Западна Морава
Западна Морава (српски: Западна Морава) — река во Централна Србија со должина од 308 км, која, заедно со Јужна Морава ја прави Голема Моравија.
Западна Морава | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | планина Голија, североисточно од Сеница, Србија |
Устие | Голема Морава→Дунав |
• место | со Јужна Морава ја формира Голема Морава кај Сталаќ, Србија |
• координати | 43°41′57″N 21°24′18″E / 43.69917° СГШ; 21.40500° ИГД |
Должина | 308 kм (1,010,000 ст) |
Големина на сливот | 15,754 km2 (6,083 ми)[1] |
Особености на сливот | |
Извори
уредиЗападна Морава настанува во полето Ташти, источно од Пожега, од реките Голијска Моравица и Ѓетиња. Во ова поле во Ѓетиња од левата страна се влева Скрапеж, но на помалку од еден километар од устието на Скрапеж, Ѓетиња се спојува со Голијска Моравица, создавајќи ја Западна Морава. Мерено од изворот на Голијска Моравица, Западна Морава е со должина од 308 км, додека должината само на Западна Морава е 208 километри.
Тек
уредиЕкономија
уредиДолината на Западна Морава, Западно Поморавје, економски е најразвиена од долините на трите Морави. Со долината на Ибар, Западна Морава има голем потенцијал за производство на електрична енергија (хидроелектраните Овчар Бања и Меѓувршје). Водата исто така се користи за наводнување, и за таа намена на реката е создадено вештачкото езеро Парменац, помагајќи му и на така плодниот регион (житарки, овоштарници). Покрај тоа, од долините на трите Морави, долината на Западна Морава е најпошумена.
Особености
уредиВо Западна Морава вкупно се влеваат 85 притоки. Реката била подолга (319 км), но поради регулацијата на протокот, таа е скратена. Западна Морава има просечен проток, од 125 метри кубни во секунда, но се одликува со екстремни колебања, кои од своја страна предизвикуваат големи поплави. Сливот на Западна Морава е 15.849 квадратни километри (42,3 % од целиот слив на Голема Морава), припаѓа на црноморскиот слив, а самата река не е пловна.
Галерија
уредиПоврзано
уредиЛитература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
Надворешни врски
уреди- ↑ Velika Morava River Basin, ICPDR, November 2009, p. 2