковање пошиљака Брза Пошта“. postesrpske.com. Поште Српске. Архивирано од изворникот на 1 јуни 2013. Посетено на 11 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Како направити коверту“. kakonapraviti.net. Како направити. 12 јануари 2013. Посетено на 13 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 Јовановић, Драшко (2006). „Основи офсет штампе“ (ПДФ). mindtegral.com. Београд: Миндинтеграл. стр. 4, 5, 8, 9. Посетено на 11 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Evolución e historia del sobre“. tompla.com (шпански). Tompla. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 11 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. Зефирино Граси, уред. (2008). Оксфорд школска енциклопедија. Београд: Политика а.д. стр. 44–45. ISBN 9788677122003.

Литература

уреди
  • Вујаклија, Милан (1996). Чедомир Мирковић, Милутин Станисавац (уред.). Лексикон страних речи и израза (5.. изд.). Београд: Просвета. стр. 418. ISBN 978-86-07-00621-2.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Зефирино Граси, уред. (2008). Оксфорд школска енциклопедија. Београд: Политика а.д. стр. 44–45. ISBN 9788677122003.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

уреди