Артур Теат
Артур Никола Теат (роден на 25 мај 2000 во Лиеж) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ајнтрахт Франкфурт, на позајмица од Рен, и на белгиската репрезентацијата.
Артур Теат | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Артур Никола Теат[1] | ||
Роден на | 25 мај 2000 | ||
Роден во | Лиеж, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ајнтрахт Франкфурт | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Ојпен | |||
Генк | |||
Стандард | |||
Генк | |||
Стандард | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2020-2022 | Остенде | 38 | (5) |
2021-2022 | → Болоња | 31 | (2) |
2022- | Рен | 57 | (5) |
2024- | → Ајнтрахт Франкфурт | 8 | (0) |
Репрезентација | |||
2015 | Белгија 15 | 4 | (0) |
2015 | Белгија 16 | 1 | (0) |
2017 | Белгија 17 | 1 | (0) |
2017–2018 | Белгија 18 | 7 | (0) |
2018–2019 | Белгија 19 | 6 | (0) |
2021 | Белгија 21 | 3 | (0) |
2021- | Белгија | 22 | (0) |
Клупска кариера
уредиРаните години
уредиТеат играл младински фудбал за Алијанса Мелен-Мишеру, Ојпен, Генк и Стандард Лиеж.[2] Во категоријата под 14 години, тој играл како напаѓач во Ојпен. Во Генк, тој бил репозициониран како лево крило по доаѓањето на нов играч, по што се преселил на позицијата лев бек, а потоа и како централен дефанзивец.[3] За време на неговиот престој во младинската академија на Генк, неговата иднина на моменти изгледала неизвесна и бил опишан како физички тежок играч, без финеси.[4]
По три години играње во младинските категории на Генк, тој се приклучил на Стандард Лиеж каде што исто така се борел со редовниот играч од средниот ред, Дамјан Павловиќ, кој играл како лев бек во младинскиот тим за да го замени Теат.[4] Наскоро се вратил во Генк, каде што тренирал со првиот тим за време на претсезоната 2019-2020 под водството на тренерот Феличе Мацу. По ова, сепак, Теат не успеал трајно да се пробие во првиот тим и бил деградиран и вратен во резервниот тим. Тој се вратил во Стандард во 2019 година, но едвај една година по неговото враќање, повторно го напуштил клубот.[4]
Остенде
уредиВо летото 2020 година, Теат не гледал некој поголем успех во Стандард Лиеж, по што му било понудено пробно играње во Остенде. По една недела тренинг со првиот тим, тој успеал да го убеди германскиот тренер Александар Блесин во неговите способности. Блесин главно ја забележал неговата експлозивност и моќ, идеални за неговата висока линија со пет играчи и тактиката на Гегенпресинг. Претходно, Теат не можел да ги убеди Ломел или Лирс за време на пробите во тие клубови.[4]
Во јули 2020 година, тој потпишал тригодишен договор со опција со Остенде. Теат го имал своето деби на 10 август 2020 година во белгиската прва дивизија А против Бершот, настапувајќи во стартниот состав.[5] Заедно со Антон Танге прераснал во постојано централно бековско дуо во одбраната на Остенде. На 4 октомври 2020 година, тој го постигнал својот прв професионален гол, со глава на центаршут против Ројал Ексел Мускрон, ставајќи го неговиот тим во добра позиција пред нивната победа од 3–0.[6][7]
За време на зимскиот трансфер период од сезоната 2020-21, во ФК Остенде добил понуда за Теат од 5 милиони евра од италијанскиот клуб од Серија А, Болоња, но белгискиот крајбрежен клуб одби.[8] Во својата прва сезона во Остенде, тој успеал да се квалификува за европски плеј-оф, но на крајот пропуштил. Тој пропуштил само еден натпревар поради суспензија и четири натпревари поради повреда, играјќи ги во целост останатите 27 натпревари.
