Стево Усов
Стево Усов ( 1914 во Кучевиште, Скопско — 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со сточарство. Во септември 1944 година по формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во нејзините редови заедно со другите соселани и учествувал во борбите против балистичките банди. Во една борба против нив, бил тешко ранет и на пат за партизанската болница починал од здобиените рани. Неговите посмртни останки биле закопани на селските гробишта, во неговото родно село Кучевиште.[1]