Бојко Усов
Бојко Стоилков Усов ( 1918 во Кучевиште, Скопско — 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Бојко Усов | ||
Роден | 1918 година Кучевиште, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | јуни/јули, 1945 година Славонска Пожега, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Oсновно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, речиси веднаш стапил во нејзините редови. Учествувал во тешките борби против балистите, кои вршеле грабежи и злосторства по селата на Скопска Црна Гора. Потоа се борел против моторизираните германски колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија, учествувал во ликвидирањето на балистичките банди на Косово. Во составот на Петнаесеттиот македонски корпус учествувал во ликвидирањето на германските трупи во Срем. Во борбите кај Банова Јаруга бил тешко ранет, на 20 јуни 1945 година. Се лечел во партизанските болници, каде и починал. Бил закопан во Славонска Пожега.