Руфина Гашева
Руфина Сергеевна Гашева (руски: Руфина Сергеевна Гашева; 14 октомври 1921 - 1 мај 2012) беше советски пилот за време на Втората светска војна што служи во женскиот 588. Ноќен бомбашки полк. Добитник е на признанието Херој на Советскиот Сојуз. Гашева служи како навигатор на авионот Поликарпов По-2 во полкот. По војната, продолжува да служи во војската и станува предавач по странски јазици на Академијата за воени сили Малиновски пред да се пензионира. Пред пензионирањето, Гашева работи во Бирото за странска воена литература во издавачката куќа Воениздат.
Руфина Гашева Руфина Гашева | |
---|---|
Починал | 1 мај 2012 Москва, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941-1956 |
Чин | Потполковник |
Единица | 46. Гарда на ноќен бомбашки полк |
Битки/војни | Втора светска војна |
Друга дејност | Едукатор |
Ран живот
уредиГашева е родена на 14 октомври 1921 во селото Верхнечусовски Городски во Премски Ујезд, дел од Перм. Наскоро се преселува во селото Василиево. Живее таму до 1927 година. Помеѓу 1927 и 1928 година, живее во селото Касимово во она што е денешна Пермска област. Гашева живее во Перм наредните две години, пред да се пресели во Москва во 1930 година. Во 1939 завршува средно училиште, а до летото 1941 година завршува две години на Московски државен универзитет за механика и математика.[1]
Втора светска војна
уредиГашева волонтира за воена служба во септември 1941 година. Го завршува навигаторскиот курс на училиште за воени пилоти Енгелс во февруари 1942 година. Гашева е распоредена во 588. Ноќен бомбашки полк на Советските воздухопловни сили, што тогаш се формира во Енгелс. Почнува со борбите од мај 1942 година, борејќи се во Битката на Кавказ. Во февруари 1943 полкот станува 46. Гарда на ноќен бомбашки полк. Гашева се бори и во воздухопловните битки во Кубан, Керч-Елтигенската операција, Кримската офанзива, Могиљовската офанзива, Белостокската офанзива, Осовецката офанзива, Млава-Елбингската офанзива, Источна Померанска офанзива и Битката на Берлин. Леталото на Гашева е соборено двапати. Првиот пат, Гашева и нејзиниот пилот стигнуваат до советските линии, но вториот пат излегуваат на минско поле и пилотот Олга Санфирова загинува откако стапнува на мина. Руфина има 848 бомбашки мисии како навигатор на бомберот По-2 и ѝ е доделено признанието Херој на Советскиот Сојуз,[2] а го добива и Орденот на Ленин на 23 февруари 1945. Гашева ја завршува војната со чин на мајор.[1] Се мажи со воениот пилот Михаил Плиатс на фронтот.[3]
По војната
уредиГашева служи во полкот во Северната група на сили до октомври 1945. По војната, Гашева и Плиатс добиваат син, Владимир и ќерка, Марина. Плиатс достигнува чин полковник.[4] Во 1952 година, Гашева дипломира на Воениот институт за странски јазици, станувајќи постар предавач на Одделот за странски јазици при Академијата за воени сили Малиновски. Работи таму до август 1957 година. Трансферирана е во резервата во декември 1956 година со чин на мајор. Од 1961, работи како уредник во Бирото за странска веона литература на издавачката куќа Воениздат. Помеѓу 1967 и 1972 година, Гашева станува постар уредник во Канцеларијата за публикација на воена литература на странски јазици при Министерството за одбрана на СССР. Гашева живее во Москва и добива чин потполковник во 2000 година. Гашева умира на 1 мај 2012 година. Закопана е на Востријаковските гробишта.[1]
Награди
уредиГашева ги добива следниве награди:[1]
- Херој на Советскиот Сојуз
- Орден на Ленин
- Орден на Црвеното Знаме (2)
- Орден на Патриотската Војна прва класа (2)
- Орден на Црвената Ѕвезда (2)
- Медал за Заслуги во Битка
- јубилејни медали
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Руфина Гашева“. Херои на земјата. (руски)
- ↑ Bourne, Merfyn (2013). The Second World War in the Air: The Story of Air Combat in Every Theatre of World War Two (англиски). Kibworth Beauchamp, Leicestershire: Troubador Publishing Ltd. стр. 168. ISBN 9781780884417.
- ↑ Braithwaite, Rodric (2010). Moscow 1941: A City & Its People at War (англиски). London: Profile Books. стр. 112–113, 348. ISBN 1847650627.
- ↑ Kravtsova, Natalya (1968). На горящем самолете [In a Burning Plane] (руски). Moscow: Moskovsky Rabochy. стр. 78–79.