Битка кај Аламо

(Пренасочено од Битката кај Аламо)

Битка кај Аламо (23 февруари - 6 март 1836) — клучен настан во Тексашката револуција. По 13-дневната опсада, силите на Мексико под команда на генерал-претседател Антонио Лопес де Санта Ана го започнале нападот врз мисијата од Аламо во близина на Сан Антонио де Бејар (денешен Сан Антонио,Тексас). Сите, освен двајца бранители на Тексас, биле убиени.

Битка кај Аламо
Дел од Тексашка револуција

Аламо, насликано во 1854 година
Датум 23 февруари– 6 март 1836
Место Сан Антонио, Тексас
29°25′32″N 98°29′10″W / 29.42556° СГШ; 98.48611° ЗГД / 29.42556; -98.48611
Исход мексиканска победа
Завојувани страни
Мексико Република Тексас
Команданти и водачи
Антонио Лопес де Санта Ана
Мануел Фернандес Кастрилон
Мартин Перфекто де Кос
Вилијам Травис 
Џим Боуви 
Дејви Крокет 
Вилијам Кери 
Џорџ Кимбл 
Алмарон Диконсон 
Сила
~2,000–2,100[1] 185–260
Жртви и загуби
Мексиканска официјална верзија
60 убиени и 250 повредени[2]
Тексашки проценки
400–600 убиени и повредени[3][4][5]
182–257 убиени[1]

Забележаната немилосрдност кај Санта Ана во текот на битката, поттикнала многу населеници на Тексас и авантуристи од САД да стапат во Тексашката војска. Водени од желбата за одмазда, на 21 април 1836 година, Тексашаните ја поразиле мексиканската војска во Битката кај Сан Хасинто, ставајќи ѝ крај на револуцијата.

Неколку месеци претходно, Тексашаните ги избркале сите трупи на Мексико надвор од Мексикански Тексас. Во тоа време, околу 100 Тексашани биле заштитени кај Аламо. Тексашката воена сила малку се зголемила со пристигнувањето на засилувања водени од команданти-помошници Џејмс Боуви и Вилијам Б.Тревис. На 23 февруари, како прв чекор во воената операција за повторното освојување на Тексас, околу 1.500 мексикански трупи го започнале својот марш кон Сан Антонио де Бејар.

Во следните 12 дена, двете војски се впуштиле во неколку престрелки со минимален број на жртви. Свесен дека неговиот гарнизон не би можел да издржи напад од страна на толку голема воена сила, Тревис напишал многубројни писма во кои молел за повеќе мажи и резерви, но само помалку од 100 засилувања пристигнале.

Во раните утрински часови на 6 март, мексиканската војска се приближила кон Аламо. Откако два напади биле одбиени, Тексашаните не биле во можност да го одбегнат третиот напад. Како што мексиканските војници се искачувале по ѕидовите, така повеќето тексашки војници се повлекувале кон внатрешноста. Бранителите кои не можеле да пристигнат до овие места биле убиени од страна на коњицата на Мексико, додека се обидувале да побегнат. Можно е да се предале од 5 до 7 Тексашани, и доколку било така, тие бргу биле погубени. Според изјавите на сведоците имало од 182 до 257 мртви Тексашани, додека повеќето историчари се согласуваат дека од 400 до 600 Мексиканци биле убиени или ранети. Неколку биле испратени во Гонсалес да пренесат на луѓето за поразот на Тексас. Вестите предизвикале паника и поради тоа, тексашката војска, повеќето доселеници и Владата на новосоздадената Република Тексас побегнале од мексиканската војска која била во налет.

Во Мексико, битката често била засенета со настани од мексиканско-американската војна која траела од 1846 до 1848 година. Во XIX век Тексас, комплексот на Аламо постепено станувал познат како место на битка отколку некогашна мисија. На почетокот на XX век, законодавната власт на Тексас го купила земјиштето и градбите, и ја означила капелата на Аламо како официјално светилиште на државата Тексас. Денес,Аламо е најпознатото туристичко место во Тексас. Почнувајќи од 1843, Аламо послужило како тема за многубројни дела од научно-стручната литература. Сепак, повеќето Американци знаат за Аламо од митовите кои се расприкажани од страна на многу филмски и телевизиски адаптации, вклучувајќи ја и мини серијата Дејви Крокет на Дизни од 1950-те години и филмот Аламо на Џон Вејн од 1960 година.

Позадина

уреди

Под команда на претседателот Антонио Лопес де Санта Ана, мексиканската влада започнала да се оттргнува од федералистичкиот модел. Сè повеќето диктаторските политики, вклучувајќи го и укинувањето на Уставот од 1842 година во почетокот на 1835, поттикнало многу федералисти да се побунат. Регионот на мексиканската граница на Тексас бил значително населен со доселеници од САД. Тие биле навикнати на големи поединечни права и гласно го искажале незадоволството за промената кон централизмот. Веќе сомничави од претходните обиди на Америкаците да го купат Тексас, мексиканските власти ги обвиниле американските доселеници за немирите во Тексас, од кои повеќето не ни вложиле напор за да се приспособат кон мексиканската култура.

Новите политики кои го забранувале на ропството[6] и имиграциите, како и зголеменото спроведување на законите и увозните тарифи, поттикнале многу имигранти на бунт.[7]Пограничниот регион на мексикански Тексас бил главно населен со имигранти од САД, некои легални, но повеќето нелегални. Некои од овие имигранти донеле со себе голем број робови, така што до 1836 година, имало околу 5.000 поробени лица во вкупното население кое не е домородно население кое се проценува на 38.470[8]

Во октомври, Тексашаните се впуштиле во првата официјална битка со мексиканските трупи и тоа претставувало почеток на Тексашката револуција.[9]Решен да го задуши востанието, Санта Ана започнал да собира поголема војска во Тексас за да воспостави ред.[10] Повеќето негови војници биле неискусни регрути и голем дел од нив број биле присилно регрутирани.[11]

A sprawling complex of buildings with low walls sits in a shallow valley overlooked by rolling hills.
Падот на Аламо, нацртан од Теодор Гетилц во 1844, го опишува комплексот на Аламо од југ.Напред се поставени касарните,капелата и дрвениот бедем кој ги опкружува.

Тексашаните ги поразиле силите на Мексико кои биле поставени во Тексас. На 9 декември, по опсадата на Беар.[9], се предадела последната група на мексиканските војници во регионот, која била под команда на генерал Мартин Перфекто де Кос (зет на Санта Ана).

