Логодашка Река
Логодашка Река — река во Горноџумајско, Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 22 км и ги одводнува источните и средишни делови на планината Влаина.[1]
Логодашка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Место | Горноџумајско, Пиринска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Влаина |
• координати | 42°01′26″N 22°52′38″E / 42.0239° СГШ; 22.8772° ИГД |
• надм. вис. | 995 м |
Устие | |
• место | р. Струма кај с. Покровник, Општина Горна Џумаја |
• координати | 41°58′47″N 23°04′29″E / 41.9797° СГШ; 23.0747° ИГД |
• надм. вис. | 315 м |
Должина | 22 км |
Големина на сливот | 166 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Струма→ Егејско Море |
Река извира под името Клисурска Река на надморска височина од 995 м од планината Влаина, 300 м северозападно од маалото Ваклинци на с. Клисура, Општина Горна Џумаја (Благоевград). Најпрвин тече на југоисток во длабока и добро пошумена долина, а по с. Логодаш страните стануваат мошне соголени. По утоката на најголемата притока Четрока (десна) Логодашка Река свртува на исток и кај с. Покровник навлегува во Горноџумајската Котлина, каде коритото ѝ е уредено со брежни насипи. Завршува како десна притока на Струма, 500 м југоисточно од Покровник.
Сливот на реката зафаќа 166 км2, што претставува 0,96 % од вкупниот слив на Струма.
Главни притоки: → лева, ← десна
- → Дренски Дол
- ← Четрока (најголема)
- ← Поповска река
Логодашка Река се напојува претежно од дождови; најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.
По течението на реката има три села: Клисура, Логодаш и Покровник, сите во Општина Горна Џумаја.
Водите на реката и на некои од нејзините притоки се користат за наводнување, за која цел на една нејзина мала лева притока е изградено големото вештачко езеро Стојковци.
Топографски карти
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 290.