Венче Грујоски
Венче Стојков Грујоски ( 1921 во Долно Добреноец, Кичевско — 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Венче Грујоски | ||
Роден | 1921 година Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Дуго Село, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал услови да се школува, останал земјоделски работник. Како симпатизер на ослободителното движење и напреден младинец, станал член на СКОЈ во 1943 година. Го помагал организирањето на младината, а во 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Струга и Кичево, а потоа заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба со Германците кај Дуго Село во близината на Загреб во април 1945 година.[1]