Бајерсброн
Бајерсброн (герм. Baiersbronn) — општина и гратче во округот Фројденштат во покраината Баден-Виртемберг, јужна Германија. Местото се наоѓа во областа Шварцвалд, на реката Мург. Иако е мало, местото е прочуено по неколкуте првокласни ресторани, наградени со Мишленови ѕвездички.
Бајерсброн | |
Бајерсброн-Обердорф | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Баден-Виртемберг |
Адм. подрач. | Карлсруе |
Округ | Фројденштат |
Градоначалник | Норберт Бек (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 189,70 км2 |
Надм. височина | 584 м |
Население | 14.667 (31 декември 2015)[1] |
- Густина | 77 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FDS |
Пошт. бр. | 72270 |
Повик. бр. | 07442, 07447, 07449 |
Портал | www.gemeinde-baiersbronn.de |
Координати | 48°30′21″N 8°22′16″E / 48.50583° СГШ; 8.37111° ИГД |
Бајерсброн административно се дели на следниве девет села:
- Бајерсброн
- Фридрихстал
- Хуценбах
- Клостеррајхенбах
- Мителтал
- Обертал
- Рет-Шенегринд
- Шенминцах-Шварценберг
- Тонбах
Во неговиот сегашен облик, Бајерсброн е образуван во 1960-тите и 1970-тите со здружување на пет општини. Главната стопанска гранка во местото е туризмот.
Бајерсброн е збратимен со Мидхерст во Западен Сасекс, Англија. Позначајна знаменитост во регионот е Рајхенбашкиот приорат, средновековно манастирско здание во Клостеррајхенбах.
Ресторани
уредиВо 2007 ресторанот „Барајс“ (Bareiss) на Клаус-Петер Лумп станал вториот угостителски објект во Бајерсброн кој има заработено три Мишленови ѕвездички. Соседниот ресторан „Шварцвалдштубе“ (Schwarzwaldstube) на Харалд Волфарт добил три ѕвездички во 1993 г.
Галерија
уреди-
Клостерајхенбах
-
Мителтал
-
Шварценберг
Наводи
уреди- Оваа статија содржи информации од Википедија на германски.
Оваа статија место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |