Варзуга (село)

село во Русија
(Пренасочено од Варзука)

Варзуга (руски: Варзуга) е населено место со административен статус на село сместено на југ на Колскиот Полуостров, на подрачјето на Терскиот реон на Мурманската област во Русија.

Варзуга
Варзуга
Село[1]
Поглед на Варзуга
Поглед на Варзуга
Грб на Варзуга
ДржаваРусија
Федерален субјектМурманска област[1]
РеонТерски реон[1]
Прв пат спомената1466[2]
Надм. вис.&1000000000000005200000052 м
Население (попис 2010)[3]
 • Вкупно363
 • Municipal districtТерска општинаl Област[4]
 • Rural settlementРурално населено место Варзуга[4]
 • Седиште наРурално населено место Варзуга[4]
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[5] (UTC+3)
Поштенски бр.[6]184712

Според податоците од пописот од 2010 година во селото живееле 363 жители.

Географија

уреди

Селото Варзуга се наоѓа во јужниот дел на Колскиот Полуостров, на југ од Мурманската област и лежи на двата брега на истоимената река Варзуга. Селото се наоѓа на околу стотина километри источно од регионалниот центар на Терскиот реон, градот Умба и околу 320 километри југоисточно од градот Мурманск. Устието на реката Варзуга и крајбрежјето на Белото море се наоѓаат на околу 17 километри јужно, а најблиското населено место е селото Кузомен кое се наоѓа на устието на Варзуга.

Историја

уреди
 
Селски грб

Во пишаните извори, Варзуга првпат се споменува во документ од 1466 година во која вазукчанинот Тимофеј Јермолинич на Соловецкиот манастир му донирал дел од својата земја покрај брегот на реката и покрај морскиот брег. Самиот манастир одиграл значајна улога во развојот на селото, братството на манастир основаше влезен хол во Варзуга, а во 1491 година беше осветена селската црква посветена на светителот Никола Мирликиски, а поинтензивната риболовна активност била започната на лосос во реката.

Првите детални информации за селото доаѓаат од документ од 1563 година во која, меѓу другото, се наведува дека во селото живееле 167 семејства во тоа време и тоа било најнаселеното село на рускиот север во тоа време. Целата област постоела како метох на манастирот Соловецки сè до реформите на Катерина Велика во 1764 година во кои беа укинати манастирските феуди после тоа селото стана значително побогато и се прошири. Според податоците од пописот од 1897 во селото живееле 793 жители, додека во 1910 година во селото имало илјада жители и две училишта.

Демографија

уреди

Според податоците од пописот 2010 година селото имало 363 жители, што е за 12 жители повеќе отколку во пописот од 2002 година кога биле регистрирани 251 жител.

Стопанство

уреди

Главни стопански активности во селото се риболов, како комерцијален, така и туристички.

 
Панорамски поглед на селото

Знаменитости на селото

уреди
 
Црквата на Успение со камбанаријата лево и Афансјевската црква од десно

Варзуга е позната по своите дрвени цркви изградени во средниот век. Изградена е најимпресивната црква посветена на Успение на Пресвета Богородица во 1674 година. Црквата за Успението е изградена целосно од дрво, а за време на нејзината изградба не се користел ниту еден клинец или парче метал. Со куполата, црквата е висока 21 метар, а внатрешноста на објектот е со површина од 70 метри. Во планот на црквата има рамнокрак грчки крст. Иконостасот бил осветен три години по завршувањето на изградбата на храмот во 1677 кој содржи вкупно 84 икони. Завршена е целосната реставрација на храмот во 1973 година. Денес, Црквата на Успението во Варзука е на списокот на културното наследство на Русија, каде што е заведена под број 5110008000 како споменик од исклучително архитектонско значење.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име OKATO.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ATSBook18.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 2010Census.
  4. 4,0 4,1 4,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име MurmanskOTerskyD_mun.
  5. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  6. Russian Post. Varzuga Архивирано на 3 март 2016 г. (руски)