Ахмед Изет-паша
Ахмед Изет-паша (1864 – 31 март 1937), познат како Ахмед Изет Фургач по Законот за турско презиме од 1934 година — отомански генерал за време на Првата светска војна. Тој исто така бил еден од последните големи везири на Отоманското Царство (14 октомври 1918 - 8 ноември 1918 година) и нејзин последен министер за надворешни работи.
Ахмед Изет احمد عزت پاشا паша | |
---|---|
Ахмед Изет, околу 1915 | |
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 14 октомври 1918 – 8 ноември 1918 | |
Монарх | Мехмед VI |
Претходник | Мехмед Талат-паша |
Наследник | Ахмед Тевфик-паша |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 13 јуни 1921 – 4 ноември 1922[1] | |
Монарх | Мехмед VI |
Премиер | Ахмед Тевфик-паша |
Претходник | Абдуллатив Сафа-бег |
Наследник | Укината позиција |
Министер за војна | |
На должноста 14 октомври 1918 – 8 ноември 1918 | |
Монарх | Мехмед VI |
Премиер | самиот тој |
Претходник | Енвер-паша |
Наследник | Келеман Абдула-паша |
На должноста 11 јуни 1913 – 3 јануари 1914 | |
Монарх | Мехмед V |
Премиер | Саид Халим-паша |
Претходник | Махмуд Шевкет-паша |
Наследник | Енвер-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1864 Наслич, Битолски Вилает, Османлиско Царство |
Починал(а) | 31 март 1937 (на 72–73 г.) Истанбул, Турција |
Националност | Отоманско (до 1923) турско (после 1923) |
Партија | Комитет за унија и напредок |
Установа | Османлиска воена академија (Класа 1884) Cav. 1st |
Професија | Војничка |
Воена служба | |
Припадност | Османлиско Царство |
Род | Предлошка:Country data ОСманлиско Царство |
Траење | 1884–1922 |
Чин | Фелдмаршал |
Заповеда со | Втора армија Источна армиска група |
Битки/војни | Балкански војни Прва светска војна |
Животопис
уредиРоден е во Наслич, Битолски Вилает, во албанско семејство. [2] [3] Неговиот татко бил истакнат државен службеник во областа. Од 1887 до 1890 година се образувал за стратегија и воена географија на Отоманскиот воен колеџ, додека подоцна до 1894 година студирал во Германија кај Колмар Фрајхер фон дер Голц.[3] Како резултат на неговото учество во Грчко-турската војна бил унапреден во чин миралај (полковник). Во 1908 година по Младотурската револуција станал началник на османлискиот генералштаб. Во тој период (за време на Младотурската влада) тој се спротивставува на воените дејствија на османлиската војска под водство на Махмуд Шевкет-паша против албанските националисти за време на албанските бунтови од 1910 година. Неговото силно противење на политиката на Махмуд-паша довело до негово разрешување и повторно именување во Јемен во февруари 1911 година.[3]
Во 1916 година, бил назначен за командант на Втората армија која се борела на Кавказ заедно со Третата армија.[2] Во 1917 година, бил назначен да командува со анадолската група армии, која ја сочинувале Втората и Третата армија. [4] Највисокиот чин што го имал бил маршал.
По војната, и со поддршка од Мустафа Кемал-паша,[5] бил повикан да ја предводи владата која го потпишала Примирјето од Мудрос во име на Отоманското Царство,[2] со што ставил крај на Првата светска војна за Османлиите. Тој истовремено ја извршувал функцијата министер за надворешни работи за време на неговата премиерска функција. Бил разрешен на 8 ноември 1918 година. Потоа, бил критикуван дека им дозволил на сите тројца од Тројцата паши да избегаат во странство ноќта меѓу 2 и 3 ноември, пред да им се суди пред Турските воени судови од 1919-20 година за злосторства, вклучително и злосторства врз Ерменците од Царството. Ахмед Изет-паша поминал голем дел од своите 25 дена на премиерската функција прикован за креветот откако го фатил шпанскиот грип во 1918 година .
По распаѓањето на Отоманското Царство и последователното губење на титулата паша по формирањето на Република Турција, Ахмед Изет го усвоил презимето Фургач во 1934 година. Починал на 31 март 1937 година во Истанбул.
Одлуките на Ахмед Изет Паша за време на Кавкаската кампања исто така биле критикувани и се сметаат за еден од факторите за нејзиниот неуспех, додека неговата последователна висока репутација во Турција се припишува на неговата успешна активност за време на Турската војна за независност.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Atatürk Research Center - Halâs-I Vatan Cemiyeti Архивирано на 2 јануари 2014 г.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 W.E.D. Allen and Paul Muratoff, Caucasian Battlefields, A History of Wars on the Turco-Caucasian Border, 1828-1921, 376, n 1. ISBN 0-89839-296-9
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Handan, Akmeşe (2005). The Birth of Modern Turkey: The Ottoman Military and the March to WWI. I.B.Tauris. стр. 25–98. ISBN 1-85043-797-1.
- ↑ W.E.D. Allen and Paul Muratoff, Caucasian Battlefields, A History of Wars on the Turco-Caucasian Border, 1828-1921, 437. ISBN 0-89839-296-9
- ↑ Jäschke, Gotthard (1957). „Beiträge zur Geschichte des Kampfes der Türkei um ihre Unabhängigkeit“. Die Welt des Islams. 5 (1/2): 28. doi:10.2307/1570253. ISSN 0043-2539.
- ↑ Erickson, Edward (2001). Ordered to die: a history of the Ottoman army in the First World War. Greenwood Publishing Group. стр. 220. ISBN 1-85043-797-1.
Надворешни врски
уреди- Дела од или за Ахмед Изет-паша во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Newspaper clippings about Ahmed Izzet Pasha in the 20th Century Press Archives of the ZBW
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Саид Халим-паша |
Министер за војна 11 јуни 1913 – 3 јануари 1914 |
Наследник Енвер-паша |
Претходник Мехмед Талат-паша |
Голем везир 14 октомври 1918 – 8 ноември 1918 |
Наследник Ахмед Тевфик-паша |
Претходник Енвер-паша |
Министер за војна 14 октомври 1918 – 8 ноември 1918 |
Наследник Келеман Абдула-паша |
Претходник Абдулатиф Сафа-бег |
Министер за надворешни работи 13 јуни 1921 – 4 ноември 1922 |
укинато |