Вампирџија (филм)

(Пренасочено од Вампирџија (ТВ филм))

Вампирџија — ТВ-филм во режија на Горан Тренчовски, а сценариото на филмот е напишано од Владимир Плавевски. Главните улоги ги толкуваат Петар Темелковски (Вампирџијата) и Роберт Вељановски (Чиракот). Останати улоги: Петре Арсовски (Горазд), Мустафа Јашар (Џузбашијата), Сенко Велинов (Џемсит), Бранко Ѓорчев (Ангеле), Крсте Јовановски (Василие), Зорица Панчиќ (Василија), Томе Витанов (Ефрем), Димитар Зози (Џузбешија 2), Искра Ветерова (Сенисте), Самоил Стојановски (Толе Кртот) и Александра Пешевска (Ангелина).

„Вампирџија“
РежисерГоран Тренчовски
ПродуцентГоран Тренчовски
СценаристВладимир Плавевски
Главни улогиПетар Темелковски
Роберт Вељановски
Петре Арсовски
Мустафа Јашар
Сенко Велинов
Бранко Ѓорчев
Времетраење64 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Сцена од филмот „Вампирџија

Кратка содржина уреди

Серафим е вампирџија — ловец на вампири, кој талка низ македонските села и за пари ги уништува свампирените мртовци. Чирак му е младиот Фидан, кого Серафим го подучува на опасниот вампирџиски занает, азбуката и уште понесигурниот живот во Македонија. Вампирџијата и неговиот ученик запаѓаат во борба со македонските вампири, со турската власт и со комитите кои ги опкружуваат, како и со авџи-табурите, платените ловци на комити. Прокобата на вампирџискиот занает ја искусува младиот Фидан, кој не знае дали вампирџијата Серафим е божји ангел или слуга на ѓаволот.

Сценариото ја развива семантичката теза за талкањето на душата по умирањето како казна за грешните души. Вампирџијата Серафим, метафора на животниот промискуитет, е наемен искупувач на грешните душа, а младиот Фидан е метафора на животна доблест која верува во оправданоста на животот.

Со хорор елементи и ироничен хумор се осознава суеверието на македонскиот човек здробен од турското ропство, но се утврдува и неговиот бунт кон духовниот и физичкиот терор, изразен преку традицијата на вампирџиството и комитаџиството.

Надворешни врски уреди