Папаја
Папаја (науч. Carica papaya) — вид растение од семејството на папаите (Caricaceae),[3] како и назив за неговиот плод. За првпат е припитомено во Мезоамерика, на подрачјето на денешно јужно Мексико и Средна Америка.[4][5] Денес се одгледува во неколку земји со тропска клима. Во 2022 г. најголем производител била Индија, со 38 % од светското производство.
Папаја | |
---|---|
Растение и плодови на ботаничка илустрација | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Зелковидни |
Семејство: | Папаи |
Род: | Папаја |
Вид: | Папаја |
Научен назив | |
Carica papaya L.[2] |
Потекло на името
уредиПоимот „папаја“ (papaya) доаѓа од аравачкиот јазик преку шпанскиот.[6] Важи како за растението, така и за неговиот плод.
Опис
уредиОва е мало дрво со проретчени гранки, обично со едно стебло со висина од 5 до 10 м. Има спирално распоредени листови ограничени само на врвот од стеблото. Долниот дел од стеблото има забележливи лузни каде некогаш виселе листови и плодови. Листовите се големи, со пречник од 50-70 см, изразено дланчести, со седум резни. Сите делови од растението содржат латекс зглобни млечници.[7]
Цветови
уредиПапаите се дводомни растенија. Цветовите се петделни и високо диморфни; прашниците кај машките цветови се сраснати со венечните ливчиња. Постојат два вида папаини цветови. Женските имаат горна плодница и пет извиени венечни ливчиња, лабаво поврзани со основата.[8]:235
Машките и женските цветови се поставени на лисните пазуви; машките цветови се повеќецветни и правилноспротивни, а женските се дијазиуми со малку цветови. Поленовите зрнца се издолжени, со должина од 35 микрони. Цветовите имаат пријатен мирис и се отвораат ноќе. Опрашувањето се одвива преку ветерот или инсекти.[7][9][10]
Плод
уредиПлодот претставува голема бобинка со должина од 15-45 см и пречник од 10-30 см.[7]:88 Кога е зрел, плодот омекнува (како зрело авокадо или помеко), лушпата му добива килибарна до протокалова боја. Долж ѕидовите на големата средишна шуплина има бројни црни семки.[11]
Хемија
уредиЛушпата, месото и семињата на папајата содржат најразлични фитохемикалии како каротиноиди и полифеноли,[12] како и бензил изотиоцијанати и бензил гликозинати.[13] Каротиноидите, лутеин и бета-каротин, преовладуваат во жолтата лушпа, а ликопенот преовладува во месото, кое е црвено.[14] Семињата ја содржат и цијаногената супстанција пруназин.[15] Незрелиот плод содржи папаин,[4] цистеински протеазен емзим кој се користи за смекнување на месо.
