Бранко Јанев
Бранко Јанев (Топанско Поле, Општина Чаир, 9 септември 1964 – Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.[1] Бранко пред воениот конфликт бил врвен спортист, борач и балкански шампион.
Бранко Јанев | |
---|---|
09.09.1964 – † 10.08.2001 (36 г.) | |
Роден во: | Топанско Поле, Чаир, |
Починал во: | Љуботенски Бачила, |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Војник од резервен состав |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и сведоштва
уредиБранко Јанев е роден на 9 септември 1964 година во скопската населба Топанско Поле. Јанев потекнува од старо скопско семејство. Завршил средно фискултурно училиште и се докажал во повеќе спортови. Бил меѓу врвните пливачи и скијачи. Станал инстуктор во тие дисциплини. Најдалеку стасал во борењето. Се искачил и на победничкиот престол како балкански шампион. По завршувањето на кариераа работел на афирмација на овој спорт во Скопје и, најчесто, ученици му биле момчиња од албанска националност. Токму затоа жена му сметала дека Бранко никако не смеел да загине од албанска рака. Како врвен спортист и спортски учител, бил и одличен педагог. Кога започна војната 2001 година во Македонија неколку покани доби за мобилизација. Доаѓаа многу често, но ги одбиваше, беше нешто болен. Последната покана ја прифати со зборовите: Ако сите ја избегнуваат обврската, нема кој да ја брани Македонија. Ќе одам да и се оддолжам на татковината, а потоа веднаш ќе заминеме на годишен одмор.
Заминаа на 11 јуни. Во почетокот, по рововите дежурал и по 12 часа. Следните 12 дена одморале во летувалиштето во Љубанци. Кога заврши месецот, рече дека нема да се врати дома уште еден месец, бидејќи за толку им била продолжена мобилизацијата. Вториот месец на позициите останувале по 24 часа. Во текот на војната се спријателил со Томислав Настевски од Ѓорче Петров, кои подоцна заедно ќе загинуваат кај Љуботенски Бачила. Двајцата се договориле и Томислав да дојде со нив на годишен одмор. Бранко им има раскажувано на најблиските дека првиот месец минал доста организирано на бојното поле. Имало и активни старешини и едноставно се знаело што треба да прават резервистите. Вториот месец, велеше, ништо не се знаело. Активните старешини си седеле во одморалиштето во Љубанци, а младите резервисти ги пуштале сами да одат на позиции, без некоја конкретна задача или барем упатство во какви ситуации како да реагираат. Тој беше најстар меѓу резервистите, а младите се плашеле и барале заштита од него. Сметаше дека и тоа ќе мине, па сè ќе биде во ред. На 10 август 2001 година загинува Бранко заедно со седуммина војници кај Љуботенски Бачила, откако камионот „Ивеко“ нагазува на експлозивна направа, активирана од непосредна близина. Камионот собира осуммина, а за време на настанот се наоѓале 16 војници. Бранко не сакал да се качи. Тргнал пеш да се врати во одморалиштето, како и секогаш пред тоа, но другарите му направиле место и го натерале и тој да се качи.
Љуботенски Бачила можела да се предвиди и да се избегне. Овчарите на автошколото „Арди“ веќе еднаш биле избркани од локацијата на која била армијата. Потоа, којзнае со чија дозвола и ургенција истите биле вратени, се разбира заедно со „мобилките“. На 9 август војниците, бидејќи овчарите ги следеле сите нивни движења и наводно телефонски „реферирале“ за тоа, пак ги избркале. Утредента, за да им се одмаздат, како што велат роднините на загинатите, направиле заседна и поставиле експлозив. Меѓу овчарите се спомнува и некој Бранко од Љуботен, кој наводно „шурувал“ со овчарите на „Арди“.[2]
Погребан е на градските гробишта во Бутел. Бранко зад себе ја остави сопругата со двете деца. Јанев посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Цвеќе за жртвите кај Љуботенски Бачила“. Утрински Весник. 10 август 2014. Посетено на 2015-08-27.[мртва врска]
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 180 – 182.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-29.