До тој момент, Тексашката војска била доминирана од страна на неодамнешните пристигнувања во регионот, главно од авантуристи од САД. Многу населеници на Тексас, неподготвени за долга и голема операција се вратиле дома. Разгневен од американското мешање во мексиканските работи, Санта Ана донел решение во кое ги прогласил туѓинците за пирати, доколку тие учествуваат во борбата во Тексас.

Одлуката успешно го забранила преземањето воени заробеници: заробените пирати биле бргу погубени во овој временски период.[12][13] Санта Ана ја повторил оваа порака во добро формулирано писмо до претседателот на САД, Ендру Џексон. Ова писмо не беше широко расподелено и повеќето американски регрути кои ѝ служеа на војската на Тексас не биле свесни дека нема да има воени заробеници.[14]

Кога силите на Мексико заминале од Сан Антонио де Беар (денешен Сан Антонио), тексашките војници основале гарнизон кај мисијата од Аламо, поранешна шпанска религиозна населба, која била претворена во привремена тврдина, опишана од Санта Ана како „неправилна тврдина едвај достојна на името“. Аламо била изградена да издржи напад од страна на домородни племиња а не од војска опремена со артилерија.[15] Комплексот се протегал на 1,2 хектари, обезбедувајќи речиси 1.320 стапки на периметар (400 метри) за да се брани. Плоштадот во внатрешноста на исток се граничел со капела, а на југ со касарна.[16] Дрвен бедем се протегал помеѓу овие две градби.[17] Северно од капелата се протегале долгите касарни.[18] На северниот агол од источниот ѕид било поставено трло за стока и корал за коњи. Ѕидовите кои го обиколувале комплексот биле големи околу 2,75 стапки (0,84 метри) и варирале од 2,7 до 3,7 метри во височина.[19]

За да се надомести недостатокот од засолништа за престрелки, тексашкиот инженер Грин Б.Џејмсон изградил писти за да им овозможи на бранителите да пукаат преку ѕидовите; меѓутоа, овој начин го оставил горниот дел од телото на стрелците незаштитен. Мексиканските воени сили заборавиле 19 топа, меѓу кои бил и топот што користел гранати од 18 фунти,кој Џејмсон го поставил по должина на ѕидовите.

Тексашкиот гарнизон бил слабо опремен со екипаж и со набавки, со помалку од 100 војници кои останале до 6 јануари 1836 година. Полковникот Џејмс С.Нил, командантот на Аламо за вршење на должноста, напишал писмо до привремената влада[16]: „Доколку некогаш овде имало долари, јас не сум запознаен со тоа“. Нил побарал дополнителни трупи и резерви, истакнувајќи дека гарнизонот најверојатно не е во состојба да издржи опсада која ќе трае подолго од 4 дена. Владата на Тексас била во превирање и не била во можност да обезбеди помош. Четири различни луѓе тврделе дека им е дадена команда врз целата војска. На 14 јануари, Нил стапил во контакт со еден од нив, Сем Хјустон, за помагање при собирање опрема, облека и муниција.[20]


Причини за битка

уреди
Three-quarter portrait of a young clean-shaven man with long sideburns and a widow's peak hairline. His arms are crossed.
На 19 јануари, Џејмс Боуви пристигна кај мисијата од Аламо со налози да го уништи комплексот. Наместо тоа, стана помошник-командант на гарнизонот.

Хјустон не можел да располага со потребниот број на мажи за да организира успешна одбрана. Наместо тоа, го испрати полковникот Џејмс Боуви со 30 мажи да ја собори артилеријата на Аламо и да го уништи комплексот. Боуви не беше во способност да ја пренесе артилеријата бидејќи на гарнизонот на Аламо му недостигаа потребните животни. Набрзо, Нил го убеди Боуви дека местото е од стратешко значење. Во писмо до гувернерот Хенри Смит, Боуви образложи дека спасот на Тексас во голема мерка, зависи од чувањето на Беар од непријателот. Служи како гранична стража и ако беше во сопственост на Санта Ана, не постои упориште кое би го одвратило во неговиот марш кон Сабин.. Крајот на писмото до Смит гласеше:-Полковникот Нил и јас дојдовме до свечена одлука дека гордо би загинале во овие ендеци отколку да го предадеме на непријателот. Исто така, Боуви прати писмо до привремената влада барајќи -мажи, пари, пушки и прав за топови. Беа овластени неколку засилувања;на 3 февруари офицерот на коњицата Вилијам Б. Тревис со 30 мажи пристигна во Беар. 5 дена подоцна, пристигна мала група на волонтери заедно со Дејви Крокет.

На 11 февруари, Нил замина од Аламо, најверојатно да бара дополнителни засилувања и да собере резерви. Тој ја предаде командата највисоко-рангиран офицер од редовен ред на војската во гарнизонот на Тревис. Гарнизонот го сочинуваа голем број на волонтери, и тие не беа подготвени да го прифатат Тревис како нивен водач. Наместо него, луѓето го избраа Боуви како нивен командант, кој имаше углед на жесток борец. Боуви ова го прослави така што се опијани и направи пустош во Беар. За да ги ублажи произлезените непријатни чувства, Боуви се согласи да ја дели командата со Тревис.

Lithograph depicting head and shoulders of a middle-aged, clean-shaven man wearing an ostentatious military uniform.
Во 1836, генералот Антонио Лопес де Санта Ана ги предводеше мексиканските трупи во Тексас.

Додека Тексашаните вложуваа крајни напори да најдат мажи и опрема, Санта Ана продолжи да собира мажи кај Сан Луис Потоси;до крајот на 1835, неговата војска броеше 6. 019 војници. Наместо да тргнат напред крај брегот, каде набавки и засилувања би можеле да бидат лесно доставени, Санта Ана ѝ нареди на војската да оди кон внатрешноста на Беар, политичкиот центар на Тексас и местото на поразот на Кос. Војската го започна својот марш на север кон крајот на месецот декември. Офицерите го искористија долгото патување да ги обучат мажите. Многу од новодојдените регрути не беа запознаени како да го користат нишанот од нивните пиштоли, а многу одбија да пукаат од рамо поради големото отскокнување на оружјето.

Напредувањето одеше слабо. Немаше доволно животни да ја пренесат опремата и многу кочијаши, сите цивили, си заминаа кога нивната плата беше одложена. Голем број на жени и деца кои ја следеа војската ги користеа веќе скудните набавки. Наскоро, војниците беа сведени на нецелосни оброци. На 12 февруари, тие го преминаа Рио Гранде. Во Тексас, температурите беа екстремно ниски, и до 13 февруари беше паднал снег од 15-16 инчи (38-41 см) Хипотермија(смалување на телесна температура), дизентерија и групите за грабежи на Команчи оставија катастрофални последици на мексиканските војници.

