Рудолф III (војвода на Саксонија-Витенберг)
Рудолф III (германски: Rudolf III, роден во 1373 во Витенберг- починал на 11 јуни 1419) — владетел од династијата Аскани како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1388 до 1419 година.
Рудолф III | |
---|---|
Војвода од Саксонија-Витенберг | |
Изборен кнез на Саксонија | |
Владеење | 1388–1419 |
Претходник | Венцел I |
Наследник | Албрехт III |
Роден(а) | ок. 1373 Витенберг |
Починал(а) | 11 јуни 1419 Бохемија |
Закопан(а) | Витенберг |
Благородно семејство | Аскани |
Сопружник(ци) | Ана Барбара |
Татко | Венцел I |
Мајка | Сесилија |
Рани години
уредиТој бил најстариот син и наследник на Венцел I и на Сесилија.
Управување
уредиПо смртта на неговиот татко, тој го презел во 1388 година управувањето на Саксонија-Витенберг. Долги години Рудолф III бил во конфликт со архиепископот на Магдебург.
Во 1419 година царот Сигизмунд го испратил во Бохемија да го задуши првото востание на хуситите во Прага (Хуситски војни). Тој починал по патот за Бохемија. Се смета дека најверојатно бил отруен. Рудолф бил погребан во палатската црква во Витенберг. Во 19 век бил преместен во црквата на дворецот и за време на Втората светска војна во семејна гробница.
Рудолф III во 1419 година бил наследен од помалиот брат Албрехт III.
Семејство
уредиРудолф III во 1387/1389 година се оженил за Ана од Мајсен.
На 6 март 1396 година се оженил за Барбара со која имала 5 деца:
- Схоластиката
- Рудолф
- Венцел
- Сигмунд
- Барбара
Надворешни врски
уреди- genealogie-mittelalter.de Архивирано на 9 октомври 2007 г.
Рудолф III (војвода на Саксонија-Витенберг) Роден(а): ок. 1373 Починал(а): 11 јуни 1419
| ||
Претходник Венцел I |
Изборен кнез на Саксонија 1388–1419 |
Наследник Албрехт III |