Вело Ѓенков Змејкоски ( 1921 во Кичево1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Вело Змејкоски
Роден 1921 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

По занимање бил столар. Од почетокот на Војната, поточно од 1942 година, како напреден младинец, станал член на СКОЈ, а потоа член на КПМ и одржувал курирски врски на теренот. Во пролетта 1943 година, партиските активности од ќелијата во која членувал ѝ тој, сакајќи да поврзат неколку италијански војници и да ги испратат во Одредот, биле откриени, а Вело преку Карбуница заминал во Лопушник каде се приклучил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции: Пресека, Карбуница и други борби. Во септември 1943 година, со четата на комесарот Мирко Милески заминал на границата на слободната територија-Буковиќ, каде загинал на 1 октомври 1943 година во борбата со Германците и балистите.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 60.