Гауја

река во Латвија и Естонија

Гауја (латвиски: Gauja, естонски: Koiva jõgi, германски: Livländische Aa) — река во областа Виѕеме, Латвија.[1] Ова е единствената голема река што почнува и завршува во Латвија (Даугава/Западна Двина е долга преку 1.000 км, но само 367 км се во Латвија). Долга е 460 км, од кои 93,5 км се наоѓаат во Националниот парк Гауја. Во овој дел таа тече низ нејзината долина, широка 1 до 2,5 км, и кај Сигулда достигнува длабочина од 85 м.

Гауја
Местоположба
Земји
Физички особености
Извор 
 • местоВиѕемско Возвишение
 • надм. вис.234 м
УстиеРишки Залив
 • место
Царникава
 • координати
57°09′33″N 24°15′59″E / 57.1593° СГШ; 24.2663° ИГД / 57.1593; 24.2663
Должина452 км
Големина на сливот9.800 км2
Проток 
 • просечен71 м3
Особености на сливот

Песочничките карпи на бреговите на Гауја и соседните реки почнале да се образуваат пред 370 до 300 милиони години за време на девонот.

Историја

уреди

Пред XIII век Гауја била трговски пат и погранична река меѓу Ливонија и Латгалија. Кога по нејзините брегови и крај морето сè уште се говорело ливонски, реката се нарекувала Коиво (Koivo) т.е. „Брезова Река“. Латвиското има Гауја значело „голема количина“ или „толпа“. Ливонците доста настрадале во Големата северна војна и во чумата во XVIII век. Во овој период преостанатото ливонско население се асимилирало во Латвијците.

Денес

уреди
 
Гауја на границата помеѓу Естонија и Латвија.

Гауја брзо го менува своето корито и затоа се смета за „лажлива“. Коритото е сочинето од незацврстени талози на песок и грагор кои се двиажт заедно со струјата. На некои места коритото е каменливо, образувајќи слапови со големи камења; такви се Казу, Рајскума, Ракшу и Ќуќу. Дното на реката во Националниот парк Гауја е широко 60 до 120 м со нагло променлива длабочина од 0,3 до 7 м. Има наклон од 0,5 м/км. Брзината на текот при низок водостој е 0,2 до 0,4 м/с, а пролетно време се движи со 2 до 3 м/с. Поради колебањата на водостојот, брзината на струјата и посебностите на текот, Гауја може да се смета за нерамномерен водотек.

Реката обично замрзнува кон средината на декември, и мразот почнува да попушта на крајот на март. Ако зимата е блага, водата не замрзнува. Гауја ја напојуваат многу подземни води, и затоа е постудена од другите поголеми реки во Латвија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Gauja River | Tūrisma informācija Gaujas nacionālajā parkā“. Gnp.lv. Архивирано од изворникот на 21 март 2016. Посетено на 27 март 2016.

Надворешни врски

уреди