Роберт Петковски
Роберт Петковски (Бунарџик, Скопско, 27 август 1974 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]
Роберт Петковски | |
---|---|
27.08.1974 – † 28.04.2001 (26 г.) | |
![]() | |
Роден во: | Бунарџик, Скопје, ![]() |
Починал во: | Масакрот кај Вејце |
Служба во: | ![]() |
Период на служба: | 1995 г. — 2001 г. |
Чин: | Постар водник |
Единици: | ![]() |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
Одличја: | ![]() |

Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и смрт
уредиРоберт Петковски е роден на 27 август 1974 година во Бунарџик, скопско. Тој е професионален војник од 1995 година. Неколку години пред војната 2001 година, тој бил на четиримесечна специјална обука во Турција. За време на војната 2001 година постојано бил на терен.[2] Доаѓал дома многу ретко и само по два - три часа кои најчесто ги минувал во игра и прошетки со неговата ќерка.
Зад себе ја оставил својата сопруга и неговата ќерка. Родителите починаа еден месец по масакрот. Роберт Петковски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-10.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 106.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.