Распространетост и живеалиште
уредиПапајата потекнува од тропските подрачја на јужно Месико и Средна Америка.[4][5][7] Се смета за домороден вид и во јужна Флорида, воведена од претходниците на народот Калуса не подоцна од 300 г.[16] Шпанците ја донеле папајат во Стариот Свет во XVI век.[4] Денес се огледува во речиси сите тропски краишта: на Хаваите, во Централна Африка, Индија и Австралја.[4]
Дивата папаја е ограничена на природно пореметени тропски шуми.[5] Изобилува во природното подрачје Еверглејдс во Флорида по големи урагани, но инаку е ретка.[16] Во дождовните шуми во јужно Мексико расте изобилно и бргу се размножува во празнини на крошните, но изумира во стари шуми со густа крошнена покривка.[5]
Одгледување
уредиВо историските записи од XVIII век се вели дека семиња од папајата се пренесени од Карибите во Малака (денешна Малезија), а потоа во Индија. Од Малака или од Филипините, папајата се проширила низ Азија и Јужна Тихоокеанија. Шпанскиот истражувач и ботаничар Франсиско де Паула Марин на почетокот на XIX век ја довел на Хаваите од Маркиските Острови. Оттогаш одгледувањето на папаја се проширило на сите тропски и многу суптропски подрачја во светот. Денес таа расте ширум целиот свет поради прилагодливоста на разни (поволни) клими и нејзината популарност како тропско овошје.[17]
Растенијата можат да бидат од три пола: машки, женски и двополови. Машките произведуваат само полен, а не плодови. Женските произведуваат мали нејадливи плодови доколку не се опрашени. Двополовите единки се самоопрашуваат бидејќи нивните цветовии имаат и машки прашници и женски плодници. Речиси сите плантажи на светот се состојат од двополови дрва.[10]
Растението природно потекнува од јужно Мексико (особено од Чијапас и Веракрус), Средна Америка, северна Јужна Америка и јужна Флорида[4][16] а денес се среќава во сите тропски земји. Во овоштарниците расте бргу и дава плод за три години. Меѓутоа, дрвото е многу чувствително на слана и иње, поради што се одгледува само во тропските краишта. Температури под -2 °C му нанесуваат голема штета, а често сосем го усмртуваат. Во Флорида, Калифорнија и Тексас расте само во јужните делови. Претпочита песоклива, добро исцедена почва; ако се насобере вода, растението умира во рок од 24 часа.[18]
Производство
уредиВо 2022 г. во свето се произведени 13,8 милиони тони папаја. Најголем производител била Индија со 38 % од вкупната светска количина. Светското производство значително пораснало на почетокот на XXI век, претежно поради зголеменото производство во Индија и побарувачката на плодовите во САД.[19] САД се најголем увозник на папаја во светот.[9]
Во ЈАР овоштарниците даваат до 100 тони овошје по хектар.[20]
Токсичност
уредиПапајата испушта латексна течност кога не е зрела, која ја раздразнува кожата и предизвикува алергии кај некои луѓе. Бидејќи ензимот папаин делува како алерген кај чувствителните лица,[21] месото омекнато со папаин сок може да предизвика алергична реакција.[4]
Во исхраната
уредиЗрелиот плод на папајата обично се јаде сиров, без лушпата и семките.[4] Црните семки се јадат и имаат остар вкус кој налутнува.[4] The unripe green fruit is usually cooked due to its латекс content.
Зелениот плод и неговиот латекс се богати со папаин,[4] цистеинска протеаза што се употребува со омекнување на месо и други белковински храни, од американските староседелци, народите на Карибите и Филипините.[4] Се среќава и како состојка во прав за омекнување на месо.[4] Не е погодна за желатински јадења (желе или аспик) бидејќи ензимските својства на папаинот го спречува зацврстувањето на желатинот.[22]
Месото (кашата) на сировата папаја содржи 88 % вода, 11 % јаглехидрати и занемарливи количества на масти и белковини. На 100 грама, плодот има 43 килокалории и претставува значаен извор на витамин Ц (75 % од дневната вредност, ДВ) и умерен извор на фолат (10 % ДВ), но инаку има малку хранливи материи.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Contreras, A. (2016). „Carica papaya“. Црвен список на загрозени видови. 2016: e.T20681422A20694916. Посетено на 4 јануари 2022.
- ↑ „Carica papaya L.“. U.S. National Plant Germplasm System. 9 мај 2011. Посетено на 5 септември 2017.
- ↑ „Carica L.“. World Flora Online. World Flora Consortium. 2022. Посетено на 17 ноември 2022.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 Morton, Julia F. (1987). „Papaya; In: Fruits of Warm Climates“. Purdue University Center for New Crops and Plant Products. стр. 336–346. Посетено на 27 октомври 2023.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Chávez-Pesqueira, Mariana; Núñez-Farfán, Juan (1 декември 2017). „Domestication and Genetics of Papaya: A Review“. Frontiers in Ecology and Evolution. 5. doi:10.3389/fevo.2017.00155.
