Милко Бојковски
Милко Бојковски (Куманово, 1985) — македонски писател.
Животопис
уредиБојковски е роден во Куманово, во 1985 година. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.[1]
Творештво
уредиБојковски пишува поезија и кратки раскази. Неговите творби повремено се објавувани во е-списанието „Електролит“, на српската интернет-страница за поезија „Поезин“, како и во Балканскиот книжевен гласник. Автор е на поетските книги „Загубениот Париз“ (2012) и „Хиени во градот“ (2019), а во 2017 година ја објавил збирката раскази „Фотографии од пеколот“. Во прозните дела најчесто обработува проблеми од животот на младите луѓе во градските средини, а често пишува и за неговото отуѓување од материјалниот свет. Неговиот книжевен јазик и стилот се блиски до постмодернизмот.[2] [3]
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]
Наводи
уреди- ↑ Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017.
- ↑ Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 366.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 301-304.