Арон Гунарсон

Исландски фудбалер

Арон Еинар Малмквист Гунарсон (роден на 22 април 1989 г.) — исландски професионален фудбалер кој игра за велшкиот клуб Кардиф Сити. Тој може да игра на десната бековска позиција и исто така во средниот ред.

Арон Гунарсон
2014-05-30 Austria - Iceland football match, Aron Gunnarsson 0265-crop.jpg
Арон во дресот на Исланд во 2014 година
Лични податоци
Полно име Арон Еинар Малмквист Гунарсон[1]
Роден на 22 април 1989 (1989-04-22) (31 г.)[1]
Роден во Акирејри, Исланд
Држава Исланд Исланд
Висина 1.78 м[1]
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Кардиф Сити Кардиф Сити
Број 17
Младинска кариера
2004–2005 Тор Акирејри
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Тор Акирејри 11 (0)
2006–2008 Аз Алкмар Аз Алкмар 1 (0)
2008–2011 Ковентри Ковентри Сити 123 (6)
2011– Кардиф Сити Кардиф Сити 227 (23)
Репрезентација
2005 Исланд Исланд до 17 г. 7 (2)
2006–2008 Исланд Исланд до 19 г. 16 (1)
2007–2011 Исланд Исланд до 21 г. 11 (1)
2008– Исланд Исланд 71 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 19 август 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 29 јуни 2017

Тој ја започнал својата кариера во Тор Акирејри, и одиграл еден натпревар за холандскиот клуб Аз Алкмар пред да се приклучи на Ковентри Сити во 2008 година. По одиграни 133 натпревари за клубот, тој направил трансфер во Кардиф Сити, со кој играл во финалето на англискиот Лига куп во 2012 година, како и во Премиер лигата во сезоната 2013–14.

Арон е дел од националниот тим на Исланд од 2008 година и досега има одиграно преку 70 натпревари во исландскиот дрес. Тој е капитен на Исланд од средината на 2012 година и бил предводник на составот кој на своето прво големо натпреварување, Европското првенство 2016, стигнал до четвртфиналето. Две години подоцна, тој бил капитен на исландската репрезентација и на Светското првенство 2018.

ЖивотописУреди

Неговиот постар брат Арнор Тор Гунарсон е ракометар и игра за репрезентацијата на Исланд.[2]

Клупска кариераУреди

ПочетоциУреди

Роден во Акирејри, Арон ја започнал својата кариера во локалниот клуб Тор Акирејри во 2005 година, а веќе следната година направил трансфер во холандското првенство, потпишувајќи за Аз Алкмар.

Ковентри СитиУреди

Арон потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Ковентри Сити на 17 јуни 2008 година.[3] Своето деби за клубот тој го остварил во првото коло од Чемпионшип лигата против Норич Сити, натпревар кој Ковентри го добил со 2–0.[4] Првиот гол во кариерата тој го постигнал на 14 февруари 2009 година во натпревар од ФА Купот против премиерлигашот Блекбурн Роверс.[5] За време на својот престој во Ковентри, Арон бил желба на неколку премиерлигашки клубови, доведувајќи го Ковентри да понуди подобрен договор на 12 март.[6] Арон првиот гол во Чемпионшип лигата го постигнал против Кристал Палас.[7] На крајот на неговата прва сезона во Англија, Арон бил изгласан од страна на навивачите на Ковентри Сити за најдобар играч на клубот во сезоната.[8]

Следната сезона, Арон го променил бројот на дресот од 12 на 17, бидејќи неговиот брат, кој е професионален ракометар, исто така го носел тој број на својот дрес.[9] Следната сезона тој продолжил да биде важна алка во средниот ред на Ковентри Сити, и во текот на сезоната одиграл 42 натпревари за клубот и постигнал еден гол, и тоа против Мидлзборо.[10]

Ковентри Сити ја започнал сезоната 2010–11 со силно темпо, наговестувајќи дека ќе се обиде да заврши високо на табелата. Арон својот прв гол во сезоната го постигнал против новиот второлигаш, Милвол.[11] По три години во Ковентри Сити, тој го постигнал својот прв гол на домашен терен, на Рикох арената, против Престон Норт Енд.[12] Три дена подоцна, Арон повторно бил стрелец на гол, овојпат против Донкастер Роверс.[13] Неговиот договор со клубот истекувал на крајот на сезоната и на 10 декември, Арон изјавил дека сака да остане во Ковентри Сити.[14] Следната недела тој го добил првиот црвен картон во кариерата, против Норич Сити.[15] Поради тоа што неговиот агент и клубот не успеале да најдат заеднички јазик за потпишување на нов договор, од клубот му дале последен рок на Арон да се согласи да остане.[16] Сепак, бидејќи Арон и неговиот агент не успеале да се договорат со Ковентри Сити, неговиот агент потврдил дека Кардиф Сити, кој исто така се натпреварувал во Чемпионшип лигата, е блиску да го доведе во своите редови.[17]

Кардиф СитиУреди

 
Арон во дресот на Кардиф Сити во 2012 година.

