Ајдонохор
Ајдонохор или Ајдарохор (грчки: Αηδονοχώρι, Ајднохори) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021).
Ајдонохор Αηδονοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°18.43′N 21°21.32′E / 40.30717° СГШ; 21.35533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Лапчишта |
Надм. вис. | 740 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 31 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено 3 км западно од гратчето Лапчишта, крај патот за Коница и Јанина.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот на ХІХ век Ајданохор било чифлигарско село во Населичката каза. Наречено е по некојси Ајдар кој некогаш бил сопственик на чифликот.[3]
Ајдонохор е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во селото (Αηδοχώρι) живееле 150 Грци христијани.[4]
Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1904 г.[5]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 213 жители.[6] Во 1920 г. населението се намалило на 181 жител. Во следниот период тука е доселено едно грчко доселеничко семејство со 3 лица, па во 1928 г. селото имало 131 жител.[2]
Во 1940 г. населението се зголемило на 343 жители, но набргу потоа почнале бранови на иселување во поголемите градови. Така, во 1951 г. бројот на жители се преполовил на 153, а во 1971 г. доживеал повторно преполовување, овојпат на 70 лица.[2] Во 1966 г. на местото на старата разурната црква „Св. Атанас“ е изградена нова.[7] Иселувањата продолжиле и во следните десетлетија.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 343 | 153 | 156 | 70 | 66 | 56 | 70 | 45 | 31 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението се занимава со земјоделство. Одгледува жито и други култури.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.
- ↑ Страница на поранешната општина Лапчишта Архивирано на 6 јули 2009 г. (грчки)
- ↑ Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-04. Посетено на 4 јануари 2015.