Диме Чекоров
Диме Чекоров ( 1923 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.[1]
Диме Чекоров | ||
![]() | ||
Роден | 1923 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
Националност | Македонец | |
Татко | Блажо Чекоров | |
Сестра | Ташка Чекорова-Манева |
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашна земјоделска фамилија и самиот работел како земјоделец заедно со членовите на своето семејство. Во редовите на антифашистичкото движење стапил уште во 1941 година. Истата година во октомври станал член на скоевската организација и без збор ги извршувал сите задачи поставени од Партиската организација. Неговата активност дошла до израз во зимата 1942 година кога во атарот на село Ваташа престојувале група борци на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Групата предводена од него во која учествувале Пане Мешков и Илчо Димов ги сместиле и ги снабдувале со храна велешките партизани. Како еден од нај активните ваташки младинци тој развил голема активност во времето на исфрлањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов” и покасно кога заедно со неговите другари организирано пренесуваат храна и материјали до борците од одредот во Моклишкиот манастир.[1]
Масакрот на ваташките деца
уредиВо кафаната на Васо Хаџи Јорданов, каде биле донесени уаспените ваташки младинци, бугарските војски без престан ги тепале со сите расположливи средства. Диме Чекоров бил претепан и мачен уште пред да го доведат во кафеаната. Немилосрдно го тепале и со раце и со нозе, и со сè што можеле и што им било при рака. После масакрот извршен од бугарските фашисти, телата на младинците, најпрво биле ограбени, а потоа искасапени. Најмногу биле касапени телата на Диме Чекоров и Блаже Ицев, кој се уште знаци за живот во тој момент.[2]
- МЛАДИНЦИТЕ ОД ВАТАША
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
-
Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
-
Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
-
12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 436–437. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ Србиновски, Дејан (2023-06-16). „Сведоштвото на Павлина Касапинова за злосторството во Ваташа“. Слободен печат. Посетено на 2024-07-10.