Атлас (митологија)
Атлас (грчки: Ἄτλας) или Атлант, во старогрчката митологија бил титан. Тој бил син на Јапет и Азија[1], и брат на Прометеј.
Атлас | |
---|---|
Родители | Јапет и Азија |
Одлики и дела
уредиАтлас се одликувал со огромна сила. Бил најстар од своите браќа и бил целосно верен на Титаните. Бил голем познавач на морињата и владеел со кралството Атлантида кое било толку огромно што се ширело надвор од столбовите на Херакле и било поголемо од Африка и Азија. Атлантида била потопена по наредбата на Зевс. Тогаш Атлант и неговиот брат Менотиј им се придружиле на Титаните во војна против Зевс.[2] Атлас бил татко на Плејади, Хијади и Хеспериди. Една од ќерките на Атлас била Калипсо, која го држала Одисеј седум години под своја власт.
Вечната казна
уредиАтлас бил еден од титаните кои биле најсурово казнети по крајот на Титаномахијата (војна на титаните против боговите), а казната била да го носи на своите раменици целиот небесен свод. Според една легенда, со помош на главата на Медуза, Персеј го претворил Атлас во планина и го осудил да го носи небесниот свод.[3] Според друга легенда, Атлас сакал да му помогне на Херкул да ги украде јаболката на Хесперидите. Затоа, го замолил Херкул да го подржи небото за миг, а тој да ги украде јаболката. Откако се вратил со јаболката, Атлас не сакал повторно да се врати на својата поранешна положба, но, Херкул успеал да го измами и така Атлас повторно се вратил да го држи небото.
Наводи
уреди- ↑ Pseudo-Apollodorus, Bibliotheke i.2.3.
- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 127.
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 136.