На 8 јули 2011 година, Арон се согласил на тригодишен договор со Кардиф Сити и бил петто засилување на новиот тренер Молки Макај. На Ковентри Сити му бил платен надоместок бидејќи Арон бил под 24 години.[18]

Првиот натпревар за новиот клуб, Арон го одиграл на почетокот на новата сезона, одигрувајќи ги сите 90 минути во гостинската победа од 1–0 над Вест Хем Јунајтед.[19] На вториот натпревар, против Бристол Сити, Арон се здобил со повреда на зглоб и го напуштил теренот по само 10 минути.[20] На 22 октомври, Арон постигнал два гола во победата од 5–3 над Барнсли и бил прогласен за играч на натпреварот.[21]

Арон го одиграл во целост финалето на Лига купот во 2012 година, во кое Кардиф Сити биле поразени со 3–2 по изведување на пенали од премиерлигашот Ливерпул на Вембли.[22]

Арон го постигнал првиот гол за Кардиф Сити во Премиер лигата на 25 август 2013 година, против Манчестер Сити во натпревар кој Кардиф изненадувачки победил со 3–2. [23] Во јуни 2015 година, тој потпишал нов договор со клубот, со важност до 2018 година.[24]

По враќањето од Европското првенство 2016, Арон бил поврзуван со неколку клубови, притоа Дерби Каунти и Норич Сити го потврдиле интересот за него. Сепак, тренерот на Кардиф Сити, Пол Тролоп, го опишал Арон како „клучен играч“ за клубот.[25] Неговите одлични настапи во дресот на Кардиф Сити, на крајот на сезоната му го донеле признанието играч на годината.[26]

Репрезентативна кариераУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 181. ISBN 978-1-84596-601-0.
  2. „THE GUNNARSSON BROTHERS: A HANDBALL-FOOTBALL FAIRYTALE“. European Handball Federation. 3 July 2016. Посетено на 14 August 2016.
  3. „Coventry set to sign Gunnarsson“. BBC Sport. 17 June 2008. Посетено на 17 June 2008.
  4. „Coventry City 2 – 0 Norwich City“. Coventry City F.C. 9 август 2008. Архивирано од изворникот на 7 December 2008. Посетено на 9 August 2008.
  5. „Blackburn 2–2 Coventry“. BBC Sport. 14 February 2009. Посетено на 14 February 2009.
  6. „Hall is offered new Coventry deal“. BBC Sport. 12 March 2009. Посетено на 12 March 2009.
  7. „Crystal Palace 1–1 Coventry“. BBC Sport. 7 April 2009. Посетено на 7 April 2009.
  8. „Gunnarsson wins Sky Blues award“. BBC Sport. 5 May 2009. Посетено на 5 May 2009.
  9. „News: Squad numbers announced“. Coventry City F.C. 21 July 2009. Архивирано од изворникот на 14 March 2012. Посетено на 10 October 2013.
  10. „Middlesbrough 1 – 1 Coventry“. BBC Sport. 24 April 2010. Посетено на 24 April 2010.
  11. „Millwall 3 – 1 Coventry“. BBC Sport. 28 August 2010. Посетено на 28 August 2008.
  12. „Coventry 1 – 2 Preston“. BBC Sport. 25 September 2010. Посетено на 25 September 2010.
  13. „Coventry 2 – 1 Doncaster“. BBC Sport. 28 September 2010. Посетено на 28 September 2010.
  14. „Aron Gunnarsson keen to sign new deal at Coventry City“. BBC Sport. 10 December 2010. Посетено на 10 December 2010.
  15. „Coventry 1 – 2 Norwich“. BBC Sport. 18 December 2010. Посетено на 18 December 2010.
  16. „Westwood, King & Gunnarsson get Coventry City deadline“. BBC Sport. 12 May 2011. Посетено на 12 May 2011.
  17. Phillips, Terry (5 July 2011). „Cardiff City 'among favourites' to sign Iceland star Aron Gunnarsson from Coventry City“. South Wales Echo. Посетено на 5 July 2011.
  18. „Aron Gunnarsson joins Cardiff City on free transfer“. BBC Sport. 8 July 2011. Посетено на 4 July 2016.
  19. „West Ham 0 – 1 Cardiff“. BBC Sport. 7 August 2011. Посетено на 7 August 2011.
  20. „Cardiff City midfielder Aron Gunnarsson sidelined for a week“. BBC Sport. 16 August 2011. Посетено на 16 August 2011.
  21. „Gunnar: The win was the important thing“. Cardiff City F.C. 22 October 2011. Архивирано од изворникот на 11 September 2012. Посетено на 10 October 2013.
  22. „Cardiff City 2–2 Liverpool: Liverpool win 3–2 on pens“. BBC Sport. 26 February 2012. Посетено на 31 May 2013.
  23. „Cardiff 3 Man City 2“. BBC Sport. 25 August 2013. Посетено на 29 August 2013.
  24. „Gunnarsson signs extension“. BBC Sport. 2 June 2015.
  25. Smith, Phil (18 August 2016). „Cardiff City insist Aron Gunnarsson is 'very important player to us' amid Derby County and Norwich City links“. Wales Online. Посетено на 18 August 2016.
  26. Dominic Booth (30 April 2017). „Aron Gunnarsson is the big winner in Cardiff City's 2016/17 awards as Kenneth Zohore is also honoured“. WalesOnline. Посетено на 2 May 2017.

Надворешни врскиУреди