Спилието

клисура во Костурско, Егејска Македонија

Спилието[1] (Берик, Беричка Клисура[2] или Сливенска Клисура; грчки: Φαράγγι της Κορομηλιάς) — живописна клисура на Желевска Река во Костурско, Егејска Македонија.[3]

Спилието
Φαράγγι της Κορομηλιάς
Поглед на клисурата
Должина18,3 км Ј - С
Геологија
Видклисура
Географија
МестоположбаКостурско, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Координати40°34′00″N 21°11′20″E / 40.5666° СГШ; 21.1888° ИГД / 40.5666; 21.1888
РекаЖелевска Река
Карта

Опис

уреди

Клисурата почнува од месноста Берик (800 м.н.в.), каде се наоѓало истоименото село Берик и каде и денес стои Беричкиот мост (наречен и Д’мбенски). Се протега во јужен правец и излегува кај селото Сливени на 750 м надморска височина. Има вкупна должина од 18,3 км. Подрачјето зафаќа површина од 707 ха и е заштитено од државата поради „особената природна убавина“. По Варовничките карпести падини на клисурата има мали пештери, од каде потекнува името Спилието (од грч. σπήλαιο, „пештера“). По карпите и по бреговите на реката растат грмушки и различни широколисни дрвја.[3]

Во една од пештерите кај излезот од клисурата се наоѓа Сливенската кула.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Королов, Лари-Лабро (2020). Дреновени: Разцвет и разорение на едно село в южна Македония (Второ допълнено издание. изд.). София: Македонски научен институт. стр. 125. ISBN 978-619-7377-14-9.
  2. Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 70.
  3. 3,0 3,1 „Φαράγγι Κορομηλιάς Καστοριάς“. Φιλότης-Εθνικό Μετσόβιο Πολυτεχνείο. Посетено на 12 февруари 2022.
  4. „Πύργος Αγίας Μαρίνας Δάφνης“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 6 ноември 2016.