Арманска митрополија (Црква на Ирска)

англиканска митрополија во Ирска

Арманска митрополија (англиски: Province of Armagh) или Северна митрополија (Northern Province) — една од двете митрополии на денешната англиканска Црква на Ирска (другата е Даблинската), наречена по нејзиното седиште — градот Арма во Северна Ирска. Го носи формалниот назив „Обединета арманско-туамска митрополија“ (The United Province of Armagh and Tuam) по спојувањето со Туамската митрополија во 1833 г. Нејзин митрополит е Архиепископот Армански.

Арманска митрополија
Province of Armagh
Надлежност на митрополијата
Црква Црква на Ирска
Митрополит Архиепископ Армански
Соборен храм Св. Патрик“, Арма
Епархии 7
Суфрагани
Катедралата „Св. Патрик“ — седиште на митрополијата

Надлежност

уреди

Митрополијата има 7 суфрагански епархии кои ја опфаќаат сета Северна Ирска дел од Република Ирска, односно грофовиите Донегол, Монахан, Каван, Лаут, Литрим, Слајго, Роскомон (освен најјужниот дел), Лонгфорд, Мејо и северната половина од Голвеј. САо тоа може да се рече дека зафаќа половина од островот Ирска.

Поврзано

уреди