Во сезоната 2021-2022, Tеат не се појавил во текот на првите два натпревари во очекување на евентуален трансфер.[9] На третиот натпревар од сезоната, тој се вратил во стартниот состав против Гент.[10] На 22 август 2021 година, тој добил црвен картон на неговиот последен натпревар за Остенде против неговиот поранешен клуб Стандард.[11] Теате за Остенде одиграл вкупно 40 официјални натпревари на кои постигнал само пет гола.[12]
Болоња
уредиНа 26 август 2021 година, Теат му се приклучил на клубот од Серија А, Болоња, на заем до крајот на сезоната, со последователна обврска за откуп за 5 милиони евра плус 1 милион во бонуси.[13]
На 18 септември 2021 година, тој го направил своето деби за Болоња против бранителот на титулата Интер во четвртото првенството коло на Серија А. Тој влегол како замена во 74-тата минута при негатива од 6-0 и погодил со глава за да го постави конечниот резултат 6-1, дванаесет минути подоцна.[14] Болоња ја започнала сезоната со одбрана со четворица, но откако примила дванаесет гола во три натпревари, тренерот Синиша Михајловиќ го започнал натпреварот против Лацио на 3 октомври со три одбранбени играчи позади, каде Теат играл од лево. Ова воедно бил и негов прв старт за клубот и во истиот тој придонел со асистенција и гол за победата од 3-0.[15]
Теат одиграл позитивна сезона во дресот на Болоња, успевајќи да импресионира со 31 првенствен настап на кои постигнал два гола и забележал една асистенција.[16]
Рен
уредиНа 29 јули 2022 година, Теат се преселил во Рен, потпишѕвајќи четиригодишен договор со клубот,[17] во трансфер вреден 20 милиони евра. Со тоа, тој станал најскапо платениот белгиски дефанзивец досега, надминувајќи го трансферот на Томас Вермален од Арсенал во Барселона во 2014 година вреден 19 милиони евра.[18] Теат требало да го замени Најеф Агерд, кој заминал во текот на летото во Вест Хем Јунајтед.[19]
Теат го направил своето деби за Рен започнувајќи во почетниот состав во натпреварот против Лорјан, во првиот натпревар на клубот за сезоната 2022–2023 во Лига 1. Дебито се покажало како вистински кошмар за него, бидејќи си постигнал автогол во 65-тата минута, кој се покажал како решавачки во поразот на неговата екипа со 1-0.[20] На 21 август, Теат го постигнал својот прв гол за Рен во натпреварот против Ајачо, кога погодил со глава за да му донесе победа на својот тим од 2-1.[21] Тој, исто така, постигнал гол и во своето деби во европските натпреварувања, затреесувајќи ја мрежата на АЕК Ларнака со удар од далечина во групната фаза на УЕФА Лига Европа. Рен го добил натпреварот со 2–1.[22] Во јануари 2023, во победата на Рен со 1-0 над лидерот во првенството Париз Сен Жермен, Теат бил пофален за својот настап и пред се за начинот на кој го затворил Лионел Меси.[23][24]
Ајнтрахт Франкфурт
уредиНа 17 август 2024, Теат му се приклучил на Ајнтрахт Франкфурт, на заем до крајот на сезоната со опција за откуп.[25][26]
Репрезентативна кариера
уредиТој го добил својот прв повик во сениорскиот тим на Белгија за финалето на Лигата на нации на УЕФА во 2021 година.[27]
Тој го направил своето деби на 16 ноември 2021 година во квалификациите за Светското првенство против Велс.[28]
Статистика на кариерата
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 17 октомври 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2020-2021 | Остенде | ПЛ | 29+6 | 3+2 | КБ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 5 |
авг. 2021 | ПЛ | 3 | 0 | КБ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно Остенде | 32+6 | 3+2 | 2 | 0 | - | - | - | - | 40 | 5 | |||||
2021-2022 | Болоња | А | 31 | 2 | КИ | - | - | - | - | - | - | - | - | 31 | 2 |
2022-2023 | Рен | Л1 | 35 | 4 | КФ | 2 | 0 | ЛЕ | 5 | 1 | - | - | - | 42 | 5 |
2023-2024 | Л1 | 28 | 2 | КФ | 4 | 1 | ЛЕ | 8 | 0 | - | - | - | 40 | 3 | |
Вкупно Рен | 63 | 6 | 6 | 1 | 13 | 1 | - | - | 82 | 8 | |||||
2024-2025 | Ајнтрахт Франкфурт | БЛ | 8 | 0 | КГ | 1 | 0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 11 | 0 |
Вкупно во кариерата | 140 | 13 | 9 | 1 | 15 | 1 | - | - | 164 | 15 |
Репрезентативна статистика
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Белгија | 2021 | 1 | 0 |
2022 | 3 | 0 | |
2023 | 10 | 0 | |
2024 | 8 | 0 | |
Вкупно | 22 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ „FIFA World Cup Qatar 2022 – Squad list: Belgium (BEL)“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 3. Посетено на 15 November 2022.
