Витамин Ц, Ц-витамин или аскорбинска киселинавитамин растворлив во вода, присутен во овошјето и зеленчукот. Тој е еден од најиспитуваните и најопишуваните витамини, и е првиот синтетизиран витамин. Овој витамин има редукциони својства и учествува во многу биолошки процеси. Важен е за синтезата на колагенот и карнитинот, како и за метаболизмот на масните киселини. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се растворливи во вода. Инаку, витаминот Ц е познат по скорбутот, болест која настанува поради неговиот недостаток во организмот.

Аскорбинска киселина
Модел на молекулата на витаминот Ц - со сива боја е означен јаглеродот, со црвена кислородот и со бела водородот

Особености

уреди

Витаминот Ц или аскорбинската киселина за првпат бил изолиран во 1928 г. од кората на надбубрежните жлезди на заморчињата. Молекулата на аскорбинската киселина всушност претставува γ-лактон-2-кето-гулонска киселина. Киселоста на витаминот Ц потекнува од ендиолната група (две хидроксилни групи кои се наоѓаат во една двовалентна врска).

Витаминот Ц има кристална структура и е многу чувствителен, брзо се онеспособува и распаѓа со делување на влага, светлина, воздух, висока температура (термолабилен). Постојаното внесување на витамин С е потребно затоа што тој не може да се складира во организмот за подолго време. Бидејќи е растворлив во вода, внесениот вишок ќе се излачи, а на организмот брзо ќе му бидат потребни нови количини.

Улога

уреди

Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:

Витаминот Ц го спречува создавањето на опасните соединенија т.н. нитрозамини[1], кои настануваат во желудникот и цревата со разградување на храната (особено конзервираната). Постојаната присутност на овие соединенија може да доведе и до појава на карцином. Значајна е улогата на витаминит Ц и во синтезата на колагенот – влакнестиот материјал кој е составен дел на кожата, тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволна количина на витаминот Ц се осигурува добра структура на кожата, а таа станува затегната, поздрава и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат поцврсти и поотпорни.

Извори на витаминот Ц

уреди

Растенијата се добар извор на витаминот Ц, иако неговата количината варира кај пооделни видови растенија во зависност од: климатските услови во кои расте растението, од квалитетот на почвата, од свежината на плодот (со стоење на набраниот плод витаминот Ц оксидира), како и од начинот на обработка на плодот (варење, сечкање, мелење).

 
Шипинките се особено богати со витамин Ц
Растение Количина на
аскорбинска
киселина
(мг/100г)
Шипинка 426
Магдонос 130
Киви 90
Брокула 90
Јагода 60
Портокал 50
Лимон 40
Диња 40
Грејпфрут 30
Малина 30
Мандарина 30
Спанаќ 30
Манго 20
Компир 20
Домат 10
Боровинка 10
Ананас 10

Табелата приближно ги прикажува релативните количини на витаминот Ц во пооделни растенија. Неговата количина е испитувана во милиграми на 100 грама од плодот на растението. Количините на витаминот Ц се прикажани како средни вредности од повеќе мерења.

Употреба

уреди

Препорачаната доза на витамин Ц за здраво возрасно лице е околу 75-90 мг на ден[2]. Кај зголемени потреби, при терапија, може да се земаат и до 500 мг. Витаминот Ц по правило добро се поднесува. Сепак, големи дози (поголеми од 1 г.) при долготрајна примена можат да предизвикаат мачнина, пролив, грчеви во стомакот, осип на кожата, а понекогаш и можност од создавање на камен во бубрегот.

Ако организмот е изложен на дополнителни напори, потребни му се и дополнителни количини на витамин Ц. Зголемени потреби најчесто се јавуваат кај: стресни ситуации, разни заболувања (инфекции) и повреди, зголемена телесна температура, хируршки зафати, употреба на некои лекови, бремени и жени што дојат, спортисти, пушачи и земање на алкохол.

На бремените и жените што дојат потребни им сè до 50% поголеми количини на витамин Ц на ден, а на лицата заболени од шеќерна болест околу 30%. Пушачите имаат хроничен недостаток од витамин Ц затоа што тој се троши за неутрализирање на отровните тешки метали од чадот на цигарите.

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото, така што е потребна внимателност при нивното заедничко земање.

Мерки на претпазливост

уреди

Пред земањето на витаминот Ц треба да се посоветувате со лекар ако:

  • имате дијабетес
  • имате заболување на бубрезите или зголемен ризик од појава на камен во бубрегот

Треба веднаш да се престане со земањето на аскорбинска киселина ако се појават алергиски реакции - потешкотии со дишењето, стегање на грлото, појава на отоци на усните, јазикот или лицето. Дозата треба да се намали при појава на пролив, мачнина или дисурија (отежнато мокрење).

Наводи

уреди