Ведран Ќорлука

хрватски фудбалер

Ведран Ќорлука ((хрватски: Vedran Ćorluka); р. 5 февруари 1986, во Дервента) — хрватски поранешен фудбалер, играч од одбраната.[1] Најчесто настапувал како централен-дефанзивец, иако тој има играно и на други места низ дефанзивна линија, особено како денес бек. Моментално е асистент на селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ.

Ведран Ќорлука
Лични податоци
Полно име Ведран Ќорлука
Роден на 5 февруари 1986(1986-02-05)(38 г.)
Роден во Дервента, СФР Југославија
Држава Хрватска Хрватска
Висина &100000000000001920000001,92 м
Играчки податоци
Позиција Одбрана
Сегашен клуб Хрватска Хрватска (асистент)
Повлекување 1 јули 2021 (35 г.)
Младинска кариера
Динамо Загреб Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2007 Динамо Загреб Динамо Загреб 61 (7)
2004–2005Интер Запрешич Интер Запрешич 27 (4)
2007–2008 Манчестер Сити Манчестер Сити 38 (1)
2008–2012 Тотенхем Тотенхем 81 (1)
2012Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 7 (0)
2012–2021 Локомотив Москва Локомотив Москва 200 (7)
Репрезентација
2002 Хрватска Хрватска 16 7 (2)
2002–2003 Хрватска Хрватска 17 11 (2)
2003 Хрватска Хрватска 18 3 (0)
2004–2005 Хрватска Хрватска 19 12 (4)
2005–2006 Хрватска Хрватска 21 9 (0)
2006–2018 Хрватска Хрватска 103 (4)
* Ажурирано на: 22 април 2017
** Ажурирано на: 12 ноември 2016

Ќорлука ја поминал младинската академија на Динамо Загреб, пред да го направи своето професионално деби за сениорскиот тим во 2003 година. Во 2007 година, за 8 милиони фунти се преселил во Манчестер Сити со кој настапувал во Премиер лигата, а една сезона подоцна направил трансфер во екипата на Тотенхем Хотспар, каде веќе настапувал неговиот сонародник Лука Модриќ. Тој поминал четири сезони на Вајт Харт Лејн, пред да се приклучи на Локомотив од Москва. Во овој клуб останал до 2021 година, кога ја завршил својата кариера.

На репрезентативно ниво, Ќорлука ја претставувал Хрватска во разни младински нивоа, пред да го направи своето сениорско деби во август 2006 година, во пријателски натпревар против тогашниот Светски првак, Италија. Од тогаш, тој ја претставувал Хрватска на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на Светските првенства во 2014 и 2018 година, освојувајќи сребрен медал на последното, а по него и ја завршил репрезентативната кариера со 103 настапи и 4 гола.

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Динамо Загреб

уреди
2005–2006, 2006–2007
2006–2007
2006

  Локомотив Москва

уреди
2017–2018
2014–2015, 2016–2017, 2018–2019, 2020–2021
2019

Репрезенација

уреди
  Вицешампион: Русија 2018

Наводи

уреди
  1. „Tournaments, latest news, latest video, futsal, beach soccer“. web.archive.org. 2015-09-06. Архивирано од изворникот на 2015-09-06. Посетено на 2021-02-05. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)

Надворешни врски

уреди