- ↑ „Les 3 générations de footeux“. La Province (француски). 16 October 2018. Посетено на 15 August 2022.[мртва врска]
- ↑ Gautier, Guillaume (20 October 2020). „Arthur Theate (KV Oostende): 'Bij Standard en Genk heb ik nooit echt een uitleg gekregen'“. Sport/Voetbalmagazine (холандски). Архивирано од изворникот на 1 March 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Geril, Jürgen (10 November 2021). „Het sprookje van 'Koning' Arthur Theate: vorig jaar afgeschreven als profvoetballer, nu Rode Duivel“. Het Nieuwsblad (холандски). Архивирано од изворникот на 20 December 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ „Oostende haalt jonge verdediger Arthur Theate in huis“. Sport/Voetbalmagazine (холандски). 13 July 2020. Архивирано од изворникот на 17 January 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ „Oostende rekent thuis makkelijk af met Moeskroen en nestelt zich in de linkerkolom“. Het Laatste Nieuws (холандски). 4 October 2020. Архивирано од изворникот на 29 June 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ „Het wonder van Arthur Theate: weggestuurd bij Genk en Standard, afgewezen door derdeklassers, nu Rode Duivel“. Het Nieuwsblad (холандски). 7 October 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ „KV Oostende weigerde Italiaans bod“. Het Nieuwsblad (холандски). 2 February 2021. Архивирано од изворникот на 13 May 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ „KV Oostende vangt jackpot voor Arthur Theate, verdediger komt vanavond niet meer in actie“. Het Nieuwsblad (холандски). 30 July 2021. Архивирано од изворникот на 3 November 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ Van Assche, Timmy (9 August 2021). „Arthur Theate na overwinning tegen AA Gent en eerste clean sheet: Bij KVO vormen we één familie“. Het Laatste Nieuws (холандски). Архивирано од изворникот на 28 October 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ „Standard laat Sclessin intens vieren: Rouches kloppen KV Oostende en gaan voorlopig op kop“. Het Laatste Nieuws (холандски). 20 August 2021. Архивирано од изворникот на 30 October 2021. Посетено на 15 August 2022.
- ↑ Van den Broeck, David; Verbeeke, Junior; Van Genechten, Vincent (18 March 2021). „Amper negen maanden prof, maar Arthur Theate al in het vizier van bondscoach Martinez: "Dat begrijp ik best"“. Het Nieuwsblad (холандски). Архивирано од изворникот на 14 May 2021.
- ↑ „Arthur Theate joins Bologna“. Bologna. 26 August 2021. Посетено на 2 July 2022.
- ↑ Heylen, Jens (18 September 2021). „Bologna en scorende Theate lopen tegen oplawaai aan bij landskampioen Inter“. Het Nieuwsblad (холандски). Архивирано од изворникот на 2 November 2021. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ Conings, Wim (3 October 2021). „Straf: Belgische verdediger Theate (21) is bij eerste basisplek meteen goed voor goal én assist tegen Lazio“. Het Nieuwsblad (холандски). Архивирано од изворникот на 3 October 2021. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ Hauspie, Jan (15 June 2022). „Arthur Theate: Ik ben ongelooflijk gelukkig geweest in Oostende“. De Morgen (холандски). Архивирано од изворникот на 3 July 2022. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ „Arthur Theate est Rouge et Noir !“. STADE RENNAIS F.C. (француски). 29 July 2022. Посетено на 29 July 2022.
- ↑ „Duurste Belgische verdediger ooit: Arthur Theate ruilt Bologna voor Stade Rennes“. Sport/Voetbalmagazine (холандски). 29 July 2022. Архивирано од изворникот на 19 November 2022. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ „Officieel: Rennes maakt van Rode Duivel Arthur Theate duurste Belgische verdediger ooit“. Het Nieuwsblad (холандски). 29 July 2022. Архивирано од изворникот на 12 August 2022. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ „Arthur Theate debuteert bij Stade Rennes met ongelukkige owngoal“. Sporza (холандски). 7 August 2022. Архивирано од изворникот на 7 September 2022. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ Vanhoof, Maarten (21 August 2022). „Arthur Theate bezorgt Rennes met welgemikte kopbal eerste overwinning van het seizoen“. Het Nieuwsblad (холандски). Архивирано од изворникот на 11 September 2022. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ Conings, Wim (8 September 2022). „Rode Duivel Arthur Theate scoort nu ook in Europa voor nieuwe club Rennes“. Het Belang van Limburg (холандски). Архивирано од изворникот на 14 September 2022. Посетено на 19 November 2022.
- ↑ Raspiller, Julien (16 January 2023). „Comment Arthur Theate a muselé Messi, Neymar et Mbappé et s'érige de plus en plus comme un des futurs cadres des Diables rouges“. Le Soir (француски). Посетено на 19 January 2023.
- ↑ „Theate houdt de nul tegen Messi en co, die voor tweede keer verliezen in 2023“. Voetbalprimeur (холандски). 15 January 2023. Посетено на 19 January 2023.
- ↑ „Arthur Theate rejoint l'Eintracht Francfort“. 2024-08-16. Занемарен непознатиот параметар
|lingua=
(се препорачува|language=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help) - ↑ „Eintracht verpflichtet Arthur Theate“ (германски). Посетено на 2024-08-18.
- ↑ „Italy 2-1 Belgium“. BBC. 10 October 2021. Посетено на 11 October 2021.
- ↑ „Wales v Belgium game report“. FIFA. 16 November 2021. Посетено на 30 November 2021.