Ајдонохор

село во Населичко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ајдарохор)

Ајдонохор или Ајдарохор (грчки: Αηδονοχώρι, Ајднохори) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021).

Ајдонохор
Αηδονοχώρι
Ајдонохор is located in Грција
Ајдонохор
Ајдонохор
Местоположба во областа
Ајдонохор во рамките на Горуша (општина)
Ајдонохор
Местоположба на Ајдонохор во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°18.43′N 21°21.32′E / 40.30717° СГШ; 21.35533° ИГД / 40.30717; 21.35533
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000740000000740 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно31
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено 3 км западно од гратчето Лапчишта, крај патот за Коница и Јанина.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот на ХІХ век Ајданохор било чифлигарско село во Населичката каза. Наречено е по некојси Ајдар кој некогаш бил сопственик на чифликот.[3]

Ајдонохор е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во селото (Αηδοχώρι) живееле 150 Грци христијани.[4]

Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1904 г.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 213 жители.[6] Во 1920 г. населението се намалило на 181 жител. Во следниот период тука е доселено едно грчко доселеничко семејство со 3 лица, па во 1928 г. селото имало 131 жител.[2]

Во 1940 г. населението се зголемило на 343 жители, но набргу потоа почнале бранови на иселување во поголемите градови. Така, во 1951 г. бројот на жители се преполовил на 153, а во 1971 г. доживеал повторно преполовување, овојпат на 70 лица.[2] Во 1966 г. на местото на старата разурната црква „Св. Атанас“ е изградена нова.[7] Иселувањата продолжиле и во следните десетлетија.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 343 153 156 70 66 56 70 45 31
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението се занимава со земјоделство. Одгледува жито и други култури.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.
  3. Страница на поранешната општина Лапчишта Архивирано на 6 јули 2009 г. (грчки)
  4. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  5. „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.
  6. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  7. „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-04. Посетено на 4 јануари 2015.