На 21 февруари, Санта Ана и неговата извидница стигнаа до брегот на реката Медина, 25 милји (40 км) оддалечена од Беар. Несвесни за наближувањето на мексиканската војска, мнозинството од гарнизонот на Аламо им се придружи на фиеста(забава) на жителите на Беар. Откако разбра за испланираната прослава, Санта Ана му нареди на генералот Хоакин Рамирес и Сезма веднаш да го зазеде незаштитеното Аламо, но ненадејни дождови го запреа тој поход.

Опсада

уреди

Вложување

уреди

Во раните утрински часови на 23 февруари, жителите започнаа да го напуштаат Беар, стравувајќи од неизбежното пристигнување на мексиканската војска. Иако не беа убедени од озборувањата, Тревис постави војник во камбанаријата на црквата во Сан Фернандо-највисоката точка во градот-да набљудува знаци од воена сила која би се приближувала. Неколку часа подоцна, тексашките извидувачи изјавија дека ги гледаат мексиканските трупи 1, 5 милји (2, 4 км) оддалечени од градот. Беа направени неколку подготовки за можна опсада. Една група Тексашани се туркаше да ја втера стоката внатре во Аламо, додека други се гребеа за храна во неодамна напуштените куќи. Неколку членови на гарнизонот кои живееа во градот ги поведоа своите семејства со нив кога се пријавиле за Аламо.

Меѓу нив, беа и Алмарон Дикинсон, кој ја донесе својата сопруга Сузана и штотуку родената ќерка Ангелина, Боуви кој беше придружуван од роднините на неговата починета сопруга, Гертрудис Наваро и Хуана Наваро Алсбури, и младиот син на Алсбури, и Грегорио Еспарса, чиишто семејства се искачија низ прозорецот на капелата на Аламо откако пристигна мексиканската војска. Други членови на гарнизонот не можеа да се јават на должност;поголемиот дел од мажите кои работеа надвор од Беар не се обидоа да се искраднат преку мексиканските граници.

До доцна попладне, Беар беше окупиран од страна на околу 1. 500 мексикански трупи. Кога мексиканските трупи кренаа знаме црвено како крв, кое означуваше безмилост. На ова Тревис реагираше со експлозија од најголемиот топ на Аламо. Верувајќи дека Тревис изреагирал необмислено, Боуви го испрати Џејмсон да се сретне со Санта Ана. Тревис се разбесни бидејќи Боуви реагирал еднострано и пратил свој претставник. Двајцата емисари се сретнаа со полковникот Хуан Алмонте и Хосе Бартрес. Според Алмонте, Тексашаните побарале чесна капитулација, но беа информирани дека каква било капитулација мора да е безусловна. Кога разбраа за ова, Боуви и Тревис меѓусебно се договориле повторно да пукаат од топот.

Престрелки

уреди

Првата ноќ од опсадата беше прилично мирна. Во текот на следните неколку дена, мексиканските војници поставија артилериски батерии, отпрвин на 300 метри од јужните и источните ѕидови на Аламо. Трета батерија беше поставена југоисточно од тврдината. Секоја вечер батериите се пробиваа сè поблизу до ѕидовите на Аламо. Во текот на првата недела од опсадата, повеќе од мексиканските топовски ѓулиња паднаа на плоштадот на Аламо. Отпрвин, Тексашаните го искористија пукањето на мексиканската артилерија, често употребувајќи ги мексиканските топовски ѓулиња. На 26 Февруари, Тревис ѝ нареди на артилеријата да чува прав и куршуми.

Во среда, на 24 февруари се случија два значајни настани. Во одреден момент тој ден, Боуви се разболе, оставајќи го Тревис како единствен командант. Доцна тоа попладне, еден мексикански извидник стана прв смртен случај на опсадата. Следното утро, од 200 до 300 мексикански војници ја преминаа реката Сан Антонио и се засолнија во напуштени колиби во близина на ѕидовите на Аламо. Неколку Тексашани се осмелија да ги запалат колибите и Тексашаните во Аламо се снабдија со засолништа од пукање. По двoчасовна престрелка мексиканските трупи се повлекоа во Беар. Беа убиени двајца мексикански војници, а четворица беа ранети. Ниту еден Тексашанец не беше повреден.

На 25 февруари, дуваше многу силен ветер, спуштајќи ги температурите на 4 целзиусови степени. Ниту една војска не беше подготвена на ниските температури. Обидите на Тексашаните да соберат огревно дрво беа попречени од мексиканските трупи. Вечерта на 26 февруари, полковникот Хуан Брингас се бореше со неколку Тексашани кои палеа сè повеќе колиби. Според историчарот Џ. Р. Едмондсон, бил убиен еден Тексашанец.

Засилувања

уреди

Санта Ана постави една група источно од Аламо, на патот за Гонсалес. Алмонте и 800 драгуни беа поставени покрај патот за Голиад. За време на опсадата овие градови примија многубројни курири да молат за засилувања и опрема кои беа испратени од страна на Тревис. Најпознато од неговите официјални писма, кое е напишано на февруари, е адресирано како „за луѓето на Тексас и сите Американци во светот". Според историчарот Мери Дебора Петит, писмото многумина го сметаат за едно од ремек-делата на американскиот патриотизам. Копии од писмото беа расподелени низ цел Тексас, и најверојатно преиздадени насекаде низ САД и дел од Европа.

Како што вестите од опсадата се ширеа низ цел Тексас, можни засилувања се собираа во Гонсалес. Тие се надеваа на рандеву со полковникот Џејмс Фанин за кого се очекуваше да пристигне од Голиад со неговиот гарнизон. На 26 Февруари, по деновите на колебливост. Фанин даде наредба 320 мажи со 4 топа и неколку товарни вагони да маршираат кон Аламо. Оваа група патуваше помалку од 1, 0 милја (1, 6 км) пред да се врати назад. Фанин фрли вина врз офицерите за повлекувањето;офицерите и регрутираните мажи го обвинија Фанин дека тој ја прекинал мисијата.

Head and shoulders of a clean-shaven man with wavy hair. He wears a simple miiltary jacket, unbuttoned, with a star on the collar.
На 24 февруари Вилијам Б. Тревис стана единствениот командант на Аламо.

Тексашани кои беа собрани во Гонсалес не беа свесни за враќањето на Фанин во Голиад, и поголем број продолжија да чекаат. На 27 февруари, Тревис , изнервиран од доцнењето, му нареди на Семјуел Џ. Бастијан да оди во Гонсалес за да побрза со засилувањата. Според историчарот Томас Рикс Линдли, Бастијан се сретна со група на мажи од Гонсалес на кои им беше здосадено да го чекаат Фанин. Мексиканска патрола нападна, истерувајќи четири мажи, вклучувајќи го и Бастијан. Во темнината, Тексашаните пукаа во преостанатите 32 мажи, за кои претпоставија дека се мексикански војници. Беше ранет еден маж и неговите англиски клетви ги убедија бранителите да ги отворат капиите.

На 3 март, Тексашаните гледале од ѕидовите како околу 1. 000 мексикански трупи, облечени во униформи, маршираа накај Беар. Во текот на попладнето, Мексиканската војска гласно славеше во честа на нивните засилувања и на вестите дека трупите под команда на генералот Хосе де Уреа на 27 февруари убедливо го поразиле тексашкиот полковник Френк В. Џонсон во Битката кај Сан Патрицио. Најголемиот дел од Tексашаните во Аламо веруваа дека Сезма ја водел мексиканската воена сила за време на опсадата, и тие по грешка му ја препишаа прославата за пристигнувањето на Санта Ана. Во Беар, бројот на мексиканските војници со помош на засилувањата се зголеми на речиси 2. 400.

Пристигнувањето на мексиканските засилувања го поттикна Тревис да испрати тројца мажи, вклучувајќи го Дејви Крокет, за да ја најдат воената сила на Фанин, за која тој сè уште веруваше дека е на пат. Извидниците открија голема група на Тексашани кои кампуваа на оддалеченост од 20 милји, 32 километри од Аламо. Истражувањето на Линдли покажува дека до 50 од овие мажи дошле од Голиад откако мисијата за ослободување на Фанин била прекината. Неколку дена претходно, преостанатите си заминале од Гонсалес. На 4 март, пред изгрејсонцето, дел од тексашката воена сила направила пробив низ мексиканските граници и влегла во Аламо. Мексиканските војници ја пренеле втората група преку преријата.

Подготовки за напад

уреди

На 4 март, денот откако засилувањата пристигнаа, Санта Ана даде предлог за напад врз Аламо. Многу од неговите претпоставени офицери препорачаа дека го чекаат топот кој користи гранати од 12 фунти за кој се очекуваше да пристигне на 7 март. Таа вечер, жена од локалното место, веројатно братучетка на Боуви, Хуана Наваро Алсбури, му пристапи на Санта Ана да води преговори за капитулација на бранителите на Аламо. Според многу историчари, оваа посета најверојатно ја зголемила нетрпеливоста на Санта Ана;како што констатира историчарот Тимоти Тодиш-„малку слава би имало во победа без крвопролевање". Следното утро, Санта Ана соопшти на неговиот персонал дека нападот ќе се случи во изутрината на 6 март. Санта Ана нареди трупите од Беар да бидат ослободени од првите борбени редови на фронтот, за да не би биле присилени да се борат со своите семејства. Легендата кажува дека во одредено време на 5 март, Тревис ги собрал своите луѓе и им објаснил дека нападот е неизбежен, и дека мексиканската војска ќе преовладува. Наводно, тој нацртал линија во песокот и прашал кои се подготвени да загинат за доброто на Тексас, да преминат и да застанат покрај него;се претпоставува дека само еден маж одбил. Многу историчари не обрнуваат внимание на оваа приказна. Последниот Тексашанец за кого се верува дека заминал од Аламо на 5 март, бил Џејмс Ален, курир кој пренесувал лични пораки од Тревис и уште неколку од останатите мажи.

Последен напад

уреди

Борење во надворешноста

уреди
Почетно распоредување на трупите на Мексико[21][22]
Командант Tрупи Опрема
Кос 350 10 скали

2 хебли
2 секири

Дуке/Кастриљон 400 10 скали
Ромеро 400 6 скали
Моралес 125 2 скали
Санта Ана 400 резерви

На 5 март во 22 часот, мексиканската артилерија го прекинала нивното бомбардирање. Како што предвидел Санта Ана, исцрпените Тексашани западнаа во првиот непрекинат сон кој ги фатил откако започнала опсадата. Веднаш по полноќ, мексиканските трупи започнале да се подготвуваат за последниот напад. Трупите беа поделени во четири колони, на чело со Кос, полковник Франсиско Дуке, полковник Хосе Марија Ромеро и полковник Хуан Моралес. Ветераните беа распоредени на надворешната страна на колоните за подобро да раководат со новите регрути и со регрутите во средината. Како мерка на претпазливост, 500 мексикански коњици беа поставени околу Аламо за да се спречи бегство на било тексашките или мексиканските војници. Санта Ана остана во камп со 400 резерви. Наспроти студеното време, на војниците им беше наредено да не носат палта, бидејќи тоа би можело да ги отежни нивните движења. Облаци ја покрија месечината, а како резултат на тоа, беа отежнати движењата на војниците.

Во 5:30 по полноќ, трупите напреднале без шум. Кос и неговите мажи се приближиле до северозападната страна на Аламо, додека Дуке ги водеше неговите мажи од северозапад кон процеп во северниот ѕид на Аламо. Колоната на чело со Ромеро маршираше кон источниот ѕид, а колоната на Моралес се насочи кон нискиот заштитен бедем покрај капелата. Тројцата тексашки стражари поставени надвор од ѕидовите беа убиени во нивниот сон.. што им овозможи на мексиканските војници да се приближат без да бидат забележани во рамките на област на мускета на ѕидовите. Во овој момент, тишината беше нарушена со извиците:-Да живее Санта Ана (Viva Santa Ana!) и со музика од трубачите. Вревата ги разбуди Тексашаните. Поголем број од заднинците се собраа во ѓаконикот на црквата за да се заштетат. Тревис истрча до неговото место врискајќи –Ајде момци, Мексиканците тука и ние ќе им го покажеме пеколот!! И како што тој минуваше, група на техано луѓе викаа - Момчиња, не се предавајте!(No rendirse, muchachos!)

A manuscript map with a diagram of the Alamo complex. Mexican artillery are shown positioned at the northwest, southwest, and south, with their projected trajectory reaching all of the north, west, and south walls.
Оваа скица на Аламо е создадена од Хосе Хуан Санчес-Наваро во 1836. Местата означени со р R и в V го означуваат мексиканскиот топ, а положбата с S ја покажува воената сила на Кос

Во првичните моменти од нападот, мексиканските трупи беа во неповолна позиција. Нивната формација на колоната им овозможи на војниците од првите редови безбедно да пукаат. Несвесни од опасностите, неискусните регрути не гледајќи пукаа со пушките повредувајќи или убивајќи ги трупите пред нив. Исто така, тесната собраност на трупите им понуди одлична мета на тексашката артилерија. Немајќи истрел од картеч, Тексашаните го наполнија својот топ со каков било метал што ќе го најдоа, вклучувајќи резе од врата, шајки, отсечени потковици, кои всушност го претворија топот во огромна сачмарка. Според дневникот на Хосе Енрике де ла Пења-само еден плотун од топот ја уништи половина од групата од Толука. Дуке падна од својот коњ откако се повреди во бедро и беше речиси изгазен од своите мажи. Генералот Мануел Кастриљон бргу презеде команда врз колоната на Дуке.

Иако некои во првите редови се колебаа, војниците од задниот дел ги буткаа напред. Како што трупите се собираа покрај ѕидовите, Тексашаните беа принудени да се наведнат преку ѕидовите за да пукаат, и така оставајќи се изложени на мексиканските пукања. Тревис стана еден од првите бранители кој загина, застрелан додека пукал со неговата сачмарка во војниците под него. Неколку од мексиканските скали ги досегнаа ѕидовите. Малкуте војници кои беа способни да се искачат по скалите беа брзо убиени или тепани. Како што Тексашаните ги испукуваа нивните претходно наполнети пушки, сепак беше од поголема тешкотија да ги наполнат пушките додека се обидуваа да ги отргнат мексиканските војници од искачување по ѕидовите. Мексиканските војници се повлекоа и повторно се групираа, но нивниот втор напад беше одбиен. По 15 минути тие нападнаа по третпат. Во текот на третиот напад, колоната на Ромеро која се упатуваше кон источниот ѕид, беше изложена на пукање од топ и се премести на север, мешајќи се со втората колона. Колоната на Кос, изложена на оган од Тексашаните од западниот ѕид, исто така го смени правецот на север. Кога Санта Ана согледа дека најголемиот дел од неговата војска беше групирана покрај северниот ѕид, се исплаши од тежок пораз;во паника, ги испрати резервите во истата област. Мексиканските војници кои беа најблиску до северниот ѕид увидоа дека привремениот ѕид содржеше многу процепи и дупки. Еден од првите кој се искачи по ѕидот висок 3, 7 метри (12 стапки )беше генералот Хуан Амадор;на негов предизвик, неговите мажи започнаа да се искачуваат по ѕидот. Амадор го отвори страничниот влез во северниот ѕид, овозможувајќи им на мексиканските војници да навлезат во комплексот. Останатите се искачуваа низ засолништата за пушки во западниот ѕид, кој имаше малку бранители. Како што тексашките бранители го напуштаа северниот ѕид и северниот крај од западниот ѕид, тексашките топчии на јужниот дел од мисијата го насочија својот топ кон север и пукаа во мексиканските војници кои беа во налет. Поради ова, јужниот дел на мисијата остана незаштитен;за неколку минути мексиканските војници се искачија по ѕидовите и ги убија топчиите, преземајќи контрола врз топот што користеше гранати од 18 фунти. Во ова време, луѓето на Ромеро го зазедоа источниот ѕид од комплексот и навлегуваа низ торот за стока.

Борење во внатрешноста

уреди

Како што беше испланирано, поголем дел од Тексашаните се повлекоа во касарните и капелата. Беа издлабени дупки во ѕидовите за да им се овозможи на Тексашаните да пукаат. Неспособни да дојдат до касарните, Тексашаните кои беа поставени покрај западниот ѕид се упатија на запад кон реката Сан Антонио. Кога коњицата беше наполнета, Тексашаните се засолнија и започнаа да пукаат од ендек. Сезма беше принуден да испрати засилувања и најпосле Тексашаните беа убиени. Сезма изјави дека во оваа престрелка учествувале 50 Тексашани, но Едмондсон верува дека бројката е преувеличена. Бранителите во торот за стока се повлекоа во коралот за коњи. Откако пукаа со своите оружја, мала група на Тексашани се искачи преку нискиот ѕид околу црквата и трчаа пешки кон источната прерија, која беше празна. Како што мексиканската коњица се пробиваше кон групата, Алмарон Дикинсон и неговата група на артилерија го свртеа топот и пукаа во коњицата, најверојатно задавајќи жртви. Меѓутоа, беа убиени сите Тексашани кои беа во бегство.

A man in buckskin clothes holds a rifle over his head. He is surrounded by dead soldiers.
Падот на Аламо(1903) од страна на Роберт Џенкинс Ондердонк, го опишува Дејви Крокет како ракува со неговата пушка како палка против мексиканските трупи кои ги пробиле ѕидовите на мисијата.

Последната тексашка група која остана на отворено беа Крокет и неговите луѓе, бранејќи го нискиот ѕид пред црквата. Неспособни да ги наполнат оружјата, тие ги користеа своите пушки како палки и се бореа со ножеви. По плотун од пукање и виор од мексикански бајонети, преостанатите Тексашани во оваа група се повлекоа кон црквата. Сега, мексиканската војска ги држеше под контрола сите надворешни ѕидови и внатрешноста на комплексот на Аламо, освен црквата и просториите покрај источните и западните ѕидови. Вниманието на мексиканските војници беше свртено од тексашко знаме кое се виореше на покривот на една од градбите. Четворица Мексиканци беа убиени пред да биде кренато знамето на Мексико на тоа место.

Во следниот час, мексиканската војска обезбеди целосна контрола врз Аламо. Многу од останатите бранители беа сместени во собите на касарните Во збрка, Тексашаните не обрнаа внимание за да го засилнат топот пред повлекувањето. Мексиканските војници го свртеа топот кон касарната. Како што секоја врата беше разбивана, мексиканските војници испалуваа плотун од мускети во темната соба.

Премногу болен да учествува во битката, Боуви најверојатно починал во кревет. Сведоци на битката дадоа спротивставени искази за неговата смрт. Некои сведоци потврдуваат дека тие виделе како неколку мексикански војници влегуваат во собата на Боуви, го прободеле со бајонет и го изнесле жив од собата. Други тврдат дека Боуви сам се застрелал или бил убиен од војници. Според историчарот Валас Чаритон, најпопуларната и најточната верзија е дека Боуви починал во неговиот кревет, потпрен со плеќите на ѕидот, и користејќи ги своите пиштоли и неговиот познат нож.

Последните Тексашани кои загинале беа 11 мажи кои го управувале топот кој користел гранати од 12 фунти во капелата. Куршуми од топот кој користел гранати од 18 фунти ги уништил барикадите во предниот дел на црквата и мексиканските војници влегле во зградата откако пукаа плотун од мускета. Тимот на Дикинсон пукаше со топот од апсидата во мексиканските војници кои беа кај вратата. Немајќи време да ги наполнат оружјата, Тексашаните, вклучувајќи ги Дикинсон, Грегорио Еспарза и Џејмс Бонам, ги зграпчија пушките и пукаа пред да бидат прободени до смрт со бајонет. Тексашанецот Роберт Еванс, господарот на снабдување со оружје, беше задолжен да го чува барутот за тој да не дојде во мексиканските раце. Ранет, ползеше кон магацинот за барут, но беше убиен од сачма, а неговиот факел беше малку оддалечен од барутот. Да успееше, експлозијата би ја уништила црквата и би ги убила жените и децата кои се криеја во ѓаконикот.

Како што војниците се приближуваа кон ѓаконикот, еден од помалите синови на бранителот Ентони Волф застана да се покрие со ќебе. Во темнината, мексиканските војници го препознаа со друга личност и го убија. Најверојатно, последниот Тексашанец кој загинал во битката бил Џејкоб Вокер, кој се обидел да се сокрие зад Сузана Дикинсон и беше прободен со бајонет пред нејзините очи. Исто така, друг Тексашанец, Бригидо Гереро, побара засолниште во ѓаконикот. Гереро кој дезертираше од мексиканската војска во декември 1835, беше поштеден откако ги убеди војниците дека е тексашки затвореник.

До 6:30 во изутрината, Битката кај Аламо била завршена. Мексиканските војници ги прегледале сите трупови, и ако некој човек малку се помрднувал, ќе го прободеле со бајонет. Иако сите Тексашани биле мртви, мексиканските војници продолжиле да пукаат, а некои во забуна дури и се убиле меѓусебно. Мексиканските генерали не биле способни да ја спречат крволочноста и побарале помош од Санта Ана. Иако генералот дошол, насилството продолжило и на трубачите конечно им бил даден сигнал за повлекување. Уште 15 минути, војниците продолжиле да пукаат во мртвите тела.

Последици од војната

уреди

Жртви

уреди
A white marble coffin sits on a ledge in front of stained glass windows. On the front of the coffin is a large 5-pointed star. Engraved within the star are the words "Texas Heroes" and small images of three men.
Се претпоставува дека крипта во катедралата во Сан Фернандо ја чува пепелта на бранителите на Аламо. Историчарите веруваат дека пепелта најверојатно е закопана во близина на Аламо.


Според многу искази за битката, се предале меѓу пет или седум Тексашани. Разбеснет од тоа дека неговите наредби биле отфрлени, Санта Ана барал веднаш да се погубат преживеаните. Недели по битката, кружеа приказни дека Крокет бил меѓу оние кои се предале. Сепак, Бен, некогашен американски роб кој подготвувал храна за офицерите на Санта Ана, тврдеше дека телото на Крокет кога било пронајдено било обиколено со ни повеќе, ни помалку туку со 16 трупа. Историчарите имаат различни мислења за тоа која верзија за смртта на Крокет е точна.

Наводно, Санта Ана му кажал на капетанот Фернандо Уриза дека битката- не била голем настан. Тогаш, друг офицер забележал дека: –со уште една ваква победа, ќе отидовме по ѓаволите. Во неговиот првичен извештај, Санта Ана тврди дека се убиени 600 Тексашани, а од страна на Мексико, биле убиени 70 мексикански војници, а 300 биле ранети. Неговиот секретар, Рамон Мартинес Каро, подоцна го негирал овој извештај. Други проценки на бројот на убиените мексикански војници се движеше од 60 до 2. 000, со дополнителнителен број на 300 ранети. Повеќето историчари на Аламо го вбројуваат бројот на мексиканските жртви од 400 до 600 Мексиканци. Ова би претставувало околу една-третина од мексиканските војници кои учествувале во последниот напад, за кои Тодиш дава приговор дека-според сите критериуми бројот на жртвите е огромен.. Повеќето сведоци бројат од 182 до 257 убиени Тексашани. Некои историчари веруваат дека, во најмала рака, еден Тексашанец, Хенри Ворнел, успешно побегнал од местото на битката. Неколку месеци подоцна, Ворнел починал од рани со кои се здобил или за време на последната битка или во текот на неговото бегство како курир.

Мексиканските војници беа погребани во локалните гробишта Санто Кампо. Набргу по битката, полковникот Хуан Хосе Санчес Наваро даде предлог дека треба да се подигне споменик за паднатите мексикански војници. Кос ја одбил идејата.

Телата на Тексашаните беа наредени едно покрај друго и запалени. Телото на Грегорио Еспарза беше единствениот исклучок. Неговиот брат, Франсиско, офицер во војската на Санта Ана, доби одобрение да му овозможи соодветен погреб на Грегорио. Во февруари 1837, Хуан Сегуин се врати во Беар да ги истражи посмртните остатоци. Едноставен сандак на кој му беа врежани имињата Тревис, Крокет и Боуви, беше исполнет со пепел од погребните клади. Според статија од 28 март, 1837 во “телеграф и регистар на Тексас”, Сегуин го закопал сандакот под дрво од праска. Местото не беше означено и денес не може да биде идентификувано. Сепак, подоцна Сегуин тврдеше дека го поставил сандакот пред олтар во катедралата во Сан Фернандо. Во јули 1936, беше откриен сандак закопан на тоа место, но според историчарот Валас Черитон мали се изгледите, навистина да ги содржи посмртните остатоци на бранителите на Аламо. Во сандакот беа пронајдени делови од униформи, а познато е дека бранителите на Аламо не носеле униформи.

Преживеани Тексашани

уреди
Portrait of an unsmiling, middle-aged woman in a voluminous dress. Her hair is piled on the back of her head, with ringlets near her ears. She holds a fan in her hands.
Сузана Дикинсон ја преживеа Битката кај Аламо. Санта Ана ја испрати кај тексашките колонисти да шири глас за поразот на Тексас.

Санта Ана, поради бунтот на Тексашаните, го поштеди Џо, робот на Тревис, во обид да ги убеди останатите робови во Тексас да ѝ дадат поддршка на мексиканската влада. Денот по битката, тој разговараше посебно со секој заднинец. Воодушевен од Сузана Дикинсон, Санта Ана се понуди да ја посвои нејзината мала ќерка Ангелина и на детето да му овозможи образование во Мексико Сити. Дикинсон ја одби понудата, која не ѝ беше понудена на Хуана Наваро Алсбури за нејзиниот син кој беше на таа возраст. На секоја жена и беше дадено ќебе и два сребрени пезоа. На Алсбури и другите техано жени им беше дозволено да се вратат во нивните домови во Беар;Дикинсон, нејзината ќерка и Џо, придружувани од Бен, беа испратени во Гонсалес. Тие беа охрабрени да ги раскажат настаните од битката и да го известат остатокот од тексашката воена сила дека војската на Санта Ана е непобедлива.

Влијание на револуцијата

уреди

Во текот на опсадата, новоизбраните делегати од цел Тексас се собраа на Конвенција од 1836. На 2 март, делегатите објавија независност, создавајќи ја Републиката Тексас. 4 дена подоцна, на Конвенцијата делегатите примија телеграма која била напишана од Тревис на 3 март, предупредувајќи за страшната ситуација. Несвесни дека Аламо е освоен, Роберт Потер нареди Конвенцијата да биде одложена и веднаш да маршираат кон Аламо за да го ослободат. Сем Хјустон ги убеди делегатите да останат во Вашингтон за да го создадат Уставот. Откако беше назначен за единствен командант на сите тексашки трупи, Хјустон отпатува до Гонсалес да презеде команда на 400 волонтери кои сè уште го чекаа Фанин за да ги предводи кон Аламо.

На 11 март, за помалку од неколку часа од пристигнувањето на Хјустон, Андрес Барсенас и Анселмо Бергарас пристигнаа и ги објавија вестите дека Аламо е освоено и дека сите Тексашани се погубени. Надевајќи се дека ќе ја запре паниката, Хјустон ги затвори луѓето бидејќи мислеше дека се шпиони на непријателот. Неколку часа подоцна, тие беа ослободени кога Сузана Дикинсон и Џо стигнаа во Гонсалес и го потврдија извештајот. Сфаќајки дека мексиканската војска набргу ќе се пробие кон тексашките населби, Хјустон ги советуваше сите цивили да ја напуштат областа и ѝ нареди на својата војска да се повлече. Ова предизвика масовен егзодус, познат како „ранавеј скрејп" (Runaway Scrape)и повеќето Тексашани заедно со членовите на владата, побегнааа на исток.

Наспроти загубите кај Аламо, Мексиканската војска во Тексас беше помногубројна од тексашката војска. Санта Ана претпостави дека несразмерноста во бројот на трупите и судбината на тексашките војници кај Аламо би го задушиле отпорот и дека тексашките војници брзо би ја напуштиле територијата. Вести за падот на Аламо го имаа спротивниот учинок и луѓе се собираа во војската на Хјустон. Њујорк Пост објави дека-ако Санта Ана се однесувал со умереност и широкоградост кон поразените, би било тешко, па дури и невозможно да се разбуди општото сочувство за луѓето од Тексас, кое сега поттикнува многу авантуристи и лојални души да се соберат во голем број за да помогнат на своите браќа.

Попладнето на 21 април, војската на Тексас го нападна логорот на Санта Ана во близина на траектот Линчбург. Мексиканската војска беше изненадно нападната, и по само 18 минути заврши Битката кај Сан Хасинто. Во текот на борбата, многу од тексашките војници постојано извикува:-Сети се на Аламо!!. Следниот ден, Санта Ана беше заробен и наводно му кажал на Хјустон:-Човекот може да мисли за себеси дека нема обична судбина и дека го освоил Наполеон на запад. И сега му преостанува да биде широкограден кон поразените. Хјустон на тоа одговори со –на тоа требало да мислиш кај Аламо. Санта Ана беше принуден да им нареди на своите трупи да го напуштат Тексас, ставајќи и крај на мексиканската команда на провинцијата и давајќи ѝ законитост на новата република.

Спомен

уреди

По битката, Санта Ана беше виден или како национален херој или како отпадник. Мислењата на Мексиканците за битката го отсликуваа тогашното гледиште. Санта Ана беше посрамотен по неговото заробување во Битката кај Сан Хасинто, и многу искази на Мексиканците за војната беа напишани од луѓе кои биле или станале негови критичари кои зборувале без влакна на јазикот. Петит и многу други историчари веруваат дека можно е некои од приказните да се измислени, како што се погубувањето на Крокет, за дополнително да го компромитираат Санта Ана. Во мексиканската историја, воената операција на Тексас, вклучувајќи ја и Битката кај Аламо, набргу беше засенета од страна на мексиканско-американската војна од 1846-48.

The rectangular base of a cenotaph. An angel is carved on one end. On the side are carvings of several men, shown wearing bucksin or 19th-century suits. Many hold guns or knives; at the far end, one operates a cannon.
Споменик за бранителите на Аламо

Во Сан Антонио де Беар, техано населението комплексот на Аламо, во голема мера, го сметаше како повеќе од место на битка ;тоа претставуваше децении на помош-како мисија, болница или воено место. Како што растеше бројот на населението од англиско говорно подрачје, комплексот стана најпознат по битката. Главен интерес беше ставен на бранителите на Тексас, со мало нагласување на улогата на техано војниците кои служеа на тексашката војска или постапките на мексиканската војска. Во почетокот на 20 век, законодавната власт на Тексас го купи земјиштето и ги назначи ќерките на Република Тексас како постојани домари, на тоа што денес е официјалното светилиште на државата. Пред црквата, во центарот на плоштадот на Аламо, поставено е спомен обележје, проектирано од страна на Помпео Копини, кој ги комеморира Тексашаните и Техано кои ги дадоа своите животи во текот на битката. Според „Бојното поле на Тексас” на Бил Гронман, Аламо стана најпосетеното туристичко место во Тексас.

In the center of a circular coin is a kneeling angel with her arm draped over the Alamo chapel. Under each of her wings is a circular portrait with the head and shoulders of a man; on the left the portrait is labelled Houston, on the right it is labelled Austin. Along the edges of the coin are the words "The Texas Independence Centennial - Remember the Alamo".
Оваа комеморативна монета, која одбележува 100 години откако Тексас објави независност од Мексико, ја содржи фразата “Сети се на Аламо!. ”

Првите истории за битката на англиски јазик беа напишани и објавени од Тексас Ренџер и аматерскиот историчар Џон Хенри Браун. Следната поголема разработка на битката беше „Падот на Аламо” на Рубен Потер, издаден 1878 во списанието на американската историја. Делото на Потер се темели на интрвјуа со многу од преживеаните Мексиканци во битката. Првата долга, научно-стручна книга која ја опфаќа битката е “Аламо” на Џон Маерс Маерс издадена во 1948 година. Децении оттогаш, битката се појави во многу научно-стручни дела.

