Вајсензе (Тирингија)

град во Германија

Вајсензе (германски: Weißensee)) — мал град во округот Земерда, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 6 километри северозападно од окружниот град Земерда и 35 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт.

Вајсензе

Weißensee

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Вајсензе
Вајсензе (Тирингија) во рамките на Германија
Вајсензе (Тирингија)
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Земерда
Градоначалник Матијас Шрот
Основни податоци
Површина 55,33 км2
Надм. височина 143 м
Население 3.634 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 66 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SÖM
Пошт. бр. 99631
Повик. бр. 036374
Портал www.weissensee.de
Местоположба на градот Вајсензе во рамките на округот Земерда
Карта
Карта
Координати 51°11′0″N 11°4′0″E / 51.18333° СГШ; 11.06667° ИГД / 51.18333; 11.06667

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Вајсензе се наоѓа во северниот дел на Тириншката Котлина, оддалечен 35 километри од Ерфурт.

Соседни општини

уреди

Вајсензе се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Кинделбрик, Гинштет, Ритген, Грифштет, Земерда, Вундерслебен, Штраусфурт, Ганглофземерн и Гројсен.

Градски единици

уреди

Кон градот Вајсензе припаѓаат следниве единици:

  • Херншвенде
  • Наузис
  • Отенхаузен
  • Шерндорф
  • Валтерсдорф
  • Шенштет

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 16 места, како и гласот на градоначалникот.

По општинските избори на 26 мај 2019 година, распределбата во советот е следна:[2]

Партија / Листа Места + / –*
CDU 9 − 1
BFW 4
SPD 1 − 2
Die Linke 1 ± 0
NPD 1

*: Разлика со изборите во 2014 г.

Градоначалник

уреди

Од 2015 година, градоначалник на градот Вајсензе е Матијас Шрот.

Збратимени градови

уреди

Вајсензе е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen“. Thüringer Landesamt für Statistik. Посетено на 2019-07-07.

Надворешни врски

уреди