Бакари Сања
Бакари Сања, (роден на 14 февруари 1983 во Санс, Бургундија) — поранешен француски фудбалер, играч од одбраната.
Бакари Сања | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Бакари Сања | ||
Роден на | 14 февруари 1983. | ||
Роден во | Сенс, Франција | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | 1.76 м (5 ст 9 ин)[1] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 1 јануари 2020 (36 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Сенс | |||
1998-2002 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2002-2004 |
![]() | 37 | (3) |
2004-2007 |
![]() | 89 | (0) |
2007-2014 |
![]() | 213 | (4) |
2014-2017 |
![]() | 54 | (0) |
2018 |
![]() | 13 | (1) |
2018-2019 |
![]() | 35 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2004–2006 |
![]() | 13[2] | (1) |
2007–2016 |
![]() | 65 | (0) |
† Учества (Голови). |
Неговиот братучед Ибрахима Сонко исто така игра во Премиер лигата, за премиерлигашот Стоук Сити.[3]
Клупска кариера уреди
Осер уреди
Сања имаше 87 настапи во Француската Лига 1 за Осер и беше дел од составот кој го освои Францускиот Куп во 2005. Исто така играше и во Купот на УЕФА во сите три сезони кога настапуваше за првиот тим, постигнувајќи вкупно 17 настапи во ова натпреварување. Сања беше именуван и во тимот на сезоната на Лига 1 за неговите одлични изведби на позицијата на десен бек.
Арсенал уреди
На 12 јули 2007, Сања направи трансфер во Арсенал за неоткриена сума, се претпоставува дека се работи за почетни 6,1 милион фунти (9 милиони евра) кои би можеле да достигнат до 7,45 милиони фунти (11 милиони евра).[4] Го носи дресот со број 3, кој до неодамна беше носен од Ешли Кол и миленикот на навивачите Најџел Винтербурн.[5]
Своето деби за Арсенал Сања го имаше на 19 јули 2007 во почетниот состав кој го победи Турскиот Генчербирлиги со 3:0 на пријателски натпревар на стадионот Бад Валтерсдорф во Австрија.[6]
Во Премиер лигата, Сања дебитираше, повторно како стартер, во победата од 2:1 против Фулам на Стадионот Емирати, и повторно импресионираше со својата изведба. Французинот, иако омилена позиција му е десен бек, добро се снаоѓа и како централен стопер, лев бек и во средниот ред.
На 23 март 2008, Сања го постигна својот прв гол за Арсенал во Премиер лигата за водство од 0:1 против Челзи ФК откако со глава ја сврте топката нафрлена од корнер. Овој гол имаше големо значење за Бакари, бидејќи му го посвети на својот брат кој загина еден месец порано. Откако тој го напушти теренот поради повреда, Арсенал го загуби натпреварот со 2:1. На крајот од сезоната, Сања беше изгласан во Тимот на Годината на Асоцијацијата на Професионални Фудбалери.
На 4 јуни 2008, Арсенал излезе со изјава дека Сања потпишал нов договор со клубот, по одличната прва сезона. Неговиот договор беше проширен за уште две години, што значи дека Бакари ќе остане со Топчиите до 2014. По потпишувањето Сања изјави: „Го сакам Арсенал, тие се одличен клуб“, и додаде, „Менаџерот е исто така многу добар, и следната сезона (2008-09) ќе се бориме за сите трофеи.“[7]
Манчестер Сити уреди
На 13 јуни 2014, Сања потпишал за Манчестер Сити.
Репрезентативна кариера уреди
Сања претходно играше за тимот на Франција под 21, со кои учествуваше на Европското Првенство за играчи до 21 година во 2006.
Првиот настап за сениорскиот тим на Франција го имаше на 22 август 2007 на пријателски натпревар против Словачка, на кој Франција победи со 1:0. На натпреварот Сања влезе од клупа на местото на Франсоа Клер, по еден час игра. Натпреварувачкото деби за Франција беше на гостувањето на Фарските Острови на 13 октомври 2007 во склоп на квалификациите за Европското Првенство, Франција го доби натпреварот со 6:0, а Сања ги изигра сите 90 минути. Тоа беше и негов единствен настап на Квалификациите за ЕП 2008.
Достигнувања уреди
Со Осер
- Куп на Франција - 2005
- Трофејот на Шампионите - второ место 2005
Поединечни
- Играч на сезоната на Осер за 2006–07
- Изгласан за најдобриот десен бек во Франција за 2006–07
- Дел од Тимот на Сезоната на Лига 1 за 2006–07
- Изгласан за најдобриот десен бек во Англија за 2007–08
Со Арсенал
- Куп Емирати 2007
- Амстердамски Турнир 2007
Наводи уреди
- ↑ „Bacary Sagna Profile“. bacarysagna.net. Архивирано од изворникот на 2012-06-22. Посетено на 14 June 2010.
- ↑ „Bakari SAGNA“ (француски). fff.fr. Посетено на 5 November 2009.
- ↑ „Сонко ја открива семејната врска со Арсенал“. readingfc.co.uk. 2007-11-08. Архивирано од изворникот на 2007-11-10. Посетено на 2007-11-08. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Sagna signe jeudi à Arsenal“. lequipe.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2012-01-02. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Сања од Осер потпиша за Арсенал“. BBC Sport. 2007-07-12. Посетено на 2007-07-12. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Извештај од натпреварот“. Arsenal Online. 2007-07-19. Посетено на 2007-07-19. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Sagna pens Gunners deal“. Sky Sports. 2008-06-04. Посетено на 2008-08-16.
Надворешни врски уреди
- Arsenal.com Архивирано на 9 декември 2014 г.