Според Тодиш:-може да постои малку сомнеж, дека повеќето Американци најверојатно ги оформиле своите мислења за настанот кај Аламо од разновидни филмови снимени за битката, а не од книгите. Во 1911 г. се појави првата филмска верзија за битката „Бесмртното Аламо” режиран од страна на Гастон Мелис. Битката стана многу попозната откако се појави на мини серијата „Дејви Крокет” на Дизни од 1950-тите, која во голема мера беше заснована на мит. Во 1960-тите, Џон Вејн го режираше и глумеше во еден од најпознатите филмови наречен Аламо, кој не е многу веродостоен на вистинскиот настан. Во 2004 друг филм, беше снимен друг филм, наречен Аламо. За овој филм се верува дека е повеќе веродостоен на вистинските настани од другите филмови.

Голем број на композитори беа инспирирани од Битката кај Аламо. „Баладата за Дејви Крокет“ на Тенеси Ерни Форд се задржа 16 недели на топ листите на кантри-музиката, искачувајќи се на местото број 4 во 1955. Во 1960 година, Марти Робинс сними верзија на песната „Балада за Аламо” која се задржа 13 недели на поп листите, искачувајќи се на 34-то место.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Hardin (2010).
  2. „La Batalla del Álamo“.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име todish55.
  4. Hardin (1994), стр. 155.
  5. Nofi (1992), p. 136.
  6. McCullar, Emily (October 29, 2020). „How Leaders of the Texas Revolution Fought to Preserve Slavery“. texasmonthly.com. Посетено на October 22, 2022.
  7. Todish et al. (1998), p. 6.
  8. „The Transformation of the Texas Economy“. University of Texas at Austin. January 11, 2016.
  9. 9,0 9,1 Barr (1990), p. 56.
  10. Hardin (1994), стр. 98.
  11. Todish et al. (1998), p. 20.
  12. Barr (1990), p. 63.
  13. Scott (2000), p. 71.
  14. Scott (2000), pp. 74–75.
  15. Edmondson (2000), стр. 129.
  16. 16,0 16,1 Edmondson (2000), стр. 131.
  17. Todish et al. (1998), p. 10.
  18. Edmondson (2000), стр. 364.
  19. Myers (1948), p. 180.
  20. Hardin (1994), стр. 111.
  21. Edmondson (2000), p. 356.
  22. Edmondson (2000), p. 357.

Литература

уреди
  • Barr, Alwyn (1996), Black Texans: A history of African Americans in Texas, 1528–1995 (2. изд.), Norman, OK: University of Oklahoma Press, ISBN 0-8061-2878-X
  • Barr, Alwyn (1990), Texans in Revolt: the Battle for San Antonio, 1835, Austin, TX: University of Texas Press, ISBN 0-292-77042-1, OCLC 20354408
  • Chariton, Wallace O. (1990), Exploring the Alamo Legends, Dallas, TX: Republic of Texas Press, ISBN 978-1-55622-255-9
  • Edmondson, J. R. (2000), The Alamo Story-From History to Current Conflicts, Plano, TX: Republic of Texas Press, ISBN 1-55622-678-0
  • Glaser, Tom W. (1985), Schoelwer, Susan Prendergast (уред.), Alamo Images: Changing Perceptions of a Texas Experience, Dallas, TX: The DeGlolyer Library and Southern Methodist University Press, ISBN 0-87074-213-2
  • Groneman, Bill (1990), Alamo Defenders, A Genealogy: The People and Their Words, Austin, TX: Eakin Press, ISBN 0-89015-757-X
  • Groneman, Bill (1996), Eyewitness to the Alamo, Plano, TX: Republic of Texas Press, ISBN 1-55622-502-4
  • Groneman, Bill (1998), Battlefields of Texas, Plano, TX: Republic of Texas Press, ISBN 978-1-55622-571-0
  • Hardin, Stephen L. (1994), Texian Iliad, Austin, TX: University of Texas Press, ISBN 0-292-73086-1
  • Henson, Margaret Swett (1982), Juan Davis Bradburn: A Reappraisal of the Mexican Commander of Anahuac, College Station, TX: Texas A&M University Press, ISBN 978-0-89096-135-3
  • Hopewell, Clifford (1994), James Bowie Texas Fighting Man: A Biography, Austin, TX: Eakin Press, ISBN 0-89015-881-9
  • Lindley, Thomas Ricks (2003), Alamo Traces: New Evidence and New Conclusions, Lanham, MD: Republic of Texas Press, ISBN 1-55622-983-6
  • Lord, Walter (1961), A Time to Stand, Lincoln, NE: University of Nebraska Press, ISBN 0-8032-7902-7
  • Manchaca, Martha (2001), Recovering History, Constructing Race: The Indian, Black, and White Roots of Mexican Americans, The Joe R. and Teresa Lozano Long Series in Latin American and Latino Art and Culture, Austin, TX: University of Texas Press, ISBN 0-292-75253-9
  • Myers, John Myers (1948), The Alamo, Lincoln, NE: University of Nebraska Press, ISBN 0-8032-5779-1
  • Nofi, Albert A. (1992), The Alamo and the Texas War of Independence, September 30, 1835 to April 21, 1836: Heroes, Myths, and History, Conshohocken, PA: Combined Books, Inc., ISBN 0-938289-10-1
  • Petite, Mary Deborah (1999), 1836 Facts about the Alamo and the Texas War for Independence, Mason City, IA: Savas Publishing Company, ISBN 1-882810-35-X
  • Schoelwer, Susan Prendergast (1985), Alamo Images: Changing Perceptions of a Texas Experience, Dallas, TX: The DeGlolyer Library and Southern Methodist University Press, ISBN 0-87074-213-2
  • Scott, Robert (2000), After the Alamo, Plano, TX: Republic of Texas Press, ISBN 978-1-55622-691-5
  • Tinkle, Lon (1985), 13 Days to Glory: The Siege of the Alamo, College Station, TX: Texas A&M University Press, ISBN 0-89096-238-3. Reprint. Originally published: New York: McGraw-Hill, 1958
  • Todish, Timothy J.; Todish, Terry; Spring, Ted (1998), Alamo Sourcebook, 1836: A Comprehensive Guide to the Battle of the Alamo and the Texas Revolution, Austin, TX: Eakin Press, ISBN 978-1-57168-152-2