Блажо Паракеов ( 1913 во Марена1984 во Кавадарци ) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

На девет годишна возраст останал без родители и бил посинет во село Ваташа. Во сиромашно земјоделско семејство. Како дете другарувал со Страшо Пинџур, Димката Ангелов, Ангел Ралев, Васил Хаџијорданов и други, што влијаело во неговата револуционерна определба. Во 1938 година вршел агитација за Здружената опозиција за кандидатот д-р Илија Чулев на парламентарните избори.[1] Работел како шивач.[2]

По капитулацијата на Југославија по директива на МК на КП за Кавадарци активно се вклучил во собирањето на оружје и муниција, а помагал и во сместувањето на борците од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Во почетокот на 1943 бил кооптиран во новиот состав на МК за Ваташа. Бил многу активен во подготовките за исфрлање на партизански одред и организирал младинци од своето село за партизани. Во 1944 година бил испратен во Дреновска општина каде работел како инструктор по партиска линија. Кон крајот на 1944 година бил избран за член на Срескиот комитет.[1]

По ослободувањето

уреди

По ослободувањето работел на неколку значајни функции во општинскиот комитет во Кавадарци, а бил директор на ЗОИЛ Македонија. Во 1948 година бил претседател на НОО за општина Кавадарци. Починал во Кавадарци во 1984 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 424. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. Macedonia), Институт за национална историја (Skopje (1983). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945: Документи на Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија 1941-1945. Institut za nacionalna istorija.