Мал Брзовец
Мал Брзовец | |
---|---|
![]() Поглед на врвот Мал Брзовец | |
Висина | 1.899 м |
Место | ![]() |
Венец | Бистра |
Прво освојување | непознато |
Мал Брзовец — планински врв на планината Бистра, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.899 метри. Се наоѓа на големиот карпест гребен наречен Брзовец на јужниот дел на планинското било на Бистра, од десната страна на долината на Тресонечка Река и Мала Река во срцето на Мијачијата[1]. Се издигнува веднаш над селото Тресонче. Во подножјето на Брзовец во линија југоисточно од врвот, веднаш до десниот брег на бујните брзаци на Тресонечка Река се наоѓа пештерата Алилица. Поради издаденоста и географска поставеност од врвот Мал Брзовец се пружа прекрасна глетка на целата долина на Мала Река со панорамски поглед на Тресонче, Селце и глетка на селото Лазарополе како орлово гнездо на дланка, а кон север се пружа глетка на планина Бистра со нејзините највисоки врвови Меденица, Чавкарник, Ќурков Дол. До врвот може да се пристапи од селото Тресонче веднаш над малата хидроцентрала, по трансверзална патека пробиена за искачувањето во рамки на планинарскиот предизвик „12 Врвови“.
Галерија
уреди-
Поглед на Мал Брзовец од Голем Брзовец
-
Поглед на Мал Брзовец
-
Поглед на Мал Брзовец
-
Поглед на Мал и Голем Брзовец во позадина
Наводи
уреди- ↑ Шаревски, Марио (2016). Брошура „12 Врвови“, стр. 18