Јајценосни животни

Јајценосни или овипарни животни се оние кои полагаат (несат) јајца, со малку или никаков ембрионски развој во телото на мајката. Ова е метод на биолошка репродукција на повеќето риби, водоземци, влекачи, сите птици и најголемиот број инсекти.

Сувоземните животни ги полагаат јајцата откако е завршен процесот на внатрешно оплодување. Водните животни, како на пример рибите, ги полагаат јајцата пред оплодувањето, а мажјаците ја полагаат спермата на положените јајца, и така настанува надворешно оплодување.

Речиси сите нејајценосни риби, водоземци и влекачи се јајцеживородни (ововивипарни), т.е. јајцата се излегнуваат во телото на мајката (или во случајот на морскиот коњ во телото на таткото). Спротивно на јајценосните се живородните (вивипарните) животни.

Постојат само две фемилии на јајценосни цицачи, наречени едноотворни: клунестите ежови и клунарите, и двата живеат во Австралија.

Поврзано

уреди