Папагаловидни

род на птици
Папагали
Период: ран еоцен[1] – денес
Сино-жолта ара во лет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Инфракласа: Нововилични
Надред: Нови птици
Ред: Папагали
Wagler, 1830
Натсемејства

новозеландски папагали (Strigopoidea)
какадуa (Cacatuoidea)
вистински папагали (Psittacoidea)

Распространетост на папагалите, сите видови (црвено)

Папагали (науч. Psittaciformes) — птици од приближно 398 вида[2] во 92 рода кои најчесто се најдени во тропските и суптропските предели. Редот е поделен на три натсемејства: Psittacoidea (вистински папагали), Cacatuoidea (какадуа) и Strigopoidea (новозеландски папагали). Една третина од сите видови папагали се загрозени, со поголем ризик од која било друга споредлива група на птици.[3] Папагалите имаат генерално пантропска дистрибуција со неколку видови кои живеат во умерени региони на јужната полутопка. Најголема разновидност на папагали има во Јужна Америка и Австралија.

Главни одлики на папагалот се силен и закривен клун, исправен став, силни нозе и нокти со зигодактилни стапала (два прста поставени нанапред и два наназад). Многу папагали имаат разни шари и бои. Повеќето папагали покажуваат малку или воопшто немаат сексуален диморфизам. Најважните компоненти на исхраната на повеќето папагали се семе, ореви, овошје, цветни пупки и друг растителен материјал. Неколку видови понекогаш јадат животни и мрши, додека други се специјализирани за исхрана со цветен нектар и меки плодови. Скоро сите папагали се гнездат во шупливи делови од дрва, и несат бели јајца од кои се изведуваат беспомошни млади.

Папагалите, заедно со гаврани, врани, сојки и страчки, се едни од најинтелигентните птици, а способноста на некои видови да го имитираат човечкиот говор ја зголемува нивната популарност како домашни миленици.

Класификација

уреди

Натсемејство Strigopoidea: папагали од Нов Зеланд

Натсемејство Cacatuoidea: какаду

Натсемејство Psittacoidea: вистински папагали

Морфологија

уреди

Големината на живите видови има голема варијација. Најмалиот постоечки папагал е Micropsitta pusio со тежина под 10г и должина од 8 сантиметри, а најголемиот е зумбуловата ара која е долга 1м. Најтешкиот папагал е какапо, кој може да стигне 4,0кг.

Наводи

уреди
  1. Waterhouse, David M. (2006). „Parrots in a nutshell: The fossil record of Psittaciformes (Aves)“. Historical Biology. 18 (2): 223–234. doi:10.1080/08912960600641224.
  2. „Parrots, cockatoos – IOC World Bird List“ (англиски). Посетено на 2021-01-19.
  3. Olah, George; Butchart, Stuart; Symes, Andy; Medina Guzmán, Iliana; Cunningham, Ross; Brightsmith, Donald; Heinsohn, Robert (2016-01-21). „Ecological and socio-economic factors affecting extinction risk in parrots“.