|
Оваа страна претставува прирачник за стилот на македонската википедија. Општо е прифатен стандардот дека уредувачите треба да ги следат наведените правила, иако истите може да се користат понекогаш и со некои исклучоци. При уредувањето на оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека вашата промена рефлектира консензус. При двоумење, дискутирајте прво на страницата за разговор.
|
- Ако веќе постои друга нефилмска статија со името на филмот што сакате да го создадете, создадете страница за пренасочување и користете (филм) во насловот.
Пример: Наслов на филм (филм)
- Ако веќе постои статија за некој филм со ист наслов како името на филмот за кој сакате да направите статија, додадете
(филм од ГОДИНА) во насловот. Пример: Наслов на филм (филм од 1996) Исто така, направете промена и на веќе постоечката статија за другиот филм, со тоа што ќе ја преместите статијата во нов наслов од форматот Наслов на филм (филм од ГОДИНА).
- Секогаш користете соодветен македонски превод на насловот на филмот. На пример, Kill Bill од англиски ќе се преведе како Убиј го Бил, додека пак Cidade de Deus од бразилски ќе се преведе како Градот на Бог. Сепак, секогаш создавајте страници кои пренасочуваат од оригиналниот наслов на филмот до статијата чиј наслов е на македонски. Доколку навистина не сте сигурни за македонскиот еквивалент на насловот, оставете го насловот во оригинал и дискутирајте за насловот на страната на проектот.
- Понекогаш преводот на насловот не се совпаѓа со името под кое филмот е популарен под нашите простори, односно насловот е преведен на друг начин. Пример претставува култниот филм Ајкула, чиј оригинален наслов на англиски е Jaws. Буквалниот превод на „jaws“ на македонски е „вилици“ и доколку создадете статија под наслов Вилици (филм), ќе настане проблем. Затоа бидете информирани за тоа како е познат филмот во нашето поднебје. Ако сте во двоумење, дискутирајте за насловот на страната на проектот.
- Внимавајте на македонскиот правопис! Најчеста грешка се јавува во користењето на големи букви во наслови од повеќе зборови освен кога следат две точки. Во англискиот јазик, на пример, сите зборови освен сврзниците и предлозите се со голема буква — The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring. Погрешно е ако го преведеме овој наслов како Господарот на Прстените: Дружината на Прстенот. Правилно е: Господарот на прстените: Дружината на прстенот. При тоа, треба да се внимава на личните имиња, кои се пишуваат со голема буква. Пример:
- Citizen Cayne
Граѓанинот кејн
- Граѓанинот Кејн
- Откако ќе ја создадете статијата, ставете го насловот на филмот закосен. Кликнете Уреди, па Вметни, Предлошка, потоа пишете Закосен наслов, кликнете Вметни па Објави промени.
- Внимавајте на можните варијации на насловот на еден филм. Ова е особено случај за филмови со долги наслови. Пред да ја направите статијата, дознајте како филмот е преведен кај нас. Пример е филмот 2001: A Space Odyssey, преведен како 2001: Вселенска одисеја. Друга варијанта на истиот наслов е Вселенска одисеја 2001 или Вселенска одисеја: 2001. Забележувате дека по двете точки(:) секогаш се остава празно место. Значи можни варијации на насловот се:
- 2001: A Space Odyssey (оригиналниот наслов)
- 2001: Вселенска одисеја (насловот под кој е познат филмот кај нас)
- Вселенска одисеја 2001 (друга, легална верзија на насловот)
- Вселенска одисеја: 2001 (трета верзија на насловот)
2001:Вселенска одисеја (неправилно, не е оставено празно место по двете точки)
2001: Вселенска Одисеја (неправилна употреба на голема буква)
- Статијата се пишува под вториот наслов, а за другите верзии правете пренасочувања.
Статијата треба да содржи категории на дното од страната. Сместувајте ги категориите над интервикијата. Во статиите за филм, под минимум имајте ги следниве категории:
- Година на издавање -- Категорија:Филмови од 1993 (внимавајте на форматот,
Филм од XXXX . Погрешни варијанти - 1993 филм или 1993 Филм (ова е многу погрешно, напишано со голема буква и плус форматот е згрешен)).
- Земја/земји на потекло -- Категорија:Американски филмови или на пр. Категорија:Македонски филмови
- Јазик -- Категорија:Филмови на англиски јазик или на пр. Категорија:Филмови на шведски јазик
- Жанр -- Категорија:Авантуристички филмови (Видете филмски жанр за повеќе информации при поделбата на филмовите по различни критериуми)
Земете ја во предвид дрвовата структура на категориите. Една категорија може да содржи повеќе поткатегории. Така, категоријата Американски филмови е поткатегорија на категоријата Филм. Затоа не ставајте ги и двете категории, на пример, Категорија:Филм заедно со Категорија:Американски филмови. Оставете ја само хиерархиски најниската категорија, Категорија:Американски филмови во погорниот пример.
Обработка на избраното
уреди
Кога ќе се одбере која слика, цитат, биографија или статија ќе биде поставена на порталот треба да се обработат на следниов начин:
1. Прво отвораме статија со името Портал:Филм/Избрана статија/годината пример: 2008/месецот пример: Јануари. Најчесто на порталот на саканиот оддел секогаш се појавува црвена врска како што поминува месецот. Вие едноставно притиснете на таа врска и тој ќе ве доведе до тоа место. Ако на пример сè уште е во тек месецот Јануари а во многу скоро време доаѓа Февруари вие во кутијата за пребарување едноставно напишете како во горниот пример и потоа создајте ја статијата како секоја друга.
2. Сега кога веќе врската не донела до посакуваното место имаме празен простор во кој треба да ја ставиме посакуваната статија. Тука најпрвин ја поставуваме сликата на следниов начин:
[[Слика:Bridge-to-Terabithia-poster.jpg|десно|200п]]
- Овдека гледаме дека сликата е поставена десно и е со големина од 200 пиксели. Запомнете за да го задржиме квалитетот секогаш сликите ги поставуваме десно, а што се однесува до големината, таа може да се менува според потребата.
3. Следен чекор е поставувањето на текстот. За да ставиме текст најлесно и најпрактично е да го копираме воведниот дел од статијата која ја предложуваме и да го ставиме овдека. Ако тој дел е многу мал тогаш земаме и дел од синопсисот на самиот филм. За пример видете Портал:Филм/Избрана статија/2008/октомври.
- Како што гледаме, можеме да забележиме дека по малиот воведен дел има простор и потоа е започнат синопсисот, но не е цел синопсис туку само дел од него. Потоа гледаме дека самата статија започнува со името на филмот а тоа е закосено и здебелено и ништо повеќе. Голема грешка е да се стави внатрешна врска на самиот наслов на статијата, што значи грешно е ова:
Мостот за Терабитија
а точно е ова:
Мостот за Терабитија
4. Со ова статијата е подготвена за изложување но како краен чекор го правиме ова:
- На крајот од статијата оставаме еден ред празен и потоа го ставаме ова:
'''''[[Името на филмот|повеќе...]]'''''
- Оваа врска ќе не доведе до целосната статија. Грешно е ако веднаш по крајот на текстот го додадеме ова, значи еден ред празен и потоа ја ставаме оваа врска.
5. *На крај ја зачувуваме статијата и таа самата се поставува кога ќе дојде времето.
|