Варзуга (село)
Варзуга (руски: Варзуга) е населено место со административен статус на село сместено на југ на Колскиот Полуостров, на подрачјето на Терскиот реон на Мурманската област во Русија.
Варзуга Варзуга | ||
---|---|---|
Село[1] | ||
Поглед на Варзуга | ||
Држава | Русија | |
Федерален субјект | Мурманска област[1] | |
Реон | Терски реон[1] | |
Прв пат спомената | 1466[2] | |
Надм. вис. | 52 м | |
Население (попис 2010)[3] | ||
• Вкупно | 363 | |
• Municipal district | Терска општинаl Област[4] | |
• Rural settlement | Рурално населено место Варзуга[4] | |
• Седиште на | Рурално населено место Варзуга[4] | |
Час. појас | московско време [5] (UTC+3) | |
Поштенски бр.[6] | 184712 |
Според податоците од пописот од 2010 година во селото живееле 363 жители.
Географија
уредиСелото Варзуга се наоѓа во јужниот дел на Колскиот Полуостров, на југ од Мурманската област и лежи на двата брега на истоимената река Варзуга. Селото се наоѓа на околу стотина километри источно од регионалниот центар на Терскиот реон, градот Умба и околу 320 километри југоисточно од градот Мурманск. Устието на реката Варзуга и крајбрежјето на Белото море се наоѓаат на околу 17 километри јужно, а најблиското населено место е селото Кузомен кое се наоѓа на устието на Варзуга.
Историја
уредиВо пишаните извори, Варзуга првпат се споменува во документ од 1466 година во која вазукчанинот Тимофеј Јермолинич на Соловецкиот манастир му донирал дел од својата земја покрај брегот на реката и покрај морскиот брег. Самиот манастир одиграл значајна улога во развојот на селото, братството на манастир основаше влезен хол во Варзуга, а во 1491 година беше осветена селската црква посветена на светителот Никола Мирликиски, а поинтензивната риболовна активност била започната на лосос во реката.
Првите детални информации за селото доаѓаат од документ од 1563 година во која, меѓу другото, се наведува дека во селото живееле 167 семејства во тоа време и тоа било најнаселеното село на рускиот север во тоа време. Целата област постоела како метох на манастирот Соловецки сè до реформите на Катерина Велика во 1764 година во кои беа укинати манастирските феуди после тоа селото стана значително побогато и се прошири. Според податоците од пописот од 1897 во селото живееле 793 жители, додека во 1910 година во селото имало илјада жители и две училишта.
Демографија
уредиСпоред податоците од пописот 2010 година селото имало 363 жители, што е за 12 жители повеќе отколку во пописот од 2002 година кога биле регистрирани 251 жител.
Стопанство
уредиГлавни стопански активности во селото се риболов, како комерцијален, така и туристички.
Знаменитости на селото
уредиВарзуга е позната по своите дрвени цркви изградени во средниот век. Изградена е најимпресивната црква посветена на Успение на Пресвета Богородица во 1674 година. Црквата за Успението е изградена целосно од дрво, а за време на нејзината изградба не се користел ниту еден клинец или парче метал. Со куполата, црквата е висока 21 метар, а внатрешноста на објектот е со површина од 70 метри. Во планот на црквата има рамнокрак грчки крст. Иконостасот бил осветен три години по завршувањето на изградбата на храмот во 1677 кој содржи вкупно 84 икони. Завршена е целосната реставрација на храмот во 1973 година. Денес, Црквата на Успението во Варзука е на списокот на културното наследство на Русија, каде што е заведена под број 5110008000 како споменик од исклучително архитектонско значење.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеOKATO
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеATSBook18
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име2010Census
. - ↑ 4,0 4,1 4,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMurmanskOTerskyD_mun
. - ↑ „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
- ↑ Russian Post. Varzuga Архивирано на 3 март 2016 г. (руски)