- ↑ Harper, Douglas. „papaya“. Online Etymology Dictionary. Посетено на 17 ноември 2022.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Heywood, V.H.; Brummitt, R.K.; Culham, A.; Seberg, O. (2007). Flowering plant families of the world. Firefly Books. ISBN 9781554072064.
- ↑ Ronse De Craene, L.P. (2010). Floral diagrams: an aid to understanding flower morphology and evolution. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-49346-8.
- ↑ 9,0 9,1 „Papayas“ (PDF). Western Institute for Food Safety & Security, University of California at Davis. 2016. Посетено на 10 септември 2017.
- ↑ 10,0 10,1 Chia, C. L.; Manshardt, Richard M. (октомври 2001). „Why Some Papaya Plants Fail to Fruit“ (PDF). Fruits and Nuts. College of Tropical Agriculture and Human Resources, University of Hawaii at Manoa: 1–2. Посетено на 1 април 2015.
- ↑ „papaya | Description, Cultivation, Uses, & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 28 јули 2020.
- ↑ Rivera-Pastrana, D.M.; Yahia, E.M.; González-Aguilar, G.A. (2010). „Phenolic and carotenoid profiles of papaya fruit (Carica papaya L.) and their contents under low-temperature storage“. J Sci Food Agric. 90 (14): 2358–65. Bibcode:2010JSFA...90.2358R. doi:10.1002/jsfa.4092. PMID 20632382.
- ↑ Rossetto, M.R.; Oliveira do Nascimento, J.R.; Purgatto, E.; Fabi, J.P.; Lajolo, F.M.; Cordenunsi, B.R. (2008). „Benzylglucosinolate, benzyl isothiocyanate, and myrosinase activity in papaya fruit during development and ripening“. J Agric Food Chem. 56 (20): 9592–9. doi:10.1021/jf801934x. PMID 18826320.
- ↑ Shen, Yan Hong; Yang, Fei Ying; Lu, Bing Guo; Zhao, Wan Wan; Jiang, Tao; Feng, Li; Chen, Xiao Jing; Ming, Ray (16 јануари 2019). „Exploring the differential mechanisms of carotenoid biosynthesis in the yellow peel and red flesh of papaya“. BMC Genomics. 20 (1): 49. doi:10.1186/s12864-018-5388-0. ISSN 1471-2164. PMC 6335806. PMID 30651061.
- ↑ Seigler, D.S.; Pauli, G.F.; Nahrstedt, A.; Leen, R. (2002). „Cyanogenic allosides and glucosides from Passiflora edulis and Carica papaya“. Phytochemistry. 60 (8): 873–82. Bibcode:2002PChem..60..873S. doi:10.1016/s0031-9422(02)00170-x. PMID 12150815.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Ward, Daniel (2011). „Papaya“ (PDF). The Palmetto. Посетено на 1 јануари 2022.
- ↑ Duarte O, Paull RE (2010). Tropical Fruits, 1. Wallingford : CABI.
- ↑ Boning, Charles R. (2006). Florida's Best Fruiting Plants: Native and Exotic Trees, Shrubs, and Vines. Sarasota, Florida: Pineapple Press, Inc. стр. 166–167.
- ↑ „An Overview of Global Papaya Production, Trade, and Consumption“. Electronic Data Information Source, University of Florida. Посетено на 7 февруари 2014.
- ↑ Botha, Linda (16 март 2021). „Growing papayas: Easy to produce, tricky to market“. Farmer's Weekly. Посетено на 11 март 2023.
- ↑ „Papain“. National Library of Medicine, US National Institutes of Health. 27 април 2019. Посетено на 29 април 2019.
- ↑ Donna Pierce (18 јануари 2006). „Papaya“. The Chicago Tribune. Посетено на 4 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Папаја на Ризницата ?
- Папаја во Готварската книга на Викиизвор (англиски)
- Папаја — ангелско овошје, напис за придобивките од папајата на д-р Дарко Стојановски (македонски)