Горноџумајска Котлина

котлина во Пиринска Македонија
(Пренасочено од Благоевградска Котлина)

Горноџумајска Котлина, служб. Благоевградска Котлина (бугарски: Благоевградска котловина; до 5 мај 1950 г. Горноджумайска котловина)[1] — котлина во Пиринска Македонија, во поречието на реката Струма.

Горноџум. Котл. во рамките на Пиринска Македонија
Горноџум. Котл.
Местоположба на Горноџумајската Котлина во рамките на Пиринска Македонија

Физички одлики

уреди

Котловината е длабоко налегната по раседните линии меѓу планините Рила на исток и Влаина на запад. На север чрез Кочериновската Клисура на Струма се поврзува со јужниот дел на Дупничката Котлина (Бобошевско Поле), а на југ преку Орановската Клисура — со Симитлиската Котлина. Најголемата должина на котлината во правец север-југ изнесува 8 км, а ширината ѝ е 4 км. Зафаќа површина од 34 км2. Средната надморска височина изнесува 350 м.

Геологија

уреди

Котлината е образувана во текот на плиоценот со потонувањето на раседите. Дното ѝ е покриено со насложно-собирни наноси, а пограничните делови се плиоценски и водотечни наслаги. Голем дел од котлината е зафатен со разлеаниот наносен конус на реката Горноџумајска Бистрица. Во подрачјето на Горна Џумаја извираат минерални води со температура од 54,6 °C и проточност од околу 100 м3/сек.

Клима

уреди

Климата е умереноконтинентална со средоземно влијание. Средната годишна температура изнесува 12,6 °C (Г. Џумаја), средната јануарска е 1,2 °C, а средна јулска е 23 °C. Средните годишни врнежи изнесуваат 517 мм.

Хидрографија

уреди

Котлината се одводнува од реката Струма и долните теченија на нејзините притоки Горноџумајска Бистрица (лева) и Логодашка Река (десна). Почвите се претежно циметни шумски и наносни, кои заедно со поволните климатски услови го овозможуваат одгледувањето на тутун, зеленчук, овошје, лозја и развитокот на сточарството.

Населени места

уреди

Во котлината има еден град и седум села:

Сообраќај

уреди

Од север кон југ, во потег од 8,7 км минува дел од првокласниот пат бр. 1 од Државната патна мрежа Видин – Софија – ГП „Кулата“.

Од исток кон запад, од Горна Џумаја до с. Делијазмино, во потег од 3,8 км минува дел од третокласниот пат бр. 106 од Државната патна мрежа Горна Џумаја – ГП „Логодаж“ („Станке Лисичково“).

Напоредно на првокласниот пат проаѓа и дел од трасата железничката линија Софија – Горна Џумаја – Кулата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 30. ISBN 978-954-398-401-5.

Надворешни врски

уреди

42°0′24″N 23°3′40″E / 42.00667° СГШ; 23.06111° ИГД / 42.00667; 23.06111