Божин Николов
Божин Николов - Силни ( 1923 Бродец (Скопско) ― 1944 во Велес) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Божин Николов - Силни | ||
Роден | 1923 Бродец, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | август 1944 Вардар, близу Велес, Царство Бугарија давење | (возр. 20–21)|
Народност | Македонец | |
Занимање | партизан |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Многу рано останал без татко, поради што бил присилен да работи како момок кај побогатите селани. По создавањето на Првиот скопски партизански одред, тој воспоставил врска со борците и оттогаш активно работел во Народноослободителната борба. Во април 1942 година, кога Вториот скопски партизански одред дошол во селото Бродец, организирал младинци за одредот да собираат храна, да вршат курирски задачи и слични активности. Се покажал како бестрашен и способен да изврши и најделикатни задачи. Дане Крапчев го нарекол „Силни“. Партизаните и илегалците во Скопје добро го познавале и можеле да му доверат секаква задача. Во 1943 година во Бродец дошле партизани од Шарпланинскиот одред. Оваа единица како и Кумановскиот одред редовно ги снабдувал со храна, ги информирал за новостите, одел во Скопје со доверлива пошта и слично. Во летото 1944 година, на една нова група партизани во Бродец им се придружил и самиот тој и со нив заминал на кумановскиот терен во Втората македонска ударна бригада. Загинал несреќно кон крајот на август 1944 rодина, кога Бригадата навечер го преминувала надојдениот Вардар, во близината на Велес.
Една улица во скопската населба Горно Лисиче го носи неговото име.[2]
Наводи
уреди- ↑ Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски архив. 1969. стр. 105–106. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Улица Божин Николов - Силни - Скопје“. wikimapia.org.