Бумбари бенд го сочинуваат двајцата браќа Тони и Лазар Наумов, кои братски ја отпејуваат македонската изворна и новосоздадена песна, полнејќи и го волуменот со акорди и вокалот на песната. Тони Наумов член и основач на групата роден е на 2 август во Штип, а Лазар Наумов исто член и основач на групата е роден на 27 октомври 1976 година. Но, и пред создавањето на Бумбари бенд се навестуваше постоењето на ова дуо на естрадата во Македонија. Имено, Тони Наумов во 1995 година настапи на реномираниот фестивал на новосоздадени македонски фолк песни Фолк Фест Валандово и тоа со композицијата Зедов жена модерна за која музиката ја напиша Пане Панајотов, текстот е на Илија Белџигеровски, аранжманот е на Тодор Трајчевски. И токму заради интерпретацијата Тони Наумов ја добива наградата за најдобар дебитант таа година на Фолк Фест Валандово. Покрај одличните вокали, двајцата браќа се музичари со тапија како што вели народот. Тони Наумов извонредно пее и свири кларинет и клавијатури, додека Лазар Наумов извонредно владее со хармониката. Дарбата за музиката и хармониката му е наградена со освојување на втората награда на натпреварот за млади хармоникаши во Македонија. Од почетокот на нивното заедничко делување како Бумбари бенд, настапуваат насекаде во Македонија,и тоа повеќекратно.Треба да се потсети нивниот настап заедно со КУД Ванчо Прке во Швајцарија во Сен Гален, кога на нозе повеќе часови ја држеа публиката - нашите сонародници кои живеат таму. Исто пет незаборавни турнеи во Австралија во 2007, 2009 2010, 2012 и 2013 година,концертите во Мелбурн и Сиднеј. Но за влез во музичката историја или за паметење, беше повеќе од потребно снимање на албум. Во студиото XL во Прилеп во август 2006 година започнува снимањето на албумот со наслов "Маре". На цедето има осум песни,на три од нив автор е истакнатиот македонски автор Мирче Кикиритков, на една од песните автор е Христина Наумова, преостанатите се обработки на традиционални песни од Македонија и Балканот. Духот на современието на песните како аранжман во истите го имаат направено двајцата браќа членови на Бумбари бенд. Албумот излезе за продукциската куќа Сенатор рекордс и одлично помина кај публиката. Нумерите и ден денес се вртат на радио станиците, а песната „Маре“ шест месеци беше на првото место на Фолк Топ на Радио Штип. Во 2013 година Бумбари бенд славеше 20 години постоење на музичката естрада и јубилејот го круниса со нов албум насловен Еден ден во годината. 2018 година Бумбари бенд доби и женски вокал Ивана Наумова, а во 2020 година и втор женски вокал Елена Наумова и машки вокал Петар Наумов подмладокот на Бумбари бенд. Во 2024 година, Лазар и неговата ќерка Елена Наумова снимаат дует песна "Година по година", автор на текстот и музиката е Ристо Самарџиев и аранжман Цане Петров.

Надворешни врски

уреди