Бело какаду
Бело какаду | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Папагаловидни |
Семејство: | Какадуа |
Род: | Какаду |
Подрод: | Какаду |
Вид: | Бел какаду |
Научен назив | |
Cacatua alba Müller, 1776 |
Бело какаду (науч. Cacatua alba) — средно голем бел папагал од родот какаду (Cacatua) ендемски тропските дождовни шуми на островите на Индонезија. Кога е изненаден, папагалот ја крева големата печатлива цуцулка, која има полукружен облик како чадор. Крилјата и опашката здола му се светложолти или лимонести кои се истакнуваат во лет. По особини е сличен на другите видови какадуа со бела боја, како што се малото жолтоцуцулесто (C. sulphurea), големото жолтоцуцулесто (C. galerita) и молучкото какаду (C. moluccensis), со тоа што кај нив цуцулката е жолто, портокалова и розова наместо бела.
Имиња
уредиБелиот какаду е познат како ајаб (множина: ајот) на бурмескиот јазик во Папуа, Индонезија.[2]
Распространетост
уредиОваа птица е ендемска во низинските тропски шуми на островите Халмахера, Бачан, Тернате, Тидоре, Касирута и Мандиоли (од групата Баџан) in Северно Малуку, Индонезија. Единките на островите Оби и Биса (од групата Оби) се сметаат за доведени. Живеат во првични, сечени ивторични шуми под 900 м надморска височина. Се среќава и во мангрови, плантажи (вкл. кокосови) земјоделско земјиште.
Живеат во парови, во помали или поголеми јата (до 50 единки). По природа се претпазливи и најголемиот дел од денот го поминуваат во крошните на дрвата. Бодат седечки живот, но почнуваат да се селат при недостаток на храна. Дење се собираат во групи до 50 единки, а ноќе на високи самостојни дрва. Грбовите си ги чешаат од гранките. По дрвата чукаат со гранчиња, известувајќи ги другите птици дека дадената територија е зафатена. Се хранат со плодови (папаја, дуријан), оревести плодови, со зрнести плодови (пченка), со семиња, бобинки, инсекти (штурци) и нивните ларви, мали влекачи (скинкови). Во периодот на размножување, голем дел од храната им се состои од инсекти. Овие птици нанесуваат значителна штета на пченкарните полиња.
Размножување
уредиЕдинките од спротивен пол се спаруваат во двојки доживотно. Ако се оддели од брачниот другар, птицата може да падне во голема депресија. Се гнездат во шуплините на си на врвовгнилите дрва и на нивните врвови, на висина од 5 до 30 м. Обично снесуваат по 2—3 јајца. Нив ги квачат обата родитела, и тоа во период од 28 до 30 дена. Младите добиваат перја на возраст од 2 месеца. Женката несе јајца еднаш годишно.
Чување како миленици
уредиВелото какаду е многу доверлив папагал кој силно се приврзува за сопственикот. Се среќаваат единки што зборуваат, а останатите се помалку способни за говор, но сепак со значајна дарба за огласување. Во самица, тие бараат зголемено внимание. Живеат 50 до 70 години.
Зачувувачки статус
уредиБелиот какаду се смета за загрозен од МСЗП.[1] Неговиот број во дивината опаднал како резултат на трговијата со птици во кафез и загубата на живеалиштата.[3] Тој е наведен во Додаток II од списокот на КМТЗВ кој му дава заштита со ограничување на извозот и увозот на диви уловени птици. BirdLife International укажува на тоа дека квотите за улов издадени од индонезиската влада биле „надминати до 18 пати на некои места“ во 1991 година, со најмалку 6.600 чадорести какадуси одземени од дивината од замкари - иако помалку птици биле однесени од дивината во последниве години, и во нумеричка смисла и кога се земаат како дел од целото население.[3] Анкетите поддржани од КДССЖ од индонезиската невладина организација ProFauna предложуваат дека сè уште се случуваат значителни нивоа на трговија со диви уловени бели какаду, со 200+ земени од дивината во северна Халмахера во 2007 година.[4] Околу 40% од папагалите (бел какаду, брборест лори, виолетовошиест лори и благороден папагал) фатени во Халмахера се шверцуваат на Филипините, додека приближно 60% одат на домашна трговија во Индонезија, особено преку пазарите на птици во Сурабаја и Џакарта.[4]
Нелегалната трговија со заштитени папагали го крши индонезискиот член број 5, 1990 година (Закон за диви животни во врска со природните ресурси и зачувувањата на екосистемите).[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 BirdLife International (2013). „Cacatua alba“. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Foley, William A. (2018). „The languages of Northwest New Guinea“. Во Palmer, Bill (уред.). The Languages and Linguistics of the New Guinea Area: A Comprehensive Guide. The World of Linguistics. 4. Berlin: De Gruyter Mouton. стр. 433–568. ISBN 978-3-11-028642-7.
- ↑ 3,0 3,1 „BirdLife International (2011) Species factsheet: Cacatua alba“. Birdlife International. Архивирано од изворникот на 2011-08-05. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 4,0 4,1 ProFauna Indonesia (2008). Pirated Parrots Архивирано на 2 април 2012 г. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Indonesia Ministry of Forestry 1990“.
Надворешни врски
уреди„Бело какаду“ на Ризницата ? |
- Бело какаду на Викивидовите ?
- „Бело какаду“ — Енциклопедија на живиот свет
- Бело какаду — BirdLife (англиски)
- MyToos Архивирано на 31 мај 2016 г. — информации за