Валка
Валка (латвиски: Valka; германски: Walk) — град и општина во северна Латвија, на границата со Естонија, долж бреговите на реката Педели.
Валка | |||
---|---|---|---|
Град | |||
![]() Лутеранска црква во Валка | |||
| |||
Гесло: 1 pilsēta, 2 valstis (1 град, 2 држави) | |||
Местоположба во Латвија | |||
Координати: 57°46′N 26°0′E / 57.767° СГШ; 26.000° ИГДКоординати: 57°46′N 26°0′E / 57.767° СГШ; 26.000° ИГД | |||
Држава | ![]() | ||
Округ | Валка | ||
Градски права | 1584 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Вентс Армандс Крауклис | ||
Површина | |||
• Град | 14,36 км2 (554 ми2) | ||
Надм. вис. | 50 м | ||
Население | |||
• Град | 5.489 (2.016)[1] | ||
• Густина | 382/км2 (990/ми2) | ||
• Метро | во Валга-Валка 19.500 | ||
• Метро | 630/км2 (1,600/ми2) | ||
Часовен појас | EET (UTC+2) | ||
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски број | LV-470(1-2) | ||
Повикувачки број | +371 647 | ||
Советници | 15 |
Валка и естонскиот град Валга се поделени од естонско-латвиската граница, но го користат слоганот „Еден град, две држави“. Границата што го поделила ливонскиот град Валк била обележана во 1920 година од меѓународна комисија предводена од британскиот полковник Стивен Џорџ Талентс. Со потпишувањето на Шенгенскиот договор од страна на Естонија и Латвија и укинувањето на границата во 2007 година, било објавено дека ќе биде воведен заеднички јавен автобуски превоз помеѓу Валка и Валга.[2] Исто така, сите гранички премини биле отстранети, а оградите отстранети.
ИсторијаУреди
Градот Валк (на германски) бил прв споменат во 1286 година и од 1419 година бил седиште на Ландтагот на Ливонската конфедерација. Градските права биле доделени од полскиот крал Стефан Батори во 1584 година. Меѓутоа, градот ја стекнал својата важност кон крајот на XIX век, кога постоела училишната школа Видземе и била отворена важна железничка линија. Понатаму, првата теснолиниска железничка линија на територијата на денешна Латвија отпочнувала од Валка до естонскиот град Пјарну.
На 15 ноември 1917 година, одлуката за прогласување на независната Република Латвија била донесена во Валка. Црвено-бело-црвеното знаме на Латвија било кренато во градот по првпат. На 1 јули 1920 година, градот бил поделен во новосоздадените држави, Латвија и Естонија.
Познати луѓеУреди
- Јанис Цимзе (1814–1881) — педагог
- Андрис Вилкс (р. 1963) — политичар
- Вентс Армандс Крауклис (р. 1964) — музичар и политичар
- Робертс Килис (р. 1968) — антрополог и политичар
- Павел Лоскутов (р. 1969) — естонски тркач
- Аигарс Фадејевс (р. 1975) — натпреваруч во брзо одење
- Гатис Смукулис (р. 1987) — друмски велосипедист
Збратимени градовиУреди
ГалеријаУреди
Реката Педели во Валка
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „«Latvijas iedzīvotāju skaits pašvaldībās pagastu dalījum⻓ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-20. Посетено на 2016-07-23.
- ↑ „Основање на заеднички автобуски превоз“ (PDF).[мртва врска]
- ↑ „Меѓународна соработка“. Град Валка. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 4 мај 2014.
- ↑ „Radviliskis“. Radviliskis. Архивирано од изворникот на 2014-04-08. Посетено на 3 мај 2014.
Надворешни врскиУреди
Википатување има туристички водич за Валка. |
- Матична страница (англиски)