Блажо Еленов ( 1908 во Ваташа1967 во Кавадарци) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија и бил на чело на Општина Кавадарци[1] во 1944 година.[2]

Блажо Еленов
Роден 1908 година
Ваташа
Починал 1967 година
Кавадарци
Националност Македонец

Животопис

уреди
 
Кавадаречки занаетчии сликани во Белград 1940 година. Стојат од лево на десно: Ѓорѓи Чејков, Ѓорѓи Чемерски, Димо Зарков, Дончо Дубров, Добре Кривиот, Ѓорѓи Шемов, Цандо Мицајков, Ицо Митрев –Жилата, Николаќо Игнатов-Муло, Гичо Бакев, Димо Јосифов, Панчо Грозданов, .

Потекнувал од занаетчиско семејство. Го изучил шивачкиот занает кај Спиро Даскалов, а потоа заминал во Загреб каде што работел во една шивачка задруга. Во 1931 година се вратил во Кавадарци и се вклучил во активностите на напредното движење. Во пролетта 1937 година бил уапсен и осуден на три месеци затвор во Велес поради комунистичка дејност.[2] Бил дел од групата кавадаречки занаетчии кои заминале на привремена работа во Белград.[3] Во времето на исфрлање на тиквешкиот партизански одред е доста активен, а на 20 мај 1943 година заедно со една поголема група кавадарчани е уапсен од бугарската полиција и интерниран во Свиштов во работните логори за превоспитување, каде што останал шест месеци.[2]

По ослободувањето на Кавадарци на 20 септември бил избран за претседател на НOO на која функција останал неколку месеци. По војната се повлекол од политиката и продолжил да работи на својот занает. Починал во 1967 година во Кавадарци.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Го сакам Кавадарци“ (PDF). Го сакам Кавадарци. Кавадарци: Општина Кавадарци: 92. август 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 414–415. ISBN 978-608-4621-04-1.
  3. „Стари фотографии на Кавадарци-Кавадаречки занаетчии во Белград 1940“. rtk.mk. Посетено на 2024-06-25.