Брњичка култура
Брњичка култура ― археолошка култура во денешно Косово и Србија која датира од 1400 година п.н.е.[1]
Географски опфат | Средишен Балкан |
---|---|
Раздобје | Бронзено време |
Години | 1400 п.н.е. – 700 п.н.е. |
Типско наоѓалиште | Долна Брњица |
Поважни наоѓалишта | Хисар |
Претходи | Урнополска култура |
Следи | Латенска култура |
Опис
уредиКултурната група создадена од оваа култура е тракиското племе Мизи. Тоа е и неилирската компонента во дарданската етногенеза.[1]
Културата се одликува со неколку групи:[1]
- Косово со Раска и Пестер
- Сливна зона на Јужна и Западна Морава
- Лесковац-Ниш
- Јужна Морава-Пчиња-Горен Вардар
Керамика од брњичкиот вид е пронајдена во Горна Џумаја, Пловдив и повеќе наоѓалишта во Пелагонија, долен Вардар, островот Тасос и Тесалија кои датираат од 13 и 12 век п.н.е.[1]
Наоѓалишта
уредиДолна Брњица
уредиГлавното место на културата е некрополата во Долна Брњица (српски: Доња Брњица; албански: Bërnica e Poshtme) во близина на Приштина.
Хисар
уредиХисар е повеќевременска населба на рид кај Лесковац.
Траги од животот на брњичката култура (8 век п.н.е.) се гледаат на платото кое било заштитено со длабок ров со палисада на неговата внатрешна страна, утврдување слично на она на друго утврдување на наоѓалиштето Градац во Ланиште во сливот на Голема Морава.[2]
Подоцна населба од железното време постоела во Хисар која датира од 6 век п.н.е. до 4 век п.н.е. Покрај грчките фибули и керамика, во 2005 година се откопани и трибалски (тракиски) гробници.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Milorad Stojic (2006). „Regional characteristics of the Brnjica cultural group“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-23. Посетено на 2 септември 2023.
- ↑ Milorad Stojic: Ferrous metallurgy center of the Brnjica cultural group (14th–13th centuries BC) at the Hisar site in Leskovac. MJoM Metalurgija - Journal of Metallurgy, UDC:669.1
- ↑ Praistorijska kopča. B92.net – info (на српски)