Благој Шамбевски

(Пренасочено од Благоја Шамбевски)

Благој Шамбевски (1921, Долно Српци1974, Минхен) — учесник во Народноослободителната борба и еден од најзначајните личности во македонската дијаспора во втората половина на XX век.

Животопис

уреди

Благој Шамбевски е роден во 1921 година, во битолското Долно Српци. За време на Втората светска војна, Шамбевски учествувал во Народноослободителната борба за ослободување на Македонија. Веднаш по војната, тој бил осуден на затворска казна во траење од 15 години, под обвинение дека бил член на тајно движење за обединување на Македонија и дека се приклучил на групата ВМРО-Михајловистичка. Во 1962 година, тој бил ослободен и емигрирал во Германија, каде што станал член на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), а истовремено бил дел од редакцијата на весникот „Македонска нација“.

Шамбевски бил убиен со удар во главата, веројатно со железен предмет, ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година во Минхен, во хотелот „Ројал“, каде работел како чувар, а за неговата смрт повеќе странски весници изразиле сомневање дека се работи за убиство, нарачано од југословенската тајна служба. Тој бил погребан во Минхен, во служба на хрватскиот католички свештеник Доминик Шушњар, а на погребот присуствувале над 1.000 луѓе. Пет дена по убиството, полицијата не им го давала телото на жена му Зора и на синот.

Во декември 2013 година, Комисијата за верификација на фактите го отворила полициското досие што се водело за Шамбевски (кое содржело повеќе од 1 000 страници), со што започнал процесот на неговата политичка рехабилитација.[1][2]

Наводи

уреди
  1. "Лустрациска ги брои кодошите на Шамбевски и на Пирузе", Дневник, година XVII, број 5339, петок, 13 декември 2013, стр. 2-3.
  2. Жанета Здравковска, ”Католичкиот свештеник расплака 1 000 лица на погребот на Благој Шамбевски”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 9.