Берик (село)

поранешно село во Костурско, Егејска Македонија

Берик (грчки: Μπερίκι) — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1] Се наоѓало во денешниот атар на селото Д’мбени.

Берик
Μπερίκι
Берик is located in Грција
Берик
Берик
Местоположба во областа
Берик во рамките на Костур (општина)
Берик
Местоположба на Берик во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°35.00′N 21°11.00′E / 40.58333° СГШ; 21.18333° ИГД / 40.58333; 21.18333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаКорешта
Надм. вис.&10000000000000945000000945 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало на околу 5 км источно од селото Д’мбени, на мало растојание западно од патот Костур - Лерин (ЕО15).[1] Лежело во истоимената клисура Берик на Рулска Река, тука наречена Бистрица или Бериг,[2] (на грч. Ладопотамос). Денес тука се наоѓа и стариот Берички мост.

Историја

уреди

Берик било мало село, напуштено на крајот од XVIII век во немирното време на судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Берик, спахиски зиамет и тимар со 18 христијански домаќинства, 26 ергени христијани и 4 вдовици христијанки.[3] Жителите на Берик заедно со оние од околните села го основале селото Д’мбени, но некои семејства од Берик се преселиле во други блиски села.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 8. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 70.
  3. Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 118.