Афроевроазија

(Пренасочено од Африка-Евроазија)

Афроевроазија[1] или Африка-Евроазија (поретко: Афразија[2] или Евроафразија[2]) ја означува најголемата копнена површина на светот. Честопати се смета за суперконтинент, составен од Африка и Евроазија (која пак се дели на Азија и Европа). Копнените површини на оваа целина зафаќаат 84.980.532 квадратни километри и имаат население од околу 5,7 милијарди жители (85% од светското население).[3] Ова подрачје е познато и како „Стариот Свет“, наспроти подоцна откриените предели како Америка и Океанија, кои се нарекуваат „Нов Свет“.

Афроевроазија со придружните острови

Копнена Афроевроазија понекогаш се нарекува и „Светски Остров“. Творец на оваа замисла е англискиот географ Хелфорд Мекиндер, кој ја изложил во неговото дело „Географскиот стожер на историјата“ (англ. The Geographical Pivot of History).[4] Во ова поимување на влегуваат околните острови и архипелази.

Геологија

уреди

Геолошки гледано, се очекува Афроевроазија да стане суперконтинент кога Африка ќе се спои со Европа. Се проценува дека ова ќе се случи за 600.000 години, кога јужниот крај на Шпанија ќе се состави со Африка. По ова, Средоземното Море ќе биде отсечено од Атлантскиот Океан. Се смета дека Африка сосема ќе се спои со европа за нешто повеќе од 50 милиони години, затворајќи го Средоземното Море, и со тоа создавајќи нови планински венци.[5]

Поделба

уреди

Суецкиот Канал ја дели Афроевроазија на Африка и Евроазија, која пак се состои од два континента: Европа и Азија. Од културно-историски аспект, овој суперконтинент може да се подели на Евроазија-Северна Африка и Потсахарска Африка .[6]

Географски области

уреди

Наводи

уреди
  1. Frank, Andre G. (1998), ReORIENT: Global Economy in the Asian Age, University of California Press, ISBN 978-0-520-21474-3
  2. 2,0 2,1 На пример Хенри Филд ги користи двата поима во делото: The University of California African Expedition: I, Egypt. American Anthropologist, New Series, том 50, бр. 3, дел 1 (јул. - сеп., 1948), стр. 479-493.
  3. Врз основа на проценките на населението од 2007 наведени во извештајот од ООН: „Очекувано светско население: Преработка од 2006 г. (накратко)(англиски)
  4. See Francis P. Sempa, Светот на Макиндер Архивирано на 3 март 2016 г. (англиски)
  5. Африка ќе се судри со Европа и Азија за 50 милиони години (англиски)
  6. Diamond, Jared (1997), Guns, Germs, and Steel: The Fates of Human Societies, Norton & Company, ISBN 